Пробсцела () — општина во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Шифергебирге.
Географија
Пробсцела се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини. Околните ридови се извишуваат на над 200 метри во височина. Низ местото тече реката Локвиц, притока на Зале долга 35 километри.
Пробсцела е втора најголема општина во округот Залфелд-Рудолштат по Улштет-Кирххазел.
Соседни општини
Општината се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Залфелд, Каулсдорф, Лојтенберг, Вурцбах, Леестен, Лудвигсштат (Баварија) и Грефентал.
Општински единици
Општината е поделена на вкупно 20 единици:
Место Жители Површина (км²) Арнсбах1771,30 Делен661,94 Габе Готес591) Гросгешвенда1556,25 Клајннојндорф702,43 Кенигстал771,10 Лазен574,31 Лихтентане2748,61 Лимбах703,63 Марктгелиц3707,18 Оберлоквиц2006,05 Пипелсдорф682,60 Пробсцела13168,20 Рајхенбах873,44 Рода/Викендорф462,25 Шадертал922,55 Шлага491,23 Унтерлоквиц2395,81 Цоптен1744,08
1) – содржана во Марктгелиц
Историја
Помеѓу 1945 и 1990 година, железничката станица Пробсцела служела како граничен премин на границата помеѓу Источна и Западна Германија за железничкиот сообраќај. Преминот бил отворен за возови, кои патувале помеѓу советската окупациска зона (до 1949 г., потоа Источна Германија) или Западен Берлин и американската окупациска зона (до 1949 г. и потоа Западна Германија). Сообраќајот бил предмет на договор за меѓузонските врски помеѓу двете земји.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Залфелд-Рудолштат Категорија:Внатрегерманска граница