мини|десно|250п|Банкнота од 1000 денари 1000 или 1.000 (се пишува: илјада) — природен број кој му следи на 999, а му претходи на 1001.

Во математиката Децималното претставување на илјада е 1.000 — еден проследен од три нули во општата нотација ; 1 × 103 — во инженерската нотација, што во овој случај се совпаѓа со : 1 × 103 (точно) — во научната нормализирана експоненцијална нотација ; 1 E+3 (точно) — во научната Е-нотација. SI-претставката за илјада е кило- (крат. к) што се става како претставка на единица, како на пр. метарот, добивајќи километар (км). Истото „к“ се среќава и во други ситуации за да се означат илјади, најчесто во изразување на паричен износ. Збирот на Ојлеровата фи-функција на првите 57 цели броеви изнесува 1000. промил (‰) — дропка што претставува илјадити дел од некој износ.

Време Едно илјадалетие (милениум) е еднакво на 1000 години 1000 г. — последната година од I милениум.

Разно 1000 — поштенски број на потесното градско подрачје на Скопје „Илјадарка“ — банкнота од 1000 денари. во фразеологијата на македонскиот јазик, зборот „илјада“ има преносно значење за многу голем број, како во примерот: „Старите дрвари знаат илјада начини да го соборат брзо дрвото.“

Книжевност „Илјада чудесни сонца“ — роман од Халед Хосеини (2007) „Илјада и една ноќ“ — збирка стари приказни од западна и јужна Азија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цели броеви