мини|десно|Друг поглед на селото. Црн Врв — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на Скопската Котлина, во областа Торбешија. Атарот е мошне голем, со површина од . Сместен е во изворишното подрачје на Маркова Река и се протега кон северните падини и сртот на Јакупица.
Историја мини|десно|Стари куќи. Подрачјето околу Црн Врв е населено уште во доцната антика за што сведочат остатоците од градиште и збег во наоѓалиштето Кале на 2 км југоисточно од селото.
Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Crnivrh) како албанско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал селото (Църни връх) како албанско.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 66 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Било забележано дека 11 мажи муслимани со семејствата тазе се доселиле во Црн Врв. Се проценува дека селото во тој период имало 160 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 176 жители.
Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црн Врв живееле 210 жители, сите Албанци.Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.
Населението на Црн Врв четирикратно пораснало во првите децении на XX век. Во 1960-тите доживеало извесен пад, но потоа почнало повторно да се накачува. Во пописите големи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“, со што се постаува прашањето дали не се работи за Македонци муслимани. Почнувајќи од 2002 г. речиси сето население почнало да се изјаснува како албанско.
Според пописот од 2002 година, во селото Црн Врв живееле околу 700 жители, од кои 686 Албанци, 1 Македонец и 13 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 311 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин, 2 останат и 244 лица без податоци.
Родови
Црн Врв е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
Доселеници: Папузалар (13 к.), Сефулас (16 к.) и Мајљес (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие. Селман (жив на 40 год. во 1950 година) Сакип-Рушит-Адем-Садик-Имер, кој се доселил во селото. Во родот Мајљес се знае следното родословие. Сејдин (жив на 50 год. во 1950 година) Елмаз-Јусуф-Јонуз-Исмаил, кој се доселил во селото. Од родот Сефулас има иселеници во Ново Село (Зеадиновци); Сенца (19 к.) доселени се од селото Сенце во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат роднини во селото Цветово (Јашаровци) и во Ново Село (Куртиш и Нури); Штутк или Рекалар (13 к.) доселени се од некое село во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија; Беч (13 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Ферук (жив на 38 год. во 1950 година) Рамадан-Муарем-Суљо-Ибиш, кој се доселил во селото. Имаат свои иселеници во селото Ново Село (Касамовци). А имаат свои роднини и во селата Нов Пустеник кај Качаник, и во селото Глажња кај Куманово.
Стопанство Црн Врв има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 3.088 ха пасишта, 2.317 ха шуми и 347 ха обработливо земјиште.
Општествени установи ПОУ „Алија Авдовиќ“
Културни и природни знаменитости Џамии Фета Ефенди џамија - селската џамија Археолошки наоѓалишта Кале — градиште-кастел и збег од доцноантичко време
Реки Маркова Река
Иселеништво Според истражувањето од 1950 г. во с. Цветово живеел родот Јашаровци (3 куќи) кој бил дојден од Црн Врв, а водел подалечно потекло од Горна Река. Потоа и во Скопје (15 семејства) и во Турција (10 семејства). Иселеништвото продолжило во годините и потоа.
Галерија
Поврзано Торбешија
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Црн Врв на Карти на Гугл