Нептун () — римски бог на водата и морето во римската митологија и религијаJ. Toutain, Les cultes païens de l'Empire romain, vol. I (1905:378) securely identified Italic Neptune as a saltwater sources as well as the sea.. Тој е пандан на грчкиот бог ПосејдонLarousse Desk Reference Encyclopedia, The Book People, Haydock, 1995, p. 215.. Во традицијата која е под влијание на Грција, Нептун бил брат на Јупитер и Плутон, секој од кој претседава со едно од трите царства на Небото, Земјата и Подземјето. Цртежи од Нептун во римските мозаици, особено оние во Северна Африка, се под влијание на хеленеските конвенцииAlain Cadotte, "Neptune Africain", Phoenix 56.3/4 (Autumn/Winter 2002:330-347) detected syncretic traces of a Libyan/Punic agrarian god of fresh water sources, with the epithet Frugifer, "fruit-bearer"; Cadotte enumerated (p.332) some north African Roman mosaics of the fully characteristic Triumph of Neptune, whether riding in his chariot or mounted directly on albino dolphins..

Нептун, пред да биде поврзуван со морето, бил поврзан со изворите на свежа водаDumézil, La religion romaine archaïque, 381, Paris, 1966.. Како и Посејдон, така и Нептун бил почитуван од страна на Римјаните и како бог на коњите, под името Neptunus Equester, заштитник на трките со коњCompare Epona..

Потекло на поимот

Етимологијата За Нептун е нејасна и спорна. Античкиот граматичар Варо го извел името од nuptus односно покривка (opertio), со повеќе или помалку експлицитни алузии на nuptiae, бракот на Небото и Земјата.

Меѓу современите научници П. Кречмер предложил изведенка од IE * neptu-, влажна материја. Слично и Р. Блох претпоставил дека може да биде придавна форма -не од * nuptu-, што значи "оној кој е влажен". Думецил мислел дека зборови кои произлегуваат од коренот * nep- не се потврдени во индоевропските јазици освен во ведскиот и авестанскиот. Тој предложил етимологијата која ги спојува Neptunus со ведските и авестанските теоними Apam Napat, Apam Napa и старо-ирскиот теоним Nechtan, сите со значењето потомок на водите. Со користење на компаративен приод, индоиранските, авестанските и ирските фигури ќе се покаже заеднички одлики со римските историски легенди за Нептун. Оттаму, Думецил предложил да се изведат именки од коренот - IE * nepot-, потомок, син на сестрата.

Неодамна, во неговите предавања, претставени на различни прилики во доцните години на минатиот век, германскиот научник Х. Петерсман предложил етимологија од матичните корени на IE * nebh-поврзано со облаците и маглата, плус наставката-tu кој означува апстрактно-вербална именка, и придавната наставка -no што се однесува на домен на активноста на лицето или неговите привилегии. Коренот IE * nebh-, со оригинално значење на влажно, мокро, ги има дадено санскритското nábhah, хетејското nepis, латинското nubs, nebula, германското nebel, словенското nebo итн. Концептот e близок со оној изразен во името на грчкиот бог Όυράνος , добиен од коренот IE * h2wórso-, до вода, наводнување и * h2worsó-, средство за наводнување. Оваа етимологија e посогласна со Варо.

Различна етимологијата, втемелена во легендарната историја на Latium и Etruria, била предложена од страна на Прелер и Милер-Дике: етрурски Nethunus, Nethuns би била придавна форма на топонимот Nepe (t), Nepete (во моментов Nepi), град на полето Faliscuc блиску до Falerii. Областа е традиционално поврзувана со култот на боговите: Mесап и Халес, истоимениот херој на Falerii, за кои се верува дека се негови синови. Meсап ги предводел фалерците и другите во војна во Аеneid. Nepi и Falerii се познати од античката доба по одличениот квалитет на водата на нивните извори, расфрлани во ливади

Богослужба и теологијата

Теологијата на Нептун може да се реконструира само до одреден степен бидејќи уште од најрани времиња тој бил идентификуван со грчкиот бог Посејдон. Ваквата идентификација може добро да се втемели во строгиот однос помеѓу латинските и грчките теологии на две божества. Се тврди дека индоевропскиот народ, намајќи директно познавање за морето, бидејќи потекнувал од внатрешните области, повторно ја користел теологијата на божеството кое првично било хтонско или ја користело моќта над слатките води во внатрешноста како и богот на морето. Оваа функција е сочувана особено добро во случајот на Нептун кој бил дефинитивно бог на изворите, езерата и реките пред да стане, исто така, бог на морето, како што сведочат бројните наоди од натписите во кои тој се споменува во близина на таквите локации. Сервус, граматичар, исто така, експлицитно наведува дека Нептун е задолжен за сите реки, извори и води.

Тој може да најде паралела со ирскиот бог Нехтан, господар на доброто од кои сите реки во светот истекуваат и течат назад.

Посејдон, од друга страна, бил подложен на процесот на станување главен бог на морето уште многу порано, како што е прикажано во Илијадата.

Во претходните времиња тоа бил богот Портун или Фортун, на кој му се заблагодарувале за поморските победи, но Нептун го заменил во оваа улога уште од првиот век п.н.е. кога Сектус Помпеј себеси се нарекувал "син на Нептун". Едно време тој бил поврзуван со Салација, божицата на солената вода.

Нептун, исто така, се сметал за легендарниот предок бог на латинците, фалискани, кои се нарекуваат себеси Neptunia Proles. Во оваа смисла тој бил еквивалент на Марс, Јан, Сатурн, па дури и Јупитер меѓу Латинска племиња. Салација ја претставува витална сила на Нептун.

Нептуналија

Нептуналија е фестивал на Нептун на 23 јули, во екот на летото. Датумот и изградба на засолништа од гранки од дрва укажуваат на примитивната улога на Нептун како бог на изворите на вода во летната суша и топлина.

Најстариот римски календар го постави празникот на Нептуналија на 23 јули, два дена по Лукарија на 19 и 21 јули и два дена пред Фуриналија на 25 јули. Г. Висова веќе забележал дека фестивали кои паѓаат во низа од три дена се поврзани едни со други. Думецил појаснил дека овие фестивали се сите на некој начин поврзани со значење на функцијата на вода во текот на летната топлина (canicula), кога реките и изворски води се на најниско ниво. Основајќи ја неговата анализа на делата на Паладиј и Колумел, Думецил тврди дека додека Лукарија била посветена на облекување на шумата, чистејќи ги подземните грмушки со сечење на 19-ти, а потоа со искоренување на 21-ви, (и палејќи ги подоцна), Нептуналија го прославувале со излети под колиби (umbrae, casae frondeae), во шума помеѓу Тибар и Виа Саларија, пиејќи изворска вода и вино за да избегаат од топлината. Изгледало дека овој фестивал бил време на општа слобода и неконтролирана распиштоленост во која мажите и жените се мешале без вообичаените римски традиционални и општествени ограничувања. Овој карактер на фестивалот, како и фактот дека на Нептун му била понудена жртва од бик, укажуваат на концепт на земјоделска плодност.

Фуриналија, посветен на Фурина, божица на изворите, се однесувал на оние извори кои морало да бидат откриени со дупчење, односно била потребна работа од страна на човекот, па така се создала кореспонденција со Лукарија од 21-ви, подеднакво подразбирајќи аналогна човечка акција врз почвата. Думецил ја објаснува Фурналија, со хидраулична работа како што е пропишана и според Паладиј, односно со дупчење на бунари за откривање на подземни води; патенти и скриени води се третирале одделно на наредни прилики.

Храмови

Нептун имал два храма во Рим. Првиот изграден во 25тата година пред нашата ера, поставен близу до Circus Flaminius, римската патека за трки, а содржела славни скулптури на морнарска група од Scopas. Вториот, базиликата Neptuni, била изградена на Campus Martius и посветен од Agrippa во чест на воено морската победа на Actium.

Принесување жртви

Нептун е еден од единствените три Римски богови на коишто било погодно да им се понудат жртви од бикови, другите два биле Аполо и Марс. Погрешното понудување би барало помилување ако е заради невнимателност или неопходност.Типот на понудување вклучува прецизна врска помеѓу божественото и земскотото кралство.

Езеро Албанус

Излевањето на езерото Албанус се случило на датата на Нептуналија. Овој необичен настан(чудо) кој го претскажал падот на Веи е историски настан којшто Думецил го препишува на римскиот обичај на проектирање легендарно наследство во нивната сопствена историја. Ливи поврзува дека еден haruspex од Веи кој бил земен како затвореник невнимателно го дал пророштвото дека Веи ќе падне, ако водите на езерото се излеат во правец на внатрешноста. Напротив, фактот ќе води кон непогодности за Рим ако водите се излееле кон морето. Предвидувањето било потврдено со пророштвото на Делфи консултиран од римскиот сенат.

Оваа легенда ќе го прикаже обемот на моќи скриени во водите и религиозната важност на нивна контрола: Веинтанците,знаејќи го овој факт копале канали долго време како што потрвдуваат последните археолошки пронаоѓања. Постои временска коинциденција помеѓу предвидувањето на необичниот настан (чудото) и работењето на деривација препорачано од Паладиус и Колумела во време на canicula, кога водите се на нивно најниско ниво.

Paredrae

Paredrae се суштества кои се спаруваат или придружуваат некој бог. Тие ги претставуваат основните аспекти или моќите на богот со кој тие се здружени. Во Римската религија тие се често од женски род. Во подоцнежните времиња под хелинистичко влијание тие почнале да се сметаат за одделни божици и сопруги на богот. Сепак ова погрешно сфаќање можеби било широко распространето во поранешното фолклорно верување. Во гледиштето на Думецил, двете paredrae на Нептун, Салација и Венилија ги претставуваат надмоќните и смирувачките аспекти на водата, обата природни и припитомени: Салација би го претставувала излевањето, доминантните води, а Венилија мирните или водите кои течат тивко.

Салација и Венилија беа предмет на внимание на научниците и на древното и на модерното време. Варо го поврзува првото со salum, море , а второто со ventus, ветер. Фестус пишува за Салација дека таа е божица која го создава движењето на морето. Додека Венилија би предизвикала брановите да дојдат на брегот, Салација би предизвикала нивно повторно враќање кон големото море. Овој настан бил дискутиран во многу пасуси од христијанскиот доктор Аурелиј Аугустин. Тој посветил едно цело поглавје од неговиот De Civitate Dei на подбивање на недоследното подразбирање на теолошката дефиниција за двете суштества (ентитети): бидејќи Салиција би го означувала долниот дел од морето, тој се прашува како тоа би можело да биде можно дека таа исто така ги повлекува и брановите (Венилија е таа, од која што брановите доаѓаат на брегот), бидејќи брановите се очигледно феномен на површината на морето. На друго место тој пишува дека Венилија ќе биде “надеж која доаѓа” еден од аспектите или моќите на сите опфаќајки го и Јупитер сфатен како anima mundi.

Сервиус во неговиот коментар за Aeneid исто така пишува за Салација и Венилија во различни пасуси,пр. V 724: "(Venus) dicitur et Salacia, quae proprie meretricum dea appellata est a veteribus": "(Венус) е исто така наречена Салација , која што поточно била именувана божица на жените платенички од древните. На друго место тој пишува дека Салација и Венилија се всушност исто лице.

Помеѓу модерните научници Думецил со неговите следбеници Блох и Шилинг го насочуваат нивното толкување за Нептун на подиректна, конкретна, ограничена вредност и функции на водата. Според нив Салација би го претставувала силниот и насилен аспект на пробивни води и води кои се излеваат, Венилија смирувачкиот, нежен аспект на мирната или водата која тече полека.

Прелер, Фоулер, Петерсман и Такас и припишуваат на теологијата на Нептун пошироко значење како бог на универзалната световна плодност, особено релевантен за земјоделството и човековата репродукција.Оттаму тие ги толкуваат Салација како олицетворение на страста и Венилија како поврзана со venia, став на грациозност, привлечност, поврзани со љубов и желба за репродукција.