Аеродром Логоварди — аеродром сместен на 9 километри од градот Битола. Почнал да работи во 1935 година како цивилен аеродром, а денес е наменет за спортско-рекреативни летови.

Статус

Логоварди е активен аеродром со постојана површина, но со минимални објекти потребни за A, B или C аеродроми.

Историја

Во 1935 година, „Аеропут“ ја отворил авиолинијата Белград-Ниш-Битола летајќи со патничкиот авион Spartan Cruiser II.

Услуги

На 23 јули 2007 година, Битола беше зафатена од шумски пожари. Аеродромот Логоварди беше користен како база на авионите кои помагаа за гасење на пожарот.

Аеродромот го користи и аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола, кој е домаќин на аеромитинг кој се одржува во мај секоја година. Аеромитингот бил голем спектакл во 1970-тите и 1980-тите, но сето тоа се намалило по распадот на Југославија. За првпат по 20 години, на 24 мај 2008 година, аеродромот бил искористен за повторно собирање на воздухопловните ентузијасти од Македонија. Според официјалната мрежна страница на општина Битола, аеромитингот повторно ќе биде годишна традиција.http://www.bitola.gov.mk

Галерија

Поврзано Список на аеродроми во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Логоварди Категорија:Сообраќајот во Битола Логоварди