мини|250п|Утврдувањето Сен Луј

Фор де Франс () — главен град на прекуморски департман Мартиник во состав на Франција и еден од главните на Карибите. Извезува шеќер, рум, конзервирано овошје и какао.

Географија Градот е расположен на западниот брег на островот, кај северниот приод на голем залив и крај устието на реката Мадам. Сместен е во тесна рамница помеѓу ридовите и морето, но сепак е патно поврзан со сите делови на островот.

Историја Во 1638 г., Жак Дјел ди Парке (1606-1658), како прв управник на Мартиник, решил да го изгради утврдување „Сен Луј“ за да го заштити градот од напади. Упориштето набргу било разурнато и преизградено во 1669, со кога кралот Луј XIV го назначил Маркизот од Ба за генерален управник. По наредба на маркизот и неговите наследници (особено грофот од Бленак), утврдувањето е изградено според проект на славниот војсководец Вобан.

Административниот центар на Мартиник најпрвин го носел името Фор Ројал (Fort-Royal), но бил засенет од градот Сен Пјер како најстар град на островот и негов стопански и културен центар (наречен „Париз на Карибите“). За време на Француската револуција, градот го добил името „Фор Ла Републик“ (Fort-La-Republique), за во XIX век конечно да биде наречен Фор де Франс. Старото име Фор Ројал и денес опстојува во разговорниот јазик, во креолскиот облик „Фојал“, а неговите граѓани се нарекуваат фојалци (Foyalais).

Градот двапати страдал од катастрофи: од земјотрес во 1839 и пожар во 1890. На почетокот на XX век, Фор де Франс добил на стопанско значење, со уништувањето на градот Сен Пјер во ерупцијата на вулканот Пеле. Но и покрај стопанската важност, градот никогаш не го достигнал културниот престиж на уништениот град.

Поморска база Утврдувањето Сен Луј во Фор де Франс е поморска база на француската морнарица.

Знаменитости Покрај Сан Луј, постојат уште три други утврдувања: Десе Тартансон Жербо

Други места од интерес:

Плоштад „Саван“ Библиотека „Шелхер“ Ботаничка градина на Балата Црква Свето Срце на Балата - инспирирана од париската базилика со исто име Катедрала на Фор де Франс

Во градските градини стои статуа на царицата Жозефина, сопругата на Наполеон Бонапарт, која е родена на Мартиник.

Сообраќај Во предградие на Фор де Франс е сместен меѓународниот аеродром „Еме Сезер“ - Мартиник.

Поврзано Општини на Мартиник

Наводи Статистики - INSEE

Надворешни врски

Фор де Франс - градски портал Мартиник - база на културно наследство „Мериме“

Категорија:Општини на Мартиник Категорија:Префектури во Франција Категорија:Главни градови во Карибите