Академска нечесност или академски прекршок е секаков вид на мамење што се врши во однос на формална академска вежба. Може да вклучи Плагијати: Присвојување или репродукција на оригинални творби од друг автор (лице, колектив, организација, заедница или друг вид на автор, вклучувајќи анонимни автори), без соодветно признание. Фабрикација: Фалсификување на податоци, информации или цитати во каква било формална академска вежба. Измама: Давање на лажни информации на инструкторот кои се однесуваат на формална академска вежба, на пример, давање на лажен изговор за исчезнат краен рок или лажно тврдење за извршена работа. Мамење: Секој обид да се даде или да се добие помош во формална академска вежба (како на пример испит), без соодветно одобрување. Поткуп: или платени услуги. Давање одговори од одреден тест за пари. Саботажа: Делување да се спречат другите во завршувањето на нивната работа. Ова вклучува сечење на страници од книги во библиотеки или намерно попречување на експериментите на другите. Професорски прекршок: Професорски акти кои академски се лажни, еднакви на академска измама и / или одделенска измама. Персонација: претпоставување на идентитетот на ученикот со намера да му се даде предност.
Академската нечесност е документирана во повеќето видови на образование, од основни училишта до средни училишта. Низ историјата овој вид на нечесност имал различни степени на одобрување. Денес, оние кои се дел од образовното општество сè повеќе заземаат многу негативен став за академската нечесност.
Историја Во античко време, поимот за интелектуална сопственост не постоел. Идеите биле заедничка сопственост на писмената елита. Книгите се издавале со рачно препишување. Научниците во нивните дела слободно користеле или коментирале туѓи материјали, овие дела содржеле оригинален материјал во мерка која што ја посакувал авторот. Не постоел стандарден систем за цитирање, бидејќи печатењето и фиксното нумерирање на страници се појавиле во иднина. Научниците биле мала елитна група кои се знаеле и генерално си верувале помеѓу себе. Овој систем продолжил и низ средниот век во Европа. Образованието било на латински и повремено на грчки. Некои научници биле монаси, живееле во манастири. Бидејќи своето време го минувале во манастири, во најголемиот дел од времето копирале ракописи. Други научници биле во урбаните универзитети поврзани со Римокатоличката црква.
Академската нечесност датира од првите тестови. Научниците напоменале дека мамењето било распространето на испитите за кинеската државна служба пред илјадници години, дури и кога мамењето се казнувало со смртна казна за испитаникот и за испитувачот. Пред основањето на MLA (модерната јазична асоцијација) и АPА (американската психолошка асоцијација) на крајот од 19 век , немало поставено стандарди за тоа како правилно да се користат цитати од туѓи дела, што можеби предизвикало многу случаи на плагијат од незнаење.
Во доцниот 19-ти и почетокот на 20 век, мамењето било широко распространето во колеџ кампусите во САД, и не се сметало за бесрамно помеѓу студентите. Се проценува дека околу две третини од студентите мамеле во одреден момент од нивната колеџ кариера на крајот од 20 век. Братствата често користеле т.н. мелници за есеи, каде доделените трудови се чувале и можело да се предаваат одново и одново од различни студенти, често со единствена промена во името на хартија. Како што високото образование во САД тежнеело кон меритократија, сепак, поголем акцент бил ставен на мерките против мамење, и новите разновидни студентски тела тежнееле да заземат поголем негативен став кон академската нечесност.
Академската нечесност денес Академската нечесност е ендемска во сите нивоа на образованието. Во САД, студиите покажуваат дека 20% од учениците започнале со мамење во прво одделение. Слично на тоа, други студии откриваат дека моментално во САД имаат мамено 56% од учениците во основно училиште и 70% од средношколците.
Студентите не се единствените кои мамат во академската средина. Една студија помеѓу училишните наставници од Северна Каролина покажала дека околу 35 проценти од испитаниците изјавиле дека биле сведоци на мамење од страна на нивните колеги во една или друга форма. Подемот на високоризичното тестирање и последиците од резултатите врз наставниците се наведуваат како главна причина зошто некој наставник можеби би сакал да ги даде резултатите на неговите ученици.
Првите научни студии во 1960-тите за академска нечесност во високото образование утврдиле дека на национално ниво во САД, некаде помеѓу 50% -70% од студентите мамеле барем еднаш. Додека на национално ниво, овие стапки на мамење во САД остануваат стабилни денес, постојат големи разлики помеѓу различни училишта, во зависност од големината, селективноста, и мерките против мамење преземени од училиштето. Општо земено, колку е помал и повеќе селективен колеџот, толку помалку мамење се случува таму. На пример, бројот на студенти кои се впуштиле во академска нечесност во малите елитни колеџи за либерални уметности вообичаено е мал со стапка од 15% -20%, додека препишувањето во големите јавни универзитети може да биде со висока стапка до 75%. Исто така, истражувачите откриле дека студентите кои посетуваат училишта со код на чесност, има помала веројатност да мамат споредено со учениците во училиштата во кои има други начини на спроведување на академски интегритет. Што се однесува на високото образование, една неодамнешна студија покажала дека 56% од студентите на МБА (Master of Business Administration) признале мамење, заедно со 54% од дипломираните студенти во областа на инженерството, 48% во образованието, и 45% во правото.
Покрај тоа, постојат онлајн сервиси кои нудат подготвување на каков било вид на домашни задачи од ниво на средно училиште и на колеџ, и нудат да ги полагаат онлајн тестовите за студентите. Додека администраторите често се свесни за ваквите мрежни места, тие се неуспешни во спречување на мамењето со домашните и со ненадгледуваните онлајн тестови, па затоа ја поддржуваат препораката на математичката асоцијација на Охајо да се изведе најмалку 80% од оценката на онлајн класовите со надгледувани тестови. Додека истражувањата за академска нечесност во другите земји се минимални, анегдотски докази укажуваат дека мамењето може да биде дури и позастапено во земји како Јапонија.
Типологија за академско недолично однесување е осмислена од страна на Пери (2010). Типологијата на Пери претставува дво-димензионален модел на академско недолично однесување со една димензија мерење на степенот до кој правилата се разбрани и друга димензија мерење колку внимателно овие правила се почитуваат. Според типологија, само оние студенти кои ги разбрале правилата, но не успеале да се придржат до нив се класифицирани како "измамници".
Видови Плагијати Плагијат, според дефиницијата во речникот Random House Compact Unabridged Dictionary од 1995 година, е "употреба или блиско емитирање на јазикот и мислите на друг автор и нивна репрезентација како сопствено оригинално дело." Во академијата, тоа пошироко се гледа како усвојување или репродукција на оригинални интелектуални творби (како концепти, идеи, методи, информации или изрази, итн) од друг автор (лице, колектив, организација, заедница или друг вид на автор, вклучувајќи анонимни автори), без соодветно признание од каде оригиналот е цитиран и не е соодветно платен. Ова може да варира од позајмување на фраза без наведување на нејзиното потекло, до парафразирање на нечија туѓа оригинална идеја без цитирање, како и до продажба на лажни договори.
Современиот концепт за плагијатот како неморал и оригиналноста како идеал се појавиле само во Европа во 18 век, додека во претходните векови авторите и уметниците биле охрабрени да ги "копираат мајсторите колку што е можно подобро" и да се избегнат "непотребните пронајдоци". Новите морали од 18 век се институционализирале и видно се спровеле во секторите на академијата (вклучувајќи ги академските науки, образованието, инженерството, итн.) и новинарството, каде плагијатот сега се смета за академска нечесност и прекршување на новинарската етика, и е предмет на санкции како протерување и други штетни последици за кариерата. Не толку во уметноста, која се противела заради нивната одамна воспоставена традиција на копирање како фундаментална практика на креативниот процес, плагијатот сè уште енормно се толерира од уметниците и во 21 век. Законодавството е професионална област која не е структурирана околу концептот на оригиналност и плагијатите се помалку релевантни.
Плагијатот не е кривично дело, но не се одобрува, и повеќе спаѓа во морален прекршок. Тој може да биде случај за граѓанско право ако е толку значаен и претставува кршење на авторските права.
Од 2000 година се зголемиле дискусиите на тема за студентски плагијати, со големо внимание на овие дискусии центрирано околу прашањето за тоа како најдобро да им се помогне на студентите да ги разберат и да ги избегнат плагијатите.
Фабрикација Фабрикација е фалсификување на податоци, информации или цитати во каква било формална академска вежба. Ова вклучува измислување на цитати за да се поддржат аргументите. Фабрикацијата доминира во природните науки, каде што студентите понекогаш фалсификуваат податоци за да ги направат експериментите да "работат". Тука спаѓа и фалсификувањето на податоци, во кои се внесуваат лажни тврдења за некое направено истражување, вклучувајќи селективно поднесување на резултатите за да се исклучат неповолните податоци и да се генерираат вештачки податоци.
Библиографски наводи често се фабрикувани, особено кога одреден минимален број на наводи се бара или се смета за доволен за одредениот вид на труд. Овој тип на фабрикација може да варира од наведување на дела чии наслови изгледаат релевантно, но кои студентот не ги прочитал, до измислување на лажни наслови и автори.
Исто така постои и суво-лабораториска практика која може да се изведе на хемија или на други лабораториски курсеви, во кои наставникот јасно очекува експериментот да даде одредени резултати (што ги потврдува воспоставените закони), така што студентот започнува од резултатите и работи наназад, пресметувајќи што експерименталните податоци би требало да бидат, често додавајќи варијација на податоците. Во некои случаи, лабораторискиот извештај е напишан пред да се спроведе експериментот, а во некои случаи, експериментот воопшто не се спроведува. Во секој случај, резултатите се она што инструкторот очекува.
Измама Измама е давање на лажни информации на наставникот / инструкторот за формална академска вежба. Примери за ова вклучуваат земање на повеќе време за домашните тестови отколку што е дозволено, давајќи нечесен изговор кога прашуваат за продолжување на крајниот рок, или лажно тврдат дека ја поднеле работата. Овој тип на академско недолично однесување често се смета поблаго од поочигледните форми на мамење, и инаку-чесните студенти понекогаш се вклучуваат во ваков вид на нечесност без притоа да се сметаат за измамници. Исто така, тоа понекогаш се прави од страна на студенти кои не успеале да завршат задача, да ја избегнат одговорноста за тоа.
Саботажа Саботажа е кога еден ученик ги спречува другите во завршувањето на нивната работа. Ова вклучува сечење на страници од книги од библиотека или намерно попречување на експериментите на другите. Саботажа обично се прави само во високо конкурентни средини, како во исклучително елитни училишта каде ранкингот во класот високо се цени. Несоодветното однесување и нарушувањето на учењето на другите ученици на ниско ниво, сепак, е многу често во сите образовни институции. Некои библиотекари во медицинските училишта напоменале дека важни статии, потребни за читање за клучните курсеви, често се водат за исчезнати од списанијата - исечени со жилети, скалпели, или други остри сечила. Други списанија биле обоени со креон.
Мамење