Зале-Холцланд () — округ во источниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) округот Бургенланд во покраината Саксонија-Анхалт, безокружниот град Гера, окрузите Грајц, Зале-Орла, Залфелд-Рудолштат, Вајмар и безокружниот град Јена.
Историја
Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузи Ајзенберг, Јена и Штатрода. Кога округот Рода (подоцна Штатрода) бил првично создаден во 1922 година веќе ја покривал скоро целата површина на денешниов округ. Во 1952 година, заедно со укинувањето на сојузните покраини (Bundesländer) округот бил поделен на три дела, кои биле споени заедно повторно во 1994 година.
Географија
Главна река во округот е Зале, која му го дала и името. Највисока точка со 475 метри надморска височина е во јужниот дел на округот, најниската со 118 метри е во долината на Зале на границата со округот Вајмар.
Грб
110п|ГрбВо левата половина на грбот е сребрената лента како симбол на грофовите од Лобдебург, кои ја поседувале долината на Зале во век. Долу е лавот на грофовите од Орламинде, опкружен од шест срца. Нивното грофовија преминало во сопственост на династијата Ветин во 1396 година. Грбот на Саксонија во десната половина е истиот оној како грбот на Ветин, бидејќи подоцна тие станале владетели на Саксонија. Грбот бил донесен на 18 август 1997 година.
Градови и општини
Слободни градовиСлободни општиниБиргел Ајзенберг Кала ШтатродаАлберсдорф Бад Клостерлаусниц Бобек Гезен Грајчен кај Биргел Хајншпиц Мертендорф Мекерн Наусниц Петерсберг<li>Поксдорф <li>Раушвиц <li>Рутерсдорф-Лочен <li>Шајдиц <li>Шлебен <li>Шенглајна <li>Зерба <li>Таутенхајн <li>Валдек <li>Вајсенборн Општински заедници1. Дорнбург-Камбург Дорнбург-Камбург1, 2 Фрауенприсниц Голмсдорф Грослебихау Хајнихен Јеналебниц Леестен Лебершиц Нојенгена Таутенбург Тиршнек Вихмар Цимерн 2. Хајделанд-Елстертал-Шкелен Кросен на Елстер1 Хартмансдорф Хајделанд Рауда Шкелен2 Зилбиц Валпернхајн3. Хермсдорф Хермсдорф1, 2 Мерсдорф Рајхенбах Шлајфрајзен Санкт Ганглоф 4. Хигеланд/Телер Бремсниц Ајнеборн Гајзенхајн Гнојс Гросбокедра Карлсдорф Клајнбокедра Клајнеберсдорф Липерсдорф-Ердмансдорф Мојзебах Обербодниц Отендорф Рателсдорф Раусдорф Рентендорф Таутендорф Тиса Трокенборн-Волферсдорф Требниц1 Унтербодниц Валтерсдорф Вајсбах5. Зидлихес Залетал[седиште: Кала] Алтенберга Бибра Буха Ајхенберг Фрајенорла Гросојтерсдорф Гроспиршиц Гумперда Хумелсхајн Клајнојтерсдорф Ласдорф Линдиг Милда Орламинде2 Рајнштет Ротенштајн Шепс Зајтенрода Зулца Целниц1седиште на општинската заедница;2град
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Окрузи во Тирингија