Пагаруша — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје. Во минатото селото било чисто македонско (христијани и муслимани).
Географија и местоположба Пагаруша се наоѓа во областа Торбешија, во северозападниот дел на територијата на Општина Студеничани.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 15 жители христијани (Македонци) и 380 жители муслимани (Македонци).Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 3 христијански и 33 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 7 мажи христијани, без новороденчиња и 100 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 238 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 282 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пагаруша живееле 395 жители, од кои 15 Македонци христијани и 380 Македонци муслимани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пагаруша имало 24Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Горно Количани и има 540 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 227 жители, од кои 226 Турци и 1 Албанец.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 9 Албанци, 147 Турци и 25 лица без податоци.
Родови Пагаруша е торбешко село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Староседелци: Панчевци (1 к.) исламот го примиле од како се доселиле другите муслимански родови. За нив може да се слушне и името Алиовци. Доселеници: Јуцовци со Селмановци и Оручовци (15 к.) доселени се од селото Жировница во Долна Река. Го знаат следното родословие: Заим (жив на 38 г. во 1950 година) Узеир-Зејнел-Јонуз-Реџеп, се доселил неговиот татко; Аџовци (12 к.) доселени се од Долна Река, мислат дека се од Жировница; Чалмовци (11 к.), Суљовци (7 к.), Зулковци (6 к.), Чумуровци (5 к.) и Османовци (3 к.) доселени се од Долна Река. Последните се продолжуваат само преку домазети.
Галерија
Иселеништво Оџовци се иселиле од селото до 1950 година. Биле доселени од Долна Река. До 1950 година се иселиле од селото. Се населиле во Скопје (5 семејства) и во Турција (3 семејства). До 1950 година и голем број семејства од споменатите родови се иселиле од селото во Скопје (21 семејство) и во Турција (8 семејства). Други иселеници имало во Горно Лисиче, Долно Количани и во Љубош. Иселување од селото имало и после 1950 година.
Поврзано Торбешија Општина Студеничани Студеничани
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Пагаруша на Карти на Гугл