Градешка Река (понекогаш Градешничка Река), позната и како Ковачица, Карлабашка Река, Старавинска Река, Урупска Река и Камена Река — река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река. Во минатото на оваа река работеле голем број воденици.„Градешка Река, Мариово“. Rural Adventure. На реката е изграден познатиот Зовички мост.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 29.
Течение Реката извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м, а во Црна Река се влева под селото Чебрен на надморска височина од 410 м. Од Старавина до вливот во Црна Река долината на реката е кањонска. Нејзина главна десна притока е реката Сатока која ја прима во месноста Еленик.
Хидрографија Вкупната должина на реката изнесува 26 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 116 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.600 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 410 м, така што релативниот пад изнесува 45,8 ‰.
Галерија
Поврзано Сатова Црна Река
Наводи
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Слив на Црна Река Категорија:Градешница Категорија:Старавина Категорија:Зовиќ Категорија:Чебрен Категорија:Мариово Категорија:Географија на Битола