Смитс ( англиски: The Smiths) e англиска алтернативена рок група формирана во Манчестер во 1982 година. Врз основа на партнерството за пишување на песни на вокалот Морисеј и гитаристот Џони Мар, групата ги вклучува и басистот Енди Рурк и тапанарот Мајк Џојс. Критичарите ги сметаат за најважна алтернативна рок група која се појавува на британската незвисна музичка сцена во 1980-тите години. Групата потпишува договор со независната издравачка куќа Rough Trade Records, каде што тие идаваат четири студиски албуми, неколку компилации и голем број на песни коишто се немаат најдено на нивните албуми. Сепак тие имаа ограничен комерцијален успех надвор од Велика Британија додека сè уште беа заедно и никогаш не издадија песна која е рангирана повисоко од 10-то место во нивната држава.The Smiths се здобива со голем број на обожаватели, останува култна група и миленик на публиката.Групата се распаѓа во 1987 година и оттогаш одбива неколку понуди за повторно обединување.

Историја

Формирање и први песни The Smiths се формира во почетокот на 1982 година од страна на Стивен Патрик Морисеј ,текстописец којшто е голем обожавател на групата New York Dolls и кој за кратко застанува на чело на панк рок групата the Nosebleeds , и Џони Маер , гитарист и текстописец. Маер го менува неговото име во Џони Мар (Johnny Marr) за да избегне забуна со името Џон Маер ,тапанарот на групата Buzzcocks, додека пак Морисеј настапува под неговото презиме. По снимање на неколку демо снимки со тапанарот Симон Волстенкрофт (подоцна член во The Fall), есента 1982 година, Морисеј и Мар го примаат тапанарот Мајк Џојс . Џојс претходно членувал во панк групите The Hoax и Victim . Тие го додаваат и бас гитаристот Дејл Хиберт , кој ја снабдува групата со опрема за снимање во студиото каде што тој работи како продуцент. Хиберт по една свирка е заменет со пријателот на Мар, Енди Рурк, бидејќи Мар сфатил дека ниту свирењето на Хиберт ниту неговата личност се вклопува во групата. Групата го избира нивното име во еден дел како реакција против оние избрани од страна на синтпоп групите од раните 1980-ти години ,како Orchestral Manoeuvres in the Dark и Spandau Baller, за коишто тие сметаат дека се вообразени. Во едно интервју на Морисеј во 1984 година тој изјавува дека го избрал името The Smiths ‘бидејќи е наједноставно име’ и бидејќи тој смета дека ‘ е време обичните луѓе во светот да ги покажат своите лица ’.Потпишувајќи со издавачката куќа Rough Trade Records, тие ја објавуваат нивната прва песна ‘Hand in Glove’ во мај 1983 година. Песната е претставена во емисијата на DJ John Peel, како и сите други песни подоцна, но не успева да се најде на топ листите. Следните песни ‘This Charming Man’и ‘What difference Does It Make?’ поминуваат подобро кога заслужено се искачуваат на 25 –то и 12-то место на UK Single Chart.

The Smiths Во февруари 1984 година, групата го издава нивниот прв албум ‘The Smiths’ којшто го достигнува второто место на UK Album Chart. И двете песни ‘Reel Around the Fountain’ и ‘ The Hand That Rocks the Cradle’ се соочуваат со контраверзност во таблоидите каде што се тврди дека песните наведуваат на педофилија, изјава цврсто негирана од групата. Албумот следува истата година со песни кои не се вклучени во албумот ‘Heaven Knows I’m miserable Now’ и ‘ William ,It Was Really Nothing’, којшто ја вклучува ‘How Soon Is Now’ на неговата б-страна. Обезбедувајќи ѝ ги првите места на топ десет листите ,’Heaven Knows I’m Miserable Now’ исто така е значајна за обележување на почетоците на соработката на групата со продуцентот Стефан Стрит . Повеќе контраверзност следува кога ‘Suffer Little Children’, б-песната од ‘Heaven Knows I’m Miserable Now’ ја допира и темата за убиствата во Мор. Ова предизвикува бурни реакции откако дедото на едно од убиените деца ја слушнал песната на џубокс во паб и помислил дека бендот се обидува за ги комерцијализира убиствата. По средбата со Морисеј , тој сфаќа дека песната е искрено истражување на влијанието на убијците. Морисеј подоцна се спријателува со Ен Вест , мајка на жртвата Лесли Ен Даунеј, која е спомената по име во песната. Годината завршува со албумот со компилации ‘Hatful of Hollow’. Во него се вклучени песни, бонуси и верзии на песни коишто се снимени низ претходната година за емисиите на Peel и Jensen.

Meat Is Murder На почетокот од 1985 година , групата го објавува нивниот втор албум ‘Meat Is Murder’. Овој албум е по груб и политички од неговиот претходник, вклучувајќи го и про вегетаријанскиот наслов на песната (Морисеј забрнавува остатокот од групата да бидат сликани како јадат место) , површното републиканство на ‘Nowhere Fast’ и песните против физичка казна ‘The Headmaster Ritual’и ‘Barbarism Begins At Home’.Групата исто така внесува музичка разновидност, Мар со додавање на рокабили рифови во ‘Rusholme Ruffians’, а Рурк со свирење на фанк бас соло во ‘Barbarism Begin At Home’.Албумот е проследен со повторно издание на песната‘How Soon is Now’ иако таа песна не е на оригиналот е додадена во подоцнежните изданија.’ Meat Is Murder’ е единствениот албум на групата (со исклучок на компилациите), кој достигнува прво место на топ листите во Велика Британија. Во 2003година, албумот е рангиран на 295-то место на списокот на 500 најдобри албуми на сите времиња на магазинот Rolling Stone. Морисеј во неговите интервјуа изнесува политички став што придава уште контраверзии. Меѓу неговите цели се владата на Тачер, монархијата , и проектот за спречување на гладот Band Aid. Морисеј славно се пошегува со последното, ‘човек може да биде загрижен за луѓето од Етиопија, но друга работа е се нанесува секојдневна тортура на луѓето од Англија’ (‘тортура’ како референца за музиката која е произлезена од проектот). Следната издадена песна ‘Shakespeare’s Sister’ се искачува на 26-то место на UK Singles Chart иако единствената песна земена од тој албум ‘That Joke Isn’t Funny Anymore’ е помалку успешна искачувајќи се едвај во топ 50.

The Queen Is Dead Во текот на 1985 година групата ги завршува долгите турнеи во Велика Британија и САД и го снима следниот студиски албум The Queen Is Dead. Албумот е издаден во јуни 1986 година,набргу по песната ‘Bigmouth Strikes Again’. Во песната повторно се истакнува агресивниот ритам на гитара на Мар и водечките звуци на жици на гитара со широки скокови. The Queen Is Dead го достигува второто место на топ листите во Велика Британија и се состои од мешавина на остра беспрекорност (на пр. ‘Never Had No One Ever’ што се чини дека задава стереотипи за групата), зајадлив хумор (на пр. ‘Frankly Mr. Shankly ’ наводно порака до Џоф Травис директор на Rough Trade преправен како писмо за оставка од работник до неговиот претпоставен) и синтеза на двете , како во ‘There Is a Light That Never Goes Out’ и ‘Cementry Gates’ Меѓутоа,во групата почнуваат да се случуваат непријатности. Правен спор со Rough Trade го одложува албумот речиси седум месеци (завршен во ноември 1986 година) , Мар почнува да го чувствува стресот од исцрпувачките турнеи и распоредот за снимање. Подоцна тој изјавува за NME: ‘тешко се издржува’,но тоа не е ни половина од тоа: Бев многу болен. Кога турнејата всушност заврши јас почнав да станувам малку..опасен.Пиев повеќе од тоа што можам да поднесам. ‘Во меѓувреме Рурк е отпуштен од групата во почетокот на 1986 година поради неговата зависност од херион. Тој,наводно, добил известување за неговото отпуштање преку белешка залепена на вертобранското стакло на неговиот автомобил. Тоа гласело: ‘Енди – ти ја напушташ The Smiths.Збогум и со среќа,Морисеј’’Самиот Морисеј го негира ова. Рурк е заменет со басистот Крег Ганон ,(поранешен член на шкотската група Aztec Camera), но повторно се враќа по две недели. Ганон останува во групата преминувајќи на гитара. Пет члената група ги снима песните ‘Panic’ и ’Ask’(последните со придружниот вокал Кирсти Мек Кол ), коишто ги достигнуваат 11-то и 14 на UK Singles Chart, и одат на турнеја низ Велика Британија. По завршувањето на турнејата во октомври 1986 година, Ганон ја напушта групата. Групата е незадоволна од Rough Trade и бара договор со поголема продуцентска куќа. На почетокот на 1987 година,Мар изјавува за NME , ‘Секоја можна продуцентска куќа дојде да не види. Тоа беа кратки разговори, мито,од се по нешто. Навистина уживав. ’ Групата конечно потпишува со продуцентската куќа EMI,што предизвика критики од нивните обожаватели и од дел на музичкиот печат.

Strangeways, Here We Come и распадот на групата На почетокот на 1987 година е објавена песната ‘Shoplifters of the World Unite’ и се искачува на 12-то место на UK Singles Chart. Таа е проследена со втората компилација The World Won’t Listen – насловот е коментар на Морисеј за неговото незадоволство за недостатокот на трендовско распознавање на групата иако нивниот албум се искачува на второто место на топ листите - а песната ‘Shelia Take a Bow’, вториот топ 10 хит во Велика Британија (и последена за време на постоењето на групата). Уште една компилација ,Louder Than Bombs, е наменета за надворешниот пазар и го опфаќа речиси истиот материјал како и The World Won’t Listen,со додавање на ‘Shelia Take a Bow’ и материјал од Hateful of Hollow,компилација која веќе треба да биде издадена во САД. Покрај нивниот континуиран успех, во групата се појавуваат различни тензии кои го навестуваат нивниот распад.Џони Мар,изморен и скоро на работ на алкохолизам,зема пауза од групата во јуни 1987 година,која што лошо е примена од стана на останатите членови на групата.Во јули 1987 година, Мар ја напушта групата засекогаш, мислејќи дека статијата во NME ,со наслов ‘The Smiths се разделуваат’ , е испланирана од Морисеј ,која што всушност не е. Таа статија, напишана од Дени Кели,наведува дека Морисеј не ја поднесува соработката на Мар со други музичари и дека пријателството на Мар и Морисеј достигнува критична точка. Мар контактира со NME за да објасни дека тој не ја напушта групата поради пријателски недоразбирања туку затоа што тој сака поширок музички терен.Поранешниот гиратист на Easterhouse, Ивор Пери е вметнат за да го замени Мар, и групата со него снима нов материјал којшто никогаш не се доврши, вклучувајќи ја стара верзија на ‘Bengail in Platforms’ која што првично е наменета за бонус песна на ‘Stop Me If You Think You’ve Heard This One Before’.Пери е незадоволен со ситуацијата во групата ‘тие како да сакаат друг Џони Мар’и (според Пери),сезоната завршува со излегување на Морисеј од студиото.По издавањето на четвртиот албум, Strangeways ,Here We Come ,во септември ,групата се раздели. Влошувањето на односите првично придонесува Морисеј да е револтиран од соработката на Мар со други музичари а пак кај Мар расте незадоволството за музичката нефлексибилност на Морисеј.Мар буквално ја мрази опседнатоста на Морисеј со обработка на песните на поп изведувачите од 1960-тите години како што се Twinkle и Cilla Black. Во 1992 година Мар се присетува на тоа, ‘Тоа беше последната капка, навистина. Не формирав група за да ги изведуваме песните на Cilla Black.’Во едно интервју на Морисеј во 1989 година изјавува дека потребата на менаџер и деловните проблеми се причини за распадот на групата. Strangeways , Here We Come, го достигнува второто место во Велика Британија и е нивниот најуспешен албум во САД,издигнувајќи се на 55-то место на Bilboard200. Албумот добива рамнодушен прием од критиката, но и Морисеј и Мар го издвојуваат како нивен омилен албум на The Smiths. Уште неколку песни од Strangeways се издадени од претходни сесии во живо и демо снимки, како бонус песни , а следната година,албумот снимен во живо,Rank , (снимен во 1986 додека Ганон е член на групата), го повтори успеxот на претходните албуми на топ листите во Велика Британија.

Кариерите по The Smiths The Smiths се предмет на документарецот на емисијата South Bank Show,направен од LWT а емитуван од ITV на 18 октомври 1987 година, четири месеци по нивниот распад а три недели по идавањето на албумот Strangeways.