Of Mice and Men е вториот сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed. Песната била издадена во дигитален формат кон крајот на 2004 г. Текстот и музиката се во комплетно авторство на Дејв Мастејн, кој за песната изјавил дека е негова автобиографска.Интервју со Мастејн по повод издавањето на повратничкиот албум на Мегадет rockpages.gr
Заднина Песната била напишана во 2003 г. додека Мастејн се опоравувал од тешката повреда на раката. Имал намера да издаде соло албум, но поради неподмирените обврски кон тогашната негова издавачка куќа, се решил да објави студиски проект под името Мегадет.Интервју со Дејв Мастејн (2004) За време на студиските снимања имал намера да ја обнови поставата на бендот од ерата на Rust in Peace, па така имал неколку телефонски разговори со дел од поранешните членови. Тогаш повторно искрснале старите меѓусебни недоразбирања, па така Мастејн заработил и судска тужба од страна на Дејвид Елефсон поради неправично користење на името Мегадет.
Марти Фридмен имал успешна музичка кариера во Јапонија, па не му се исплатело да се враќа во САД само за неколку студиски снимања.Позадината и околностите под кои бил издаден албумот The System Has Failed rockpages.gr Единствено Ник Менза прифатил да се врати во групата, додека Колајута и Слоас биле најмени само за потребите на албумот. Сесиите со Крис Поланд биле додатно направени.
Видео запис За разлика од спотот за песната „Die Dead Enough“, овој пат Мегадет се појавиле со оформена постава. На овој запис, бендот настапува во замрачени простории полни со метал обожаватели, што на некој начин го отсликува мрачното расположение на песната. Повремено се појавуваат кадри од животот на Мастејн, и тоа од различни периоди на неговата младост. Во нив зборува за неговите почетоци во хеви метал музиката и за сите непријатни искушенија кои ги доживеал низ годините.
Список на песни „Of Mice and Men“ – 4:05
Музички персонал Дејв Мастејн - вокал, водечка гитара и солажи
Музичари за време на студиските сесии Крис Поланд - ритам гитара Џими Ли Слоас - бас гитара Вини Колајута - тапани
Музичари од видео записот Глен Дровер - гитара Џејмс Мекдонаф - бас гитара Шон Дровер - тапани
Пласман на табелите ГодинаТабелаПозиција2004Рок нумери (САД)39
Наводи
Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Of Mice and Men на YouTube
Поврзано Мегадет The System Has Failed
Категорија:Песни на Megadeth