Свети Апостоли Петар и Павле е главната градска црква во Кичево. Според податоците, таа е изградена на почетокот на дваесеттиот век, но на темели од постара црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75 година, кога го добива денешниот изглед. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26 година. Во понов период, поради настанатите потреби, изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна трпезарија, крстилница и административни простории за свештениците. Црквата е главна парохиска црква на Првата кичевска парохија. По повод 100 години од изградбата на црквата, во 2010 година била издадена монографија со наслов „Црква на светите апостоли Петар и Павле во Кичево“ од страна на Сашо Цветковски. Исто така, тогаш е осветен новиот иконостас, изработен по повод јубилејот на храмот. мини|лево|Извештај за развојот на црковното прашање во Кичево, во периодот од 1831 година, кога е подигната од Петар Брушки и Илија Бела Цветиќ, до 1911 година. (14 ноември 1911)

Поврзано Црква „Св. Кирил и Методиј“ - другата градска црква. Во изградба; Прва кичевска парохија Кичево

Наводи

Надворешни врски

Петте средновековни цркви во Кичево ХРАМОТ ЦЕНТРАЛНА ГРАДБА ВО ГРАДОТ

Категорија:Цркви во Кичево Кичаа Категорија:Дела на Дебарската школа