мини|Што да очекуваш кога очекуваш „Што да очекуваш кога очекуваш“ е американски филм (романтична комедија) од 2012 година, во режија на Кирк Џонс, по сценариото на Шона Крос и Хедер Хач. Главните улоги ги играат: Камерон Дијаз, Џенифер Лопес, Елизабет Бенкс, Чејс Крафорд, Бруклин Декер, Ана Кендрик, Метју Морисон, Денис Квејд, Крис Рок и Родриго Санторо. Исто така, во филмот на кратко се појавуваат и други славни личности како кошаркарот на НБА - Двејн Вејд, поранешната глумица од серијата „The Hills“ - Витни Порт, глумицата од „Вил и Грејс“ - Меган Мјулели, членката на групата „Girls Aloud“ и судијката во шоуто „X Factor“ - Шерил Кол, кореографот од музичкото шоу „Мислите дека знаете да танцувате?“ (од анг. „You think you can dance“) и гостин-судија - Тајс Диорио и членот на музичката група „Black Eyed Peas“ - Табу. Филмот за првпат се прикажа на 18 мај 2012 година.
Воведен дел Во оваа приказна се зборува за петте двојки од Атланта коишто ги уживаат многуте задоволства за време на бременоста. Ремзи и Скајлер се венчани. Синот на Ремзи, Гери е венчан со Венди. Братучетка ѝ на Скајлер е Роси, којашто е во врска со Марко. Гери присуствуваше на програмата за слабеење на Џулс. Таа се запозна со танцувачот Еван во едно шоу посветено на натпреварување во танцување и сега тие ќе имаат бебе. На крај, за да се поврзе сè, фотограферката на Венди е Холи (којашто е мажена за Алекс) и Венди ѝ предлага на Скајлер понатаму да ја ангажира Холи за нејзините фотографии.
Продукција Чејс Крафорд, Бруклин Декер, режисерот Кирк Џонс и Елизабет Бенкс присуствувале на премиерата во Њујорк. Филмот „Што да очекуваш кога очекуваш“ се заснова на истоимената книга, којашто ја напишаа Хајди Маркоф и Шерон Мејзел, а сценариото го адаптираше Хедер Хач и го преработи Шона Крос. Кирк Џонс е режисер на филмот. На 14 јануари 2010 година, филмското студио „Lionsgate“ од „Phoenix Pictures“ ги доби правата за прикажување на филмот во целиот свет. На 9 јули 2011 се одржа јавен повик за распределба на улогите на бремени жени и Етиопјанци. Филмот започна со сликање на целата глумечка екипа во Атланта на 19 јули 2011 година. На 26 јули, снимањето продолжи во Мидтаун, на Пичтри Стрит, близу до „High Museum“ и во паркот во Пиемонт.
Прифатеност Критики Филмот добил оценка од 23% на „Rotten Tomatoes“, од 127 критики. Најголемиот дел од критиките од филмските критичари биле негативни. Питер Траверс од весникот „Rolling Stone“ го оценил филмот со еднаипол ѕвездичка и пишува дека самиот филм „те тера да повратиш“, но ја фали избраната глумечка екипа. Мат Стивенс од сателитската телевизиска мрежа „E! Online“ дава негативни критики за филмот и изјавува дека шегите се „очигледни“ и „малку драма би можела да го извади од списокот на „Многу посебна епизода“ од жанрот „комедија на ситуација“ – и сè да се реши веднаш после паузата за реклами“. Помеѓу другите критичари, Бетси Шарки од весникот „Los Angeles Times“ ја забележа збрката во филмот којшто брзо се шири и подробно ја опишува бременоста во петте двојки и напишала дека „Наместо да се даде занимливо објаснение на почетокот, во филмот се прави збрка“. Весникот „New York Daily News“ го оцени филмот со триипол ѕвездички и напиша: „За среќа, и да не си родител, филмот е едно прилично пријатно и забавно патување со единствена порака и до родителите и до оние кои некогаш имале мајка или татко“ и дека најтрогателниот момент во филмот е сцената кога улогата на Џенифер Лопес патува во Етиопија за го земе детето коешто го посвојува.
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Филмови на Кирк Џонс Категорија:Филмови со Џенифер Лопес Категорија:Филмови со Крис Рок Категорија:Филмови со Камерон Дијаз Категорија:Филмови со Елизабет Бенкс Категорија:Филмови со Чејс Крафорд Категорија:Филмови со Бруклин Декер Категорија:Филмови со Ана Кендрик Категорија:Филмови со Метју Морисон Категорија:Филмови со Денис Квејд Категорија:Филмови со Родриго Санторо