Илм () — река долга 134,2 километри во Тирингија, Германија. Таа е лева притока на Зале, во која се влева во Гросхеринген, близу Бад Кезен.

Градови долж Илм се Илменау, Штатилм, Кранихфелд, Бад Берка, Вајмар, Аполда и Бад Зулца.

Во речната долина на Илм се наоѓа сојузниот автопат Б87 од Илменау до Лајпциг и двете железници: Тириншката железница помеѓу Гросхеринген и Вајмар и Илмската железница (Ilmbahn) помеѓу Кранихфелд и Вајмар. Дел од брзата железница Нирнберг-Ерфурт исто така е изградена во горниот дел на долината близу Илменау.

Поврзано

Список на реки во Тирингија

Наводи

Категорија:Реки во Тирингија