Грајц () — округ во источниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) Зале-Холцланд, Зале-Орла, слободниот град Гера, Бургенланд во Саксонија-Анхалт, Алтенбург и двата саксонски окрузи Цвикау и Фогтланд.

Историја мини|Административна зграда на Bauerfeind AG во Зеуленрода Историски, областа на округот била дел од Фогтланд, именувана по титулата фогт доделувана на локалните владетели во 13 век. Само две линии на семејството Ројс преживеале од тоа време, каде едната била сместена во Грајц, а другата во Гера и Шлајц. Во 1919 обете биле споени во Volksstaat Reuß, која потоа станала дел од Тирингија во 1920.

Подкамп на концентрацискиот камп Бухенвалд бил сместен кај Берга/Елстер во текот на Втората светска војна.Edward Victor. Alphabetical List of Camps, Subcamps and Other Camps. www.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps.htm

Округот во неговата денешна форма бил создаден на 1 јули 1994, кога окрузите Гера, Цојленрода и претходниот округ Грајц биле споени.

Географија

Во јужниот дел на округот се деловите на Тириншките Шкрилни Планини (Thüringer Schiefergebirge) и Рудните Планини, додека речната долина на Вајсе Елстер се движи низ округот од југ кон север.

Грб

100п|ГрбОбата лава како и жеравот во горниот дел на грбот потекнуваат од грбот на семејството Ројс и нивните кнежевства. Во долниот дел е дел од грбот на Саксонија, бидејќи еден дел од округот припаѓал на Војводството Саксонија.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општиниАума-Вајдатал Бад Кестриц Берга/Елстер Грајц Хоенлојбен Ронебург Вајда Цојленрода-ТрибесКашвиц Кримла Харт-Пелниц Хартмансдорф Крафтсдорф Кидорф<li>Лангенвецендорф <li>Лангенволшендорф <li>Молсдорф-Тајхволфрамсдорф <li>Нојмиле/Елстер <li>Вајсендорф Општински заедници1. Ам Браметал Бетенхаузен Браменау Гросенштајн1 Хиршфелд Корбусен Пелциг Рајхштет Швара2. Виншендорф/Елстер Браунихсвалде Ендшиц Гауерн Хилберсдорф Кауерн Линда кај Вајда Пајцдорф Рикерсдорф Зелингштет1 Тајхвиц Виншендорф/Елстер3. Минхенбернсдорф Бока Хундхауптен Ледерхозе Линденкројц Минхенбернсдорф1, 2 Зара Шварцбах Цедлиц1седиште на општинска заедница;2град

Наводи

Надворешни врски Официјална страница