Никола Иванов - Балтон (, - , ) ― македонски академски сликар. Смртта го затекнала како генерален секретар на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Животопис Иванов е роден во Штип во 1948 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Петар Мазев. Живеел и творел во Скопје. Починал на 31 декември 2012 во Дојран.
Творештво Доминантно место во севкупниот творечки опус на Иванов има сликарството, но тој еднакво се интересирал и за ликовните медиуми - витраж и мозаик, создавајќи многубројни дела во овие две техники. Групни изложби Белград, Скопје, Подгорица, Дензли, Париз, Вилмингтон, Њујорк, Детроит
Самостојни изложби 1968 Белград 1976 Битола 1986 Скопје 1987 Подгорица 1992 Лејза, Швајцарија 1993 Струмица 1993 Скопје 2000 Скопје 2001 Скопје 2005 Париз 2009 Софија
Награди 1970 Млади сликари на Град Скопје 1984 Откупна награда од ФАС “11 октомври” 1986 Музеј на современа уметност, “Аквизиции VI” 1994 “Лазар Личеноски”,Скопје 2011 Нерешки мајстори
Наводи
Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Починати во Скопје Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски мозаичари Категорија:Македонски витражисти Категорија:Југословенски сликари Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје