Џонатан Грант "Џони" Еванс (роден на 2 јануари 1988 година) — севернo-ирски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на северноирската репрезентација.
Кариера Еванс е роден во Белфаст и ја започнал својата кариера во Гринајланд, каде што бил забележан од скаутите на Манчестер Јунајтед. Тој напредувал во академијата на клубот играјќи успешно за резервистите и во летото 2006 се нашол на списокот на играчи кој со себе ги повел менаџерот Сер Алекс Фергусон за подготвителната турнеја за новата сезона. Не можејќи да се избори за место во првиот тим Еванс одработил периоди на заем во Антверпен и на двапати во Сандерленд. Тој го направи своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед во натпревар од Лига купот во сезоната 2007-2008, станувајќи редовен член на првиот тим веќе во следната сезона. Тој е последниот северно-ирски фудбалер кој настапил за Манчестер Јунајтед и прв по голманот Рој Карол (2001-2005).
Во летото 2015 бил продаден на Вест Бромвич Албион.
По испаѓањето на Вест Бромвич од Премиер лигата во 2018 година, Еванс потпишал за Лестер Сити.
Титули Сандерленд Чемпионшип лига : 1 2006-2007
Манчестер Јунајтед Премиер лига : 3 2008-2009, 2010-2011, 2012-2013 ФА Комјунити Шилд : 4 2008, 2010, 2011, 2013 ФА Куп : 1 2023-2024 Лига куп : 2 2008-2009, 2009-2010 ФИФА Светско Клупско првенство : 1 2008
Надворешни врски Профил на ManUtd.com Профил на StretfordEnd.co.uk Профил на redStat Профил на irishfa.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Антверпен Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Северноирски фудбалери Категорија:Родени во 1988 година