Цигенрик () — мал град во округот Зале-Орла, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Зале, 22 километри источно од окружниот град Залфелд и 35 километри јужно од безокружниот град Јена.
Цигенрик претставува петти најмал град во цела Германија. Над градот се издигнува замокот Цигенрик.
Географија
Цигенрик се наоѓа на северниот раб од Тириншките Шкрилни Планини на реката Зале, која поминува низ градското подрачје.
Соседни општини
Соседни општини се Есбах, Кајла, Мокса, Паска, Ремптендорф и Шендорф.
Поголеми градови до Цигенрик се Шлајц на исток (16 км), Песнек на север (13 км), Залфелд на запад (28 км) и Бад Лобенштајн на југ (21 км).
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Цигенрик се состои од 8 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Удел Места FVV e.V. Сообраќаен сојуз Цигенрик35,7%3 FF Ziegenrück Доброволни противпожарникари Цигенрик35,4%3 ZKG e.V. Карневалски сојуз28,9 %2 Вкупно 100% 8 Излезност: 62,7%
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Зале-Орла Категорија:Саксонија (пруска покраина)