Улштет-Кирххазел () — општина во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.
Географија
Улштет-Кирххазел до 2018 година била најголема општина во округот Залфелд-Рудолштат, сместена во североисточниот дел на округот. На југ од општината се наоѓа долината Зале, во која се наоѓаат местата Катаринау, Колквиц, Вајсен, Рикерсдорф и Нидеркросен (десен брег), како и Кирххазел, Ецелбах, Улштет и Цојч (лев брег). Сите други места се наоѓаат на висорамнината Илм-Зале. Западните места се граничат со градот Рудолштат и со тоа се привлечни за станбени и стопански зони, отколку другите места во општината.
Највисока точка во општинското подрачје е близу 450 метри, додека височината во долината на Зале изнесува околу 190 метри.
Општински единици
Место Жители Бојтелсдорф155 Катаринау361 Клесвиц37 Дорндорф118 Енгерда322 Ецелбах412 Гроскохберг547 Хајлинген223 Место Жители Кирххазел587 Клајнкохберг55 Клајнкросен48 Колквиц182 Куфрас129 Мецелбах87 Наундорф55 Нојзиц107 Место Жители Нидеркросен261 Оберкросен139 Оберхазел94 Парчефелд114 Ребшиц97 Ределвиц84 Рикерсдорф147 Шлоскулм63 Место Жители Шмиден52 Тајхвајден182 Улштет884 Унтерхазел7 Вајсбах108 Вајсен272 Вајтерсдорф11 Цојч326
Историја
Општината Улштет-Кирхазел била основана на 1 јули 2002 година со спојување на општините Бојтелсдорф, Дорндорф, Енгерда, Кирхазел, Нидеркросен, Ределвиц, Шлоскулм, Шмиден, Тајхвајден, Улштет и Цојч. На 1 декември 2007 година, општините Гроскохберг и Хајлинген станале дел од општината Улштет-Кирхазел.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Залфелд-Рудолштат