мини|Стенфорд-Басано-1921 година Чарлс Вилиер Стенфорд( 30 септември 1852- 29 март 1924 ) бил Ирски композитор, професор по музичко и диригент.Роден во богатa музичка фамилија во Даблин, пред студирањето музика во Лајпциг и Берлин, Стенфорд се школувал на Универзитетот Кембриџ.Тој доста помогнал во подигањето на статусот на Музичко здружението на универзитетот Кембриџ ( анг. Cambridge University Musical Society ), привлекувајќи да настапуваат меѓународни ѕвезди. Sir Charles Villiers Stanford British composer Сè уште не дипломиран, Стенфорд бил назначен за оргулар на Тринити Колеџот, Кембриџ.Во 1882 година, на 29 години тој бил еден од профосорите кои го основаа Музичкиот Кралскиот колеџ (анг. Royal College of Music ),каде што предавал композиција до крајот на неговиот живот.Како професор Стенфорд бил скептичен за модернизмот и неговата настава ја засновал главно на класичните принципи како што е примерот во музиката на Брамс.Меѓу неговите ученици се издигаа композитори чијашто слава ја надминаа неговата, како што се Густав Холс и Ралф Вон Вилјамс .Како диригент, Стенфорд одржал настапи со Бах хорот (анг.Bach Choir) и Лидс тригодишниот музички фестивал( анг. Leeds triennial music festival ) Стенфорд составил значителен дел на концертни дела, вклучувајќи седум симфонии но негови најзапамтени музички дела се хорските дела за црковна изведба,главно составени во Англиската традиција.Тој бил посветен композитор на опера, но ниедна од неговите девет комплетирани опери не постоеле во основниот репертоар.Некои критичари заедно со Хуберт Пери и Александар Мекензи го сметаа Стенфорд одговорен за ренесансата во музиката од Британските Острови .Меѓутоа по неговиот видлив успех како композитор во последните две декади на 19 век неговата музика беше засенета во 20 век од Едвард Елгар, негов поранешен ученик .

Живот Рани години

Стенфорд бил роден во Даблин, единствен син на Џон Џејмс Стенфорд и неговата втора сопруга, Мари, родена Хен .Џон Стенфорд бил исткнат адвокат во Даблин. Инспектор во the Court of Chancery во Ирска и службеник во the Crown for County Meath.Неговата жена била трета ќерка на Вилјам Хен, директор на of the High Court of Chancery во Ирска. Неговите родители биле аматерски музичари; Џон Стенфорд бил виолончелист и истакнат бас пејач којшто бил избран за изведба на насловната улога Илија на Менделсон (анг. Mendelsohn’s Elijah) на Ирската премиера во 1847.Мери Стенфорд била аматерски пијанист, способна да ги изведува соло деловите на концертите во Даблин.

Младиот Стенфорд имал општопризнато образование во приватното дневно училиште во Даблин водено од Хенри Тилни Басет,кој се концентрирал на класиците, исклучувајќи ги другите предмети. Родителите на Стенфорд придонесувале за прерано развиениот музички талент на момчето, вработувајќи низа на професори по виолина, пијано, оргули и композиција.Тројца од неговите учители биле поранешни ученици на Игнац Мошелес, вклучувајќи ја и неговата кума Елизабет Мике, на којшто Станфорд се присетуваше “ Таа ме учеше, пред да имам дванаесет години, да читам во еден здив....Таа ме натера секој ден на крајот од лекцијата да играм, Мазурка од Шопен : никогаш не дозволувајќи ми да спорам поради грешка ” “Додека играв низ сите педест и две Мазурки,можев да го читам поголемиот дел од музиката од калибарот на моите прсти кои можеа да се справат со компаративна леснотија."Една од најстарите композиции на младиот Стенфорд, марш во Д ♭дур, напишана е кога имал осум години, била изведена 3 години подоцна со пантомима во Кралскиот театар (анг.Theatre Royal) во Даблин. На 7 години, Стенфорд извел пијано рецитал за поканета публика, игајќи дела од Бетовен, Хендел, Менделсон, Мочелс, Моцарт и Бах. Во 1860 –те во Даблин се примале повремени посети од меѓународни ѕвезди, така што Стенфорд имал можност да слуша познати изведувачи како што се Џозеф Јоаким, Анри Вјутам и Аделина Пети.Годишните посети на Италјанскато Оперско друштво од Лондон, предводени од Џулија Гриси, Џовани Матео Марио и подоцна Тереза Тјеџенс му дале на Стенфорд посебна љубов кон операта која ќе остане во него до крајот на неговиот живот.Кога тој имал десет години, за време на летото, неговите родители го однеле во Лондон каде што останал со чичкото на неговата мајка во Мејфер.Таму земал лекции по композиција од композиторот и професорот Артур О’Лери, и лекции по пијано од Ернест Пауер, професор по пијано во Кралската Академија по музика (анг. RAM ) . По неговото враќање во Даблин, неговата кума ја напуштила Ирска, и тој земал часови од Хенриета Флин, уште еден поранешен ученик на Музичкиот Универзитет и Лајпцишкиот конзерваториум, ученици на Игнациј Мошелес, а подоцна и од Роберт Стјуарт, оргулар на катедралата Свети Патрик, како и од третиот Мошелс ученик, Мајкал Кери .Две години подоцна за време на неговиот втор престој во Лондон, тој го запознал композиторот Артур Саливен и музичкиот администатор и писател Џорџ Грув, кој подоцна играле важна улога во неговата кариера . Џон Стенфорд се надевал дека неговиот син ќе го следи во правната професија но ја прифатил неговата одлука за преследување на музиката како негова кариера .Сепак, тој сметал дека Стенфорд треба да има вообичаено високо образование пред да замине на музички студии во странство.Стенфорд неуспешно се обидувал да добие класична стипендија на Тринити Хол (анг.Trinity Hall ), Кембриџ, но добива стипендија за оргулар и подоцна класична стипендија на Колеџот Квинс (анг.Queens’ College) .Во времето кога отишол на Кембриџ, тој напишал значителен број на композиции, вклучувајќи ја вокалната музика, црковна и световна музика, оркестарски дела (рондо за виолончело и оркестарски и концертни дела ) . Кембриџ Стенфорд не се нурнал во музичкиот живот на универзитетот наштетувајќи на неговите грчки и латински студии.Тој составил религиозни и световни вокални дела, пијано концерт, и придружна музика за драмата на Лонгфелов, Шпански студент .(анг Longfellow’s play A Spanish Student )Во ноември 1870 година се појавил како пијано солист со Музичко здружението на универзитетот Кембриџ, МЗУК ( анг.CUMS), и многу брзо станал помошник – диригент и член на одборот.Друштвото го намалил квалитетот од неговото основање во 1834. Хорот се состоел само од мажи и момчиња ; недостатокот на женски пејачи строго ги ограничувало делата што друштвото можело да ги претстави.Стенфорд не успеал да ги убеди членовите да примат жени, па така тој организирал како што Д Музишал Тајмс (анг The Musical Times) ја нарекува “бескрвна револуција”Во февруари 1872 тој бил соосновач на мешан хор, Аматерскиот вокален еснаф (анг.Amateur Vocal Cuild ), чиишто изведби веднаш ги засениле оние на пејачите на МЗУК.Членовите на МЗУК брзо се предомислиле, и се согласиле за спојување на двата хора, давајќи придружно членство на жените во друштвото.

Диригент на комбинираниот хор бил Џон Ларкин Хопкинс, кој исто така бил и оргулар на Тринити колеџот. Тој се разболел .и му го предал диригенството на Стенфорд во 1873. Стенфорд бил назначен за заменик-оргулар на Хопкинс во Тринити и се преселил од Квинс во Тринити во 1873.Летото истата година Стенфорд го направил своето прво патување низ Европскиот континент. Тој отишол во Бон за Шуман фестивалот кој се одржувал таму, каде што се сретнал со Јоаким и Брамс.Неговата зајакната љубов за музиката, Брамс и Шуман го обележија како класицист во време кога многу љубителите на музиката беа поделени во класичнате или модернистичките табори, подоцна таа претставена со музиката на Лист и Вагнер.Стенфорд не бил присилен од модата за припадност на еден или друг табор .Тој неизмерно му се восхитувал на Die Meistersinger иако тој бил не ентузијастичен за некои други работи на Вагнер.По заминувањето од Бон тој се вратил дома, посетувајќи ги по пат Швајцарија а пота и Париз каде што ги видел Meyerbeer's Le prophète. Болеста на Хопкинс се покажала како фатална, и по неговата смрт власниците на Тринити го поканиле Стенфорд да ја ја преземе функцијата оргулар во колеџот.Тој прифатил под услов да биде ослободен секоја година од предметот правопис за време на музичките студии во Германија. Членот на универзитетскиот колегуим бил избран на 21 февруари 1874 година :

Чарлс Вилиер Стенфорд ( студент на колеџот) бил избран оргулар со плата од 100 фунти .За да му било дозволено на оргуларот да биде :::во странство за време на тие две години, колеџот бил должен да најде замена ..Два дена по неговото назначување, Стенфорд ги земал завршните испити за неговиот степен за класичар.Тој се рангира на 65 место од 66 и му бил доделен трети степен. Sir Charles Villiers Stanford British composer

Лајпциг (анг.Leipzig) По препорака на господин Вилијам Стендарл Бенет,поранешен професор по музика во Кембриџ и сега директор на Кралската академија за музика,Стенфорд отишол во Лајпциг летото 1874 година за часови со Карл Реинек професор по композиција и пијано во Конзерваториумот Лајпциг (анг.Leipzig Conservatory ) .Композиторот Тома Данхил искоментирал дека во 1874 година тоа беше " опашката на моќта на Лајпциг, кога големите традиции на Менделсон почнаа да избледуваат “.Сепак, Стенфорд сериозно немал намера да учи на друго место.Ниту Даблин ниту Лондон понудиле некоја споредлива музичка обука.Најпрестижното музичко школо, Кралската Академија за музика (КАМ) во тоа време бил ограничен и реакционерен .Стенфорд рекол за Рејнек, "Од сите музичари што ги знам тој беше многу сувопарен .Тој немаше ниту еден добар збор за било кој современ композитор...Тој го мрази Вагнер ...го исмејува Брамс и немаше ентузијазам за било кој вид. ”Биографот на Стенфорд, Пол Родмел претпоставувал дека ултра-конзервативизмот на Рејнек може да биде неочекувано добро за неговите ученици”, како што можел да го охрабри и Стенфорд да ги отстрани трагите.За време на престојот во Лајпциг, Стенфорд земал часови по пијано од Роберт Паперитц, оргулар на градот Nikolaikirche .Меѓу композициите на Стенфорд во 1874 било поставувањето на дел од една поема на Лонгфелов, Златната легенда (анг.The Golden Legend) .Тој имал намера да ја постави целосната поема, но се откажал,поразен од долгогодишниот колега. ”Бројни но неповрзани ликови “.Стенфрд го игнрирал ова и другите рани дела при доделувањето бројни дела во неговите зрели години. Најраните композиции во неговата официјлна список на дела се четири –движечката Суит (анг.Suit) за пијано како и Токато (анг.Toccato) за пијано,коишто и двете датираат од 1875 година.По вториот престој во Лајпциг со Реинек во 1875 година,која што не била попродуктивна од првата, Стенфорд бил препорачан од Јоаким да ја учи следната година во Берлин со Фридрих Хил, кој Стенфорд го смета за "симпатичен и способен господар, научив повеќе од него за три месеци, отколку од сите други за три години “

Голем композитор

Во меѓувреме, врќањето во Кембриџ за време на неговите студии во Германија, Стенфорд ја продолжил неговата работа како диригент во МЗУК .Тој го пронашол друштвото во добра форма под замена на Итон Фанинг и способен да се справи барајќи нови дела.Во 1876 година опшеството претставило една од првите изведби во Велика Британија од Брамс Реквием . Во 1877 МЗУК дошло до национално внимание кога ја презентирал првата Британска изведба на Брамсовата Прва Симфонија . За време на истиот период, Стенфрд станувал познат како композитор.Тој компонирал продуктивно, иако подоцна повлекол некои од неговите дела од овие години,вклучувајќи го концертот за виолина кој, според Родмел,страдаше од “безличен тематски материјал”. Во 1875 година неговата Прва Симфонија ја освоила втората награда во конкуренција која се одржала во Александриска палата за симфонии од страна на британските композитори, иако тој морал да чека уште две години да ја слушне изведбата. Истата година, Стенфорд го режирал првиот настап на неговиот ораториум Воскресението (анг.The Resurrection), доделено од страна на МЗУК . На барање на Алфред Тенисон, тој напишал придружна музика за драмата на Тенисон, Кралица Марија (анг.Queen’s Mary), изведена во Ликеум театарот (анг.Lyceum Theatre), Лондон во април 1876 година.