Облека — текстил, направен од влакна, која се носи врз телото. Носењето на облека обично се ограничува на човечките суштества и претставува особина на речиси сите човекови општества. Количината и видот на облеката која се носи, зависи од физичките, општествените и географските фактори. Некои видови на облека се полово определени.
Физички, облеката служи за повеќе цели: може да се користи како заштита од природните појави и да ја зголеми сигурноста при ризичните активности како што се пешачењето и готвењето. Со поставување на граница помеѓу кожата и околината, таа го заштитува носителот од нерамните површини, растенијата кои предизвикуваат исфрлање на кожата, убоди од инсекти, спици, трње и боцки. Алиштата може да не заштитат од студ и од топлина. Покрај тоа, тие можат да обезбедат хигиенска граница, држејќи ги заразните и отровните материи подалеку од човечкото тело. Облеката исто така обезбедува заштита од штетното ултравиолетово зрачење.
Историја на облеката Не постои лесен начин да се одреди кога за првпат била создадена облеката, но добиени се некои информации при проучувањето на вошките. Вошката на телото живее во облеката и се одвојува од вошките на главата уште пред 107. 000 години, што укажува на тоа дека облеката постоела во тоа време.
Друга теорија е дека современите луѓе се единствените преживеани од неколкуте видови на примати кои можеби носеле облека и дека облеката се користела уште пред 650 илјади години. Друго истражување, исто така основано врз основа на вошката проценува дека облеката се појавила пред околу 42. 000- 72. 000 години. Датирањето со директни археолошки докази дава датуми конзистентни со оние на лицето. Во септември 2021 година, научниците пријавиле докази за изработка на облека пред 120.000 години врз основа на наоди во наоѓалишта во Мароко.
Функција
Основната функција на облеката е да ја подобри удобноста на носителот. Во топло време, облеката обезбедува заштита од изгореници или воспаление на кожата, додека во ладно време нејзините својства на топлотна изолација се обично поважни. Засолништата, вообичаено ја намалуваат практичната потреба од облека. На пример, капутите, шапките, ракавиците и другите површни слоеви на облека се отстрануваат при влегувањето во топол дом, особено ако некој престојува или преспива таму. Исто така, облеката се разликува и од аспект на сезоните и регионите, така што потенките материјали и помалиот број на слоеви на облека обично се носат во потоплите сезони и региони, за разлика од поладните.
Облеката извршува поголем број на општествени и културолошки функции, како што се поединечно, професионално и полово диференцирање и општествениот статус. Во многу општества, принципите за облеката ги отсликуваат нормите на пристојност, религија, пол и општествен статус. Облеката исто така може да функционира како украс и израз на сопствен вкус или стил.
Облеката во минатото била правена од најразлични материјали. Материјалите варираат од кожа и крзна, ткаенина, до сложени и необични природни и синтетички материјали. Не сè што го прикрива телото се смета за облека. Додатоците кои се носат а не се облекуваат (како што се чантите), кои се носат на еден дел од телото и лесно се вадат (шалчиња), кои се носат чисто како украс (накит) или оние кои служат за заштита (очила), се сметат за модни додатоци а не за облека како чевлите и шапките.
Облеката ги заштитува луѓето од многуте фактори кои можат да го повредат непокриеното човечко тело. Алиштата заштитуваат од природни појави, како на пр. дожд, снег, ветер, сонце и др. временски промени. Меѓутоа, заштитничкиот ефект се намалува, доколку облеката е премногу проѕирна, тенка, мала, тесна, итн. Алиштата го намалуват и нивото на ризик при физичка активност, како работа или спорт. Понекогаш, облеката се носи поради заштита од одредени ризици на околината, како што се инсектите, отровните хемикалии, оружјата и допирот со абразивни супстанци. Обратно на ова, облеката може да ја заштити околината од оној што ја носи, како што е униформата на лекарите.
Луѓето покажале огромна креативност во смислувањето на решенија за облека против ризиците на околината. Некои примери вклучуваат: вселенски костими, облека за воздухопловство, оклопи, костими за нуркање, костими за капење, пчеларска облека, облека за мотоциклисти, лесно забележлива облека и други парчиња на заштитна облека. Разликата меѓу облеката и заштитната опрема не е строго дефинирана, бидејќи истовремено алиштата, дизајнирани да бидат модерни, честопати нудат и заштита, а пак, оние кои се дизајнирани за да бидат функционални, честопати ја применуваат модата во нивниот дезен. Носењето на алишта исто така има и социјални последици. Тие се носат за да ги покријат оние делови од телото, кои се бараат да бидат покриени со општествените норми, имаат улога на украс или пак наоѓаат други намени во општеството.
Научност Иако во периодот на 19-от век кога колонизираните држави се справувале со новите средини биле пронајдени тезите за облеката и нејзината функционалност, во втората половина на 20-от век се појавило сложено научно истражување за психосоцијалните, физиолошките и другите функции на облеката (на пр. заштитна, преносна), со изданија како што се „Психологија на алиштата” од Флугел (англ. Flugel’s Psychology of Clothing) во 1930 година, антологиската „Физиологија на регулирање на топлината” (англ. Physiology of Heat Regulation) на Њубург и „Науката за облека” (англ. The Science of Clothing) во 1949 година. До 1968 година, значително напреднала и се проширила областа на физиологијата на средината, додека пак науката за облеката во однос на физиологијата на средината претпела мали промени. Иако оттогаш се појавило значајно истражување и значително се развило, основните идеи останале непроменети и секако современите автори продолжиле да и оддаваат признание на книгата за Њубург, вклучувајќи ги и оние автори кои се обидуваат да развијат терморегулативни модели за развојот на облеката.
Културолошки аспекти Полово диференцирање
Во повеќето култури, половото диференцирање се смета како погодно за мажите и жените. Разликите се во стиловите, боите и материјалите.
Во западните општества, здолништата, фустаните и чевлите со високи потпетици обично се сметаат за женска облека, додека вратоврските пак за машка облека. Панталоните некогаш се сметале за исклучиво машка облека, но денеска ги носат и двата пола. Машките алишта, вообичаено се попрактични(т.е. можат да бидат пофункционални при различни ситуации), но жените пак имаат поголем избор на стилови на облека. На мажите обично им е дозволено да ги покажат своите гради на повеќе јавни места. Општоприфатливо е жената да носи машка облека, додека спротивното е невообичаено.
Во некои култури, со закони се регулира она што мажите и жените треба да го носат. Исламот наложува жените да носат поскромни форми на облека, обично хиџаб (англ. hijab). Што се определува како ,,скромно’’ се разликува во различните муслимански општества, но сепак, жените треба да покријат поголем дел од своето тело за разлика од мажите. Со додатоците на облека како што се шамијата и бурката (англ. burqa), жените муслиманки го постигнуваат скромниот изглед.
Мажите понекогаш носат машки здолништа како тога(англ. toga) и килт (англ. kilt), особено на церемониите. Во минатото, овие алишта мажите често ги носеле како секојдневна облека. Во споредба со машката облека, женската облека е поатрактивна, и да ги заведува погледите на мажите. Низ историјата, жените со повисок статус носеле поскромна облека.
Општествен статус
Во некои општества, облеката се користи за да укаже на класата или статусот. На пр., во Стар Рим, само на сенаторите им било дозволено да носат облека со тиријан виолетова (англ.Tyrian purple). Во традиционалните хавајски општества само водачите носеле пердувести наметки, палаоа (ѓердани од заби на кит) или гравирани заби од кит. Во кралството Траванкор во Керала (Индија), жените од пониската каста морале да плаќаат данок за да го покријат горниот дел од нивното тело. Во Кина, пред создавањето на републиката, само императорот носел жолта боја. Историјата нуди многу примери за сложените закони со кои се регулираат нормите за облекување. Во општествата без вакви закони, како што се модерните општества, општествениот статус се определува со поседувањето на ретки или луксузни додатоци кои се ограничуваат со цената на оние со богатство или статус. Покрај тоа, влијанието на средината има улога во изборот на облека.
Религија
Верската облека може да се смета за специјален случај на професионалана облека. Понекогаш се носи само кога се изведуваат некои религиски церемонии. Но сепак, може да се носи секојдневно како ознака на припадност на некој религиски статус.
На пример, мажите јансенисти и муслимани носат незашиени парчиња облека кога изведуваат религиски церемонии. Таа облека претставува неколеблива и целосна оддаденост на задачата која им била дадена, без отстапување. Сиките носат турбан кој е дел од нивната религија.
Чистота на религиските фустани во источните религии како Хиндуизам, Сикизам, Будизам, Ислам, Јансенизам се од голема важност, бидејќи означуваат чистота.
Облеката има значајна улога во Библијата каде се среќава во бројни контексти, но најзначајни се: приказната за Адам и Ева, кои со листови од смоква ги покриле деловите од телото, наметката на Јосиф, Јуда и Тамар, Мардохеј и Естер. Понатаму свештениците кои чиноначалствувале во Храмот носеле посебна облека, и со нејзин недостаток тие биле подлежни на смрт.
Во исламската традиција, жените треба да носат долг, широк, непроѕирен фустан кога излегуваат од дома. Овој начин на облекување бил демократски (за сите жени, независно од нивниот статус) и заштита од жешкото сонце. Куранот го вели следното за соппружниците и сопругите: ,,…Тие се облека за вас, a вие за нив’’(глава 2:187)
Еврејскиот ритуал исто така наложува да се скине горниот дел од облеката, како знак на жалост. Оваа практика се наоѓа во Библијата кога Јаков слушнал за ненадејната смрт на неговиот син Јосиф.
Потекло и историја Првата забележена употреба Според археолозите и антрополозите, првата облека најверојатно се состоела од крзно, кожа, листови или трева кои биле завиткани или врзани околу телото. Познавањето на ваква облека останува дедуктивно, бидејќи материјалите од кои е изработена облеката попуштаат брзо за разлика од ракотворбите направени камен, коска, школка и метал. Археолозите многу рано ги откриле иглите за шиење од коска и слонова коска од пред 30.000 години п.н.е, пронајдени во близина на Костенки, Русија во 1988 година. Обоените ленени влакна кои можеби се користеле за облека биле пронајдени во праисториска пештера во Грузија пред 36.000 години.
Научниците сѐ уште за тоа кога луѓето почнале да носат облека. Ралф Китлер, Манфред Кеизер и Марк Стоункинг, антрополози на Институтот ,,Макс Планк” за еволутивна антропологија спровеле генетска истражување на телесни вошки коишто укажуваат на тоа дека облеката од неодамна, од пред околу 107.000 години. Телесните вошки се знак за носење на облека, бидејќи повеќе луѓе имаат ретки влакна на телото, поради тоа вошките бараат човечка облека за да преживеат. Нивното истражување укажува на тоа дека пронаоѓањето на облека можеби се совпаѓа со миграцијата кон север на современиот хомо сапиенс (Homo sapiens) далеку од жешката клима на Африка, која се мисли дека започнала пред 50.000- 100.000 години. Меѓутоа, втората група на истражувачи кои користеле слични генетски методи, процениле дека облеката потекнува од пред 540.000 години. За сега, датумот за настанувањето на облеката останува неоткриен.
Правење на облека Некои човечки култури, како луѓето од Северниот Поларник, традиционално ги прават нивните облеки од подготвени и украсени крзно и кожа. Други култури пак, ја надополниле или целосно ја замениле кожата со материјал: ткаен, плетен, испреден од разни животински и растителни влакна.