Карло Пинсољо (роден на 16 март 1990 година во Монкалјери) — италијански фудбалер, голман на Јувентус.
Клупска кариера Јувентус Пинсољо ја започнал својата кариера во Јувентус и откако ги поминал сите младинските категории во клубот, бил унапреден во Примавера тимот во 2008 година, каде бранел како прв голман во сезоната 2009-2010.Fullsoccer Истата сезона тој бил повикан на неколку натпревари да седи на клупата за првиот тим поради повредите на два од трите први голмани Џанлујџи Буфон и Антонио Кименти. По неговата промоција во првиот тим на Јувентус, Пинсољо бил испратен на две позајмици, во тимот од Лега Про лигата Вијареџо, и во јули 2011 година кога тој му се приклучил на Серија Б клубот Пескара, заедно со соиграчот Чиро Имобиле. На 10 септември 2011 тој го направил своето деби како прв голман на Пескара во домашен натпревар против Кротоне кој завршил со победа на неговиот тим од 2-0. Во првата половина од сезоната во Серија Б, тој најчесто бил резервна опција за ветеранот Лука Ананија, по што направил само 5 настапи во лигата. Во јануари 2012 година, Пинсољо бил повикан назад од страна на Јувентус, а потоа клубот го продал играчот на друг клуб од Серија Б, Виченца, во договор за ко-сопственост.
Виченца Пинсољо официјално бил продаден на Виченца во јануари 2012 година, со договор за ко-сопственост за 1.500.000 евра. Но како и во Пескара така и тука тој бил претежно резервен голман, овде зад Алберто Фрисон и направил само 3 лигашки настапи во својте први 5 месеци во клубот. На крајот на сезоната Виченца испаднала од Серија Б во Лега Про. Сепак, пред почетокот на сезоната, клубот бил повторно вратен во Серија Б, благодарение на испаѓањето на Лече поради нивната вклученост во скандал со наместени натпревари за 2011 година. Сезоната 2012-2013 Пинсољо ја започнал како прв избор на голманската позиција, откако Фрисон бил продаден во Катанија во текот на летото. Тој направил 20 настапи за Виченца до јануари 2013, пред да го загуби своето почетно место во тимот со доаѓањето на Николас Бремец. На крајот на сезоната Виченца испаднала во Лега Про.
На 20 јуни 2013, Јувентус и Виченца ги обновиле договорите за ко-сопственост на Пинсољо, Нико Бјанкони и Лука Кастиља, така што првата на Пинсољо и Кастиља останале во сопственост на клубот од Лега Про.
Модена и Јувентус На 23 јули 2013, Пинсољо бил позајмен на Модена во Серија Б каде бранел цела сезона како стартер запишувајќи 39 настапи во кој забележал 14 суви мрежи. Во првата сезона со клубот играл во плејофот за промоција во Серија А, каде Модена била поразена во двомеч од Чезена, а Пинсољо бил на голот на канаринците и во двата натпревари.Serie B, semifinali playoff: Cesena-Modena 1-1, Latina-Bari 2-2; Latina-Cesena finale playoff. gazzeta.it
На 20 јуни 2014, Јувентус одново се стекнал со целосна сопственост врз договорот на Пинсољо откако платиле 700.000 евра. Пинсољо потпишал тригодишен договор.
На 4 јуни 2014, Пинсољо се вратил на заем во Модена до крајот на сезоната.http://www.tuttomercatoweb.com/serie-b/ufficiale-modena-ancora-un-anno-di-prestito-per-pinsoglio-571192 Во својата втора сезона во клубот, забележал 40 настапи во регуларниот дел од сезоната и два во плејаутот.
Ливорно Во летото 2015 Пинсољо бил позајмен на Ливорно, со што останал да се натпреварува во Серија Б за уште една сезона. Тој бил претпочитан на голот на Амаранто во поголемиот дел од сезоната, но во последните две кола бил заменет на голот од резервниот голман Матео Ричи. Сепак, Ричи бил исклучен во последното фундаментално коло за Ливорно за опстанок во лигата против Ланчано, па набрзо потоа резервниот голман Пинсољо влегол во игра, но само неколку минути потоа по едно нафрлување тој ја испуштил топката од раце овозможувајќи му на Ланчано да стигне до гол за израмнување на 2-2. Така, Ливорно испуштил водство од 2-0 и победа со која можел да го престигне Ланчано на табелата, но бидејќи тоа не се случило грешката на Пинсољо го чинела тосканскиот клуб испаѓање во Лега Про. Истата ноќ тој отишол во болница откако бил удрен со тупаница во лицето од страна на еден навивач.http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-B/21-05-2016/livorno-assedio-ultra-squadra-picchiato-portiere-pinsoglio-150768290519.shtmlhttp://www.sportmediaset.mediaset.it/calcio/calcio/livorno-nottata-da-incubo-tifoso-colpisce-pinsoglio_1099433-201602a.shtmlhttp://firenze.repubblica.it/sport/2016/05/21/news/livorno_retrocesso_in_lega_pro_nella_notte_picchiato_il_portiere_pinsoglio-140273703/http://www.ilsole24ore.com/art/notizie/2016-05-21/livorno-follia-ultras-squadra-ostaggio-pugno-pinsoglio-133746.shtml?uuid=ADhzgsM
Латина На 20 јули 2016, Пинсољо ја започнал со својата седма сезона по ред во Серија Б со новиот клуб Латина која го позајмила голманот од Јувентус до крајот на сезоната. Пинсољо бил стандарден на голот на Латина во текот на сезоната запишувајќи 39 настапи во лигата. Сепак, на крајот сезоната завршува со уште едно испаѓање од лигата за Пинсољо и неговите клубови (третпат во неговата кариера по испаѓањата со Виченца и Ливорно).
Јувентус По завршувањето на сезоната со Латина во Серија Б, Пинсољо се вратил во својот матичен клуб Јувентус. На 7 јули 2017, Јувентус објавиле дека одлучиле да го задржат Пинсољо во тимот како трет голман за сезоната 2017-2018 по заминувањето на Емил Аудеро на заем во Венеција.Allegri richiama Pinsoglio, sarà il terzo portiere della Juventus goal.com На 19 мај 2018, во последниот првенствен натпревар од сезоната 2017-2018, Пинсољо го направил своето деби во Серија А а воедно и деби во дресот на Јувентус, заменувајќи го легендарниот голман на бјанконерите Џанлујџи Буфон кому ова му бил последен натпревар за Јувентус, во победата со 2-1 на домашен терен над .
Репрезентативна кариера На 8 февруари 2011, селекторот на италијанската репрзентација под 21 година Чиро Ферара, го повикал Пинсољо во составот на аѕурините, а своето деби го направил во пријателскиот натпревар против Англија што завршил нерешено, играјќи како стартер.Under 21, Macheda sorriso Italia sportmediaset.mediaset.it
Титули Јувентус Серија А (3) : 2017-2018. 2018-2019, 2019-2020 Куп на Италија (2) : 2017-2018, 2020-2021 Суперкуп на Италија (2) : 2018, 2020
Наводи
Надворешни врски
Карло Пинсољо на soccerway Карло Пинсољо на transfermarkt
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ФК Виченца Категорија:Фудбалери на ФК Модена Категорија:Фудбалери на ФК Ливорно Категорија:Фудбалери на ФК Латина Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1990 година