Оваа статија е за марката "Сони Плејстејшн". За конзолата од 1994 година, погледни Плејстејшн (конзола). За други намени погледни Плејстејшн (разграничување).
Плејстејшн (јап.: プレイステーション, изговорено „Пуреисутешон“, официјална скратеница PS, стилизирано PlayStation) е марка на конзоли за видеоигри создадена и развиена Сони Копјутер Ентертејнмент. Со конзоли во петтата, шестата, седмата и осмата генерација, марката за првпат беше претставена на трети Декември 1994 година во Јапонија. Марката се состои од вкупно три домашни конзоли,медиумско средиште,служба на интернет, ракувачки ред,две рачни конзоли и телефон,како и бројни списанија.Првата конзола во оваа низа,Плејстешн,беше првата конзола за видеоигри што испорача сто милиони примероци,што се случи девет години и шест месеци по почетното лансирање.Негиовиот наследник Плејстешн 2 е најдобро продаваната конзола до денес,со продажба на преку стошеесет милиони продадени примероци сè до 31 Јануари 2011та година.Последната конзола на Сони,Плестејшн 3 распродаде преку 70.2 милиони конзоли ширум светот сè до 30 септември 2012та година. Првата рачна играчка конзола од серијата на Плејстејшн,Плејстејшн Портабл или ПСП,распродаде вкупно 71.4 милиони примероци ширум светот сè до 14 Септември 2011та година. Нејзиниот наследник Плејстејшн Вита,лансиран во Јапонија на 17ти Декември 2011та година и во многу други големи територии во февруари 2011та распродаде повеќе од 1.2 милиони примероци с до крајот на февруари 2012 година. Друг издаден хардвер од како дел од Плејстешн серијата го вклучува ПС-ЕКС,дигитален видеорекордер којшто беше интегриран со Плејстејшн и Плејстејшн 2,иако со краток рок на употреба поради високата цена и никогаш не беше издаден надвор од Јапонија,исто како и телевизискиот сет Сони Бравија кој има интегрирана Плејстејшн 2.Главните серии на управувачи што сериите Плејстејшн ги користат е Дуалшокот,кој е линија на вибраициско повратена играшко помагало со продадени 28 милиони примероци до 28 Јуни 2008 година. Плејстешн мрежата е служба на интернет со повеќе од 69 милиони корисници ширум светот(до 25 Јануари,2011та година).Се состои од виртуелен интернет Пазар,Плејстешн Продавница,што овозможува купување и симнување на игри од интернет и други мултимедијални облици,претплатнички заснована служба на интернет позната под името Плејстешн Плус и служба за социјално мрежно играње наречена Плејстешн Хоум,што брои повеќе од 14 милиони корисници на во светски рамки.Плејстејшн Суит е претстоечка софтверска конструкција што на Плејстешн треба да му обезбеди на Плејстешнот користење од страна на повеќе компјутери,програм или уреди;моментално поддржани се само уредите Андроид и Плејстејшн Вита.Содржината поставена да се издаде под конструкцијата моментално се состои само од изворните игри за Плејстејшн.Денешните производи за Плејстејшн исто така користат ЕксросМедијаБар кој е добитник на наградата за графички интерфејс за корисници.Нов интерфејс заснован на екран на допир наречен ЛајвАреа се дизајнира за Плејстејшн Вита,којшто вклучува друштвено мрежни елементи во интерфејсот.Исто така Плејстејшн и првобитните Плејстејшн 3 конзоли се одликуваат со поддржување на Линукс оперативни системи,иако ова престанало.Сериите исто така се познати по бројните маркетиншки кампањи,од која во најпоследната се вклучени рекламите за "Лонг Лајв Плеј" во Обединетите Држави.Сериите исто така имаат цврст состав на стрчни сопственици поради Светскипзознатите студија на Сони Компјутер Ентертеинмент, група од петнаесет внатрешни усовршувачи под сопственост на Сони Компјутер Ентертеинмент кои се посветени на развивање на првокласни игри за сериите.Освен тоа,сериите се одликуваат со различни буџетски повторни издавања на наслови од страна на Сони со различни имиња за секој регион;овде се вклучени Најголемите хитови,Платина и Најдобрите подрачја на наслови. Историја Почетоци Плејстејшн беше идеја на Кен Кутараги,директор на Сони кој само што излегол од хардверското инженерско одделение во тоа време и подоцна наименуван како "Таткото на Плејстешн".Конзолата датира уште од 1988та година каде што првобитно беше здружен проект помеѓу Нинтендо и Сони за да се создаде ЦД-РОМ за Супер Нинтендото.Плејстешнот дебитираше на Електронското шоу на потрошувачите(ЕШП) во јуни 1991та година кога Сони ја обелодени конзолата Супер Фамиком/СНЕС со вграден ЦД-РОМ драјвер(кој ја соедини Грин Бук технологијаа или ЦДИ).Сепак,ден по известувањето на ЕШП,Нинтендо најави раскинување на партнерството со Сони,избирајќи го Филипс но дека ќе продолжи да ја користи истата технологија.Нинтендо го раскина договорот поради немање можност да се дојде до спогодба како да се подели приходот помеѓу двете фирми.Раскинот на партнерството го збесна претседателот на Сони Норио Охга,кој одговори со поставување на Кутараги како главен и одговорен во развивање на соперничкиот проект против Нинтендо.Во тоа време преговорите меѓу Нинтендо и Сони беа сè уште активни,со тоа што Нинтендо упати понуда до Сони за улога на "не-играчка".земајќи го предвид новото партнерство со Филипс.Кутараги кој се соочуваше со зголемени критики околу неговата работа со цел влегување во индустријата за видео игри внатре во Сони,навремено ја го одби предлогот.Службено преговорите завршија во мај 1992та година и со цел да се одлучи судбината на проектот Сони Плејстејшн,во јуни 1992та година се одржа состанок помеѓу претседателот на Сони Охга,раководителот Кутараги и неколку постари членови на управниот одбор на Сони.Кутараги на состанокот на одборот му го го разоткри сопствениот систем заснован на ЦД-РОМ на којшто тој работел и кој вклучува играње видео игри со 3Д графика.Претседателот на Сони Охга најпосле реши да го врати проектот по потсетувањето од Кутараги за претрпеното понижување од Нинтендо.Меѓутоа,поради силно спротивставување на мнозинството присутно на состанокот исто така како и распространета внатрешна спротивставеност кон проектот од постарата генерација на извршните органи на Сони,Кутараги и неговиот тим мораа да бидат сменети од делокругот на Сони во Сони Мјузик,што е една целосна одделна финансиска единка во посед на Сони,за да се врати проектот и одржат односите со Филипс за развивање на проектот ММЦД(што помогна до создавањето на ДВД технологијата) Создавање на Сони Компјутер Ентертеинмент Во Сони Мјузик Кутараги работеше близу до главниот извршен уредник на Сони Мјузик,Шигео Марујама и Акира Сато за на 16 Ноември 1993 да го основаат www.scei.co.(СКЕИ).Комплекс згради на СКЕИ беше неговото почетно партнерство со Сони Мјузик што му помогна на СКЕИ да привлече креативен кадар во компанијата и исто така да му потпомогне за изработување,продажба и производство на дискови,нешто што Сони Мјузик веќе го правеше со Музички Дискови.Двајцата последни клучни членови на СКЕИ беа Тери Токунака,претседателот на СКЕИ од раководството на Сони и Олаф Олафсон.Последниот беше главен извршен уредник и претседател на Сони Интерактив Ентертеинмент со база во Њујорк што беше матичната компанија за Американскиот Сони Компјутер Ентертеинмент(АСКЕ) формиран за 1994 година. Првиот проект на СКЕИ,Плејстејшн,по долгогодишно развивање конечно доби зелено светло од страна на директорите на Сони во 1993 година.Освен тоа во таа година човекот кој подоцна стана претседател Сони Компјутер Ентертеинмент Ворлдвајд Студиос,Фил Харисон беше регрутиран во СКЕИ за да привлече развивачи и издавачи да произведуваат игри за нивната нова Плејстејшн платформа.По покажувањето на планот на Сони за пласман како и техничките демоа на издавачите и произведители на игри во хотел во Токио 1994 година,голем број развивачи почнаа да пристапуваат кон Плејстејшн.Двајца од кои подоцна станаа нивни главни партнери Електроник Артс на западот и Намко во Јапонија.Еден од факторите што ги привлече развивачите кон платформата е 3Д-способната конзола со ЦД-РОМ која беше многу поевтина и лесна за изработка во споредба со соперничките конзоли од Сега и Нинтендо кои користеа кертриџ системи.Проектот на крајот на краиштата ги наполни јапонските продавници во Октромври 1994 година и се здоби со енормна продажба поради пониската цена во однос на својот конкурент,Сега Сатурн.Популарноста на конзолата се прошири на светско ниво по издавањето во Северна Америка и Европа. Конзоли Плејстејшн (1994)
Првобитниот Плејстејшн издаден во декември 1994 година беше прв од најрасространетата серија на конзоли и рачни уреди за играње на Плејстејшн.Тука беа вклучени следбенички конзоли и надградби вклучувајќи го и Нет Јарозе(посебно црно Плејстејшн со алатки и упатства за програмирење на игри и апликации),"ПС Уан"(помала верзија на оригиналот)и Покетстејшн(рачен уред што ги подобрува игрите на Плејстејшн и делува како мемориска картичка).Беше петта верзија на конзоли за видеоигри во натпревар против Сега Сатурн и Нинтендо 64.До 31 Март 2005 година,Плејстејшн и ПС Уан заедно испорачаа вкупно 102.49 милиони примероци,станувајќи првата конзола за видеоигри што продала 100 милиони примероци.Ќ ПС Уан (2000)
Пуштена во продажба на 7 Јули 2000 година,истовремено со неговиот следбеник Плејстејшн 2,ПС Уан беше значајно помала,редизајнирана верзија на оригиналната конзола за видеоигри Плејстејшн.ПС Уан продолжи да ги надмине во продажба сите други конзоли,вклучувајќи го и следбеникот низ остатокот од годината.Се одликуваше со две главни промени од неговиот претходник,првата козметичка промена и втората имајќи главно мени со Графички кориснички интерфејс. Плејстејшн 2 (2000)
Пуштена во продажба во 2000 година,петнаесет месеци по Дримкаст и година пред другите конкуренти,Ексбокс и Нинтендо Гејм Кјуб,Плејстејшн 2 е дел од шестата генерација на конзоли за видеоигри и е способен да се прилагоди на постари игри а со тоа со повеќето оригинални игри за Плејстејшн.Како и неговиот претходник,доби потенок редизајн и издаде вграден чип за ПСИКС ДВР и Сони БРАВИЈА КДЛ22ПИКС300 ХДТВ.Ова е најуспешната конзола во светот со продадени повеќе од 150 милиони примероци до 31 Јануари 2011тата година.На 29 Ноември 2005 година,ПС2 стана конзола која најбрзо достигна број од 100 милиони испорачани примероци,остваруваќи подвиг за време од пет години и девет месеци од лансирањето.Ова достигнување се случи побрзо од она на неговиот претходник Плејстејшн.на кој му требаа девет години и шест месеци од лансирањето за да ја достигне истото. Модел Слимлајн (2004) Пуштен во продажба во 2004 година,четири години по лансирањето на оригиналниот Плејстејшн 2,Плејстејшн 2 моделот Слимлајн беше првиот негов поголем редизајн.Во споредба со неговиот претходник, Слимлајн моделот беше помал,потивок и исто така поседуваше вграден Етхернет приклучок(во некои пазари има интегриран модем).Во 2007та година,Сони започна со испорака на изменета верзија на Слимлајн моделот кој беше полесен од оригиналниот модел заедно со полесен АЦ полнач. Во 2008-та година Сони издаде уште понова изменета верзија на Слимлајн моделот што го ремонтираше внатрешниот дизајн што го внесе доводот на енергија внатре во самата конзола како што е во оригиналниот Плејстејшн 2 што резултираше со уште по намалена тежина на конзолата. Плејстејшн 3 (2006)
Пуштено во употреба на 11ти Ноември 2006 година,Плејстејшн 3 е третото и тековно повторување во серијата.Во конкуренција е со ЕксБокс 360 и Вии во седмата генерација на конзоли за видеоигри.Тоа е првата конзола во серијата што најави употреба на управување преку движење во игрите со со користење на безжичниот СИКСАКСИС управувач заедно со други одлики,како што е Блу-Реј Дискот(БД) и можност за целосна високо дефинирана графичка резолуција. Плејстејшн може да има 20 гигабајти,40 гигабајти,60 гигабајти,80 гигабајти,120 гигабајти.160 гигабајти,250 гигабајти и 320 гигабајти,со што денес актуелни модели се оној со 160 и 320 гигабајти.Како и неговиот претходник, беше издаден потенок редизајниран модел.Според Сони Компјутер Ентертеинмент,Плејстејшн 3 има распродадено 70.2 милиони примероци ширум светот до 30 септември 2012та година. Тенок модел (2009)