Постојат повеќе поединечни способности и тимски тактики потребни за играње на делотворен фудбал.Според тврдењето на Кевин Киген фудбалот е теоретски многу едноставна игра каде што неговата позната тактичка замисла за добивање на еден меч е "да се постигнат повеќе голови од противникот"Сепак добро организираните и добро подготвените тимови почесто излегуваат како победници во двобоите со тимови кои наводно имаат по вешти играчи.Прирачниците и книгите за тренирање општо не само што ги покриваат поединечните способности туку ги покриваат и тактиките. Формации Формациите во фудбалот се метод за поставување на играчите на теренот со цел да му се овозможи на тимот да игра во согласност со претходно договорени тактики.Може да се употребат различни формации во зависност од тоа дали тимот сака да игра напаѓачки или одбранбен фудбал.Обично ако тимот повеќе ја има топката и поентирал повеќе од еднаш,продолжува со чување на топката и не ризикува правејќи додавања кои можат да доведат до губење на топката.Формациите можат да се менуваат за време на натпревар,но играчите треба да се прилагодат на новиот систем на игра.Формациите ги земаат предвид бројот на играчи во секоја област,почнувајќи од одбранбената линија(со исклучок на голманот).Се зема предвид спогодбено кога тимот се брани и е соодветно организиран.Формациите кои најчесто се користат се варијации на 4-4-2,4-3-3,4-2-3-1,3-5-2 и 4-2-2-2.Фудбалот порано се потпирал на формации со повеќе напаѓачи,но постепено формациите се смениле кон зголемена сигурност во одбраната.Старите формации вклучуваа 2-3-5,2-2-6 и 4-2-4.Некои радикални фудбалски филозофии како што се тотален фудбал и тики-така до одредена мера ја предизвикале идејата за формација.Во овие системи играчите имаат толкава слобода на движење што често доведува до тешкотии да се назначат на одредена позиција.Тие исто така се сметаат за необични формации:некои коментатори тики-таката што шпанците ја употребија на Еуро 2012 ја опишуваат како формација 4-6-0. Стилови на игра Против-напаѓачки фудбал
Целта на овој вид на фудбал е да се фати противникот на "пауза".Кога едниот тим го препушта поседот на топка во нападот или во средината на теренот,противничките играчи се стремат да се задржат подлабоко и повеќе во напад од обично а со тоа не се во можност да се прилагодат на дефанзивен менталитет.Против-напаѓачкиот може да вклучи оставање на еден или двајца напаѓачи кај линијата за што означува центар на теренот со надеж дека ќе се протне топка за да се фатат противниците неспремни.Ова е аналогно на тактиката со долгата топка објаснета подолу.Во примерот,нападот на црниот тим пропадна и топката заврши во рацете на белиот голман.Со дегажирање на топката до најдалечниот бел играч(таму лево со надеж во ситуацијава-ова е таа гореспомената "пауза")играчот има шанса да постигне ако е доволно брз да ја избегне одбраната.Во други случаи,обранбените играчи и играчите од средината можат да му се придружат на против-нападот со обид бројно или на друг начин да го надминат противникот со ведри и интелегентни движења и брзи додавања.Брзината е битен фацтор како во одбрана така и во напад,бидејќи можноста за постигнување на гол драстично се намалува доколку противничкиот тим успее да ја организира својата одбрана.Овој вид на игра одлично го прикажа Германија со брзата и контра-напаѓачка игра во Светскиот Куп на Фифа 2010 година,стил на игра којшто неуморно го користеше рекордерскиот Реал Мадрид во Ла Лига сезоната 2011-2012. Фудбал со голем посед на топката Тимови кои целат кон задржување на топката во нивен посед подолг временски период,со што остваруваат голем процент на додавања со мал ризик на губење на истата,се вели дека играат поседувачки фудбал или фудбал со голем посед на топката.За да се искористи оваа тактика се потребни играчи вешти во контрола на топка и се прецизни додавачи.Ако ова успее,повеќе се уморуваат противничките играчи бидејќи се приморани повеќе да трчаат и соборуваат.Стил на поседувачки фудбал кој потекнува од Шпанија е "тики-така",каде огромен број на почетни кратки додавања ги развиваат повеќе играчи на екипата пред да прерасне во конечен напад кон противничкиот гол.Овој стил делотворно го искористи шампионот Шпанија на натпреварувањата Уефа Еуро 2008,Светскиот Куп Фифа 2010 и Уефа Еуро 2012 под раководство на Луис Арагоњес односно Винсенте Дел Боске и тимот на ФК Барселона од 2008-2009 под раководство на Жозеп Гуардиола.Клубовите или државните репрезентации кои играат поседувачки фудбал имаат тенденција многу често да доминираат со противниците зависно од тоа колку се тие добри.Поголем дел од Јужноамериканските државни репрезентации играт поседувачки фудбал,освен Еквадор,Парагвај и Уругвај.Германија се префрли од многу брз и прецизен отворен фудбал кон многу брз и прецизен поседувачки фудбал. Отворен фудбал Се почесто се поврзува со противнапаѓачкиот отколку со поседувачкиот фудбал а играчите многу кратко ја држат топката пред додавање.За да се постигне ова секој играч најчесто топката ја допира еднаш или двапати.Отворениот напад понекогаш се поврзува со стилот со долги топки.Долга топка е термин кој во фудбалот се користи да се опише најчесто не многу сигурен обид да се додели топка преку центаршут без намера да се додаде точно во нозете на примачот на топката.Тоа е техника која може да биде исклучително делотворна за тим со висок напаѓач кој се уфрла во шеснаесетникот.Многу реномирани европски клупски тимови како што се Манчестер Јунајтед,Реал Мадрид,Баерн Минхен и Олимпијакос играат отворен фудбал.Тие во исто време играат и поседувачки фудбал исто така.Значи тие играат отворен фудбал па одеднаш се префрлаат на поседувачки фудбал и обратно. Заменување Во натпреварувачки мечеви со единаесетмина играчи кои го стартуваат,екипите смеат да извршат до три измени.Правилата на натпреварувањето мора да го наведе максималниот број на играчи што се назначуваат како замени,што може да се движи од три до седум.Во ненатпреварувачки двобои бројот на замени мора да се одреди пред почетокот на истите,освен во меѓународни пријателски мечеви каде не смее да се има повеќе од шест замени.Општо најзаморените играчи се мета на замена,но само ако оние кои ги заменуваат се добро тренирани за да ја исполнат истата улога или ако во исто време се трансформира формацијата за да се усогласи со замената.Тренерите често се воздржуваат од изменување на одбранбените играчи за да не се нарушува дефанзивното држење на тимот.Наместо тоа,тие често ги заменуваат неефективните напаѓачи или неимагинативните играчи од средината на теренот со цел да се освежи напаѓачкиот став и да се зголемат нивните шанси за постигнување гол.За тим којшто губи на еден меч,свеж напа”ач може да донесе корист во надмудрување на противничката одбрана составена од релативно уморни играчи.За тим којшто води во еден меч,свеж играч од средината на теренот или дефанзивец може да донесат поволност во зацврстување на одбраната против противничките напаѓачи(кои и самите може да се свежи замени).Во оваа ситуација обично дефанзивците или играчите од средината на теренот кои играат остро и грубо ги заменуваат креативните талентирани шпицови.Повредените играчи исто така може да имаат потреба да бидат заменети.За секој повреден играч што мора да се замени тимот губи уште една шанса за подоцна во натпреварот да влијае во своја корист.Замените исто така може да се користат како тактика за добивање во време за да се задржи водство од еден гол во последните минути. Прекршоци и лошо однесување Следат практикување прекршоци и лошо однесување во фудбалот: •Глумење повреда со цел да се одолговлече играта или противникот да добие картон или исклучување •Задевање на противниците со цел да се извадат од баланс •Обид да се влијае врз судиите •Скришум допирање на топката со раце •Влечење на дресовите на противницте скришум •Илегално запирање на противнички контра-напад •Невнимателно влегување во двобои со противничкиот голман •Професионални прекршоци Иако некои навивачи и играчи играта со прекршоци ја сметаат за добар дел од играта(сè додека им помага да победуваат),ФИФА постојано ги менува правилата и објавува камањи за промовирање на "Фер-плеј".. Поединечни способности Значењето на способноста сразмерно зависи од позицијата на играчот на теренот.Севкупно,фубалските способности можат да се поделат во четири главни области,имено надвор од теренот технички,физички,умствени и голманско-технички способности. Технички способности • Справување • Брзина • Спринтирање • Кондиција • Сила • Изведување аути • Шутирање • Удари со глава • Издржливост • Физички способности • Брзина • Агилност • Спринтирање • Кондиција • Удари со глава • Моќ • Издржливост • Скокање • Рамнотежа • Ситуации еден на еден • Умствени способности • Интелигенција(разбирање на играта) • Визија(способноста да се предвиди изградена игра пред другите и да се види додавање или свеста на играчите околу тебе) • Сталоженост(способноста да се контролира играта во секоја критична ситуација на натпреварот) • водство(можноста да се водат младите играчи на теренот и да се мотивираат и инспирираат другите) • Комуницирање(може да се смета за ментална способност) • Одлучување(однапред да одреди што ќе прави) Голмански способности • Скокање(може да се смета за физичка способност) • Агилност(може да се смета за физичка способност) • Рамнотежа(може да се смета за физичка способност) • Комуницирање(може да се смета за умствена способност) • Изведување гол аут(се смета за физичка способност) • Справување(може да се смета за техничка способност) • Ситуации еден на еден • Поставување • Рефлекси(може да се смета за умствена способност) • Одлучување • Изведување аути(може да се смета за физичка способност) Тактички ситуации за време на натпревар Општи принципи на напад и одбрана Широчина и длабочина на двата принципа напад и одбрана.
• Широчина во напад- напаѓачот се обидува да ја подели одбраната со пространо ширење точки преку кои ќе напаѓа,отколку да се обиде со форсирање напади преку тесни продори.Ова може да вклучи крилно играње или брзо преместување кон отворен пат при доближување кон голот.Главно кога се користат крилните играчи се создаваат простори помеѓу одбранбените играчи што ја користат широчината.Овие простори може да се користат за снабдување со топки на напаѓачите.
• Широчина во одбрана- дефанзивецот возвраќа со цел или да добие широчина или да го стесни просторот.Напаѓачите се згужвани или насочени во потесни или по збиени приоди • Длабочина во напад- напаѓачот ја користи длабочината движејќи се нанапред со играчите по страна,но може да користи постојан напаѓач кој ќе биде мета,или играч кој е истурен во нападот за постојано да биде присутен длабоко во одбраната.
• Длабочина во одбрана- одбранбениот играч ја користи длабочината со чување на играчите кои даваат поддршка на противничкиот тим и чуваат уште еден играч позади во одбрана како заштита за истурените играчи во нападот на противничкиот тим,и тоа понекогаш во улога на "чистач" или "либеро".Поради тоа играчот со топка нема да има на кого да ја додаде,но затоа може да ја напушти длабочината привремено за да постави офсајд стапица.
• Рамнотежа во одбрана.Одбраната врши обиди за урамнотежено покривање на опасниот простор.На пример,играчите не се насобираат на десната страна едноставно само затоа што топката е на таа страна во тој момент. Офанзивни тактики:напаѓање
• 'Додади и движи се' Ова е најосновната тимска тактика-веднаш штом топката дојде до играчот,тие треба брзо да одлучат дали ќе подадат или не.Ако не подадат веднаш мора да се движат со неа,а ако ја подадат тие повторно мора да се движат со топката следејќи го општото движење на топката. Ова исто значи дека кога веќе играчот ја додал топката не треба да биде статичен туку се движи на места каде што може повторно да ја прими топката и со тоа му дава повеќе опции на играчот што ја има топката во посед.