мини|Лого кое се користи од 4 октомври 1997 година Британската радиодифузна корпорација (Би-би-си) е Британска јавна радиодифузна корпорација со седиште во Лондон, Обединетото Кралство. Таа е најголемата радиодифузна корпорација во светот со околу 23000 вработени лица. Главна одговорност е делумно да обезбеди јавен радиодифузен сервис во Обединетото Кралство, Каналските Острови и островот Ман. Би-би-си е полуавтономен јавен радиодифузен сервис кој работи во рамките на Кралската повелба, со добиена лиценца и договор од Министерството за внатрешни работи. Во рамките на Обединетото Кралство, корпорацијата е финансирана главно од годишна телевизиско радиодифузна такса, која се наплаќа во сите британски домаќинства, компании и организации коишто користат каков било тип на опрема за снимање или емитуваат емисии во живо; големината на таксата, која е одобрена од Парламентот, се поставува годишно од страна на британската влада. Надвор од Велика Британија, Би-би-си обезбеди услуги со договорите за директно емитување и реемитување на радиото, се од отворањето на Би-би-си империјата за услуги во декември 1932 година, а од неодамна и со телевизијата и со интернетот. Иако светскиот сервис има посебен управен директор и трошоците се финансирани главно од директните донации на британската влада корпорацијата споделува некои од објектите на домашните услуги, поточно за вести и за тековни настани. Овие субвенции се одредуваат независно од домашната радиодифузна такса и обично се доделени од буџетот на Министерството за надворешни работи. Како такви, меѓународните содржини на Би-би-си традиционално претставуваат барем делумно важечка алатка на политиката на британската влада. Со неодамнешниот извештај на трошење на Светскиот сервис на Би-би-си, беа објавени плановите со кој Светскиот сервис ќе биде лишан од домашната радиодифузна такса. Корпорацискиот загарантиран приход од радиодифузната такса и субвенцијата на Светскиот Сервис се надополнети од профитот на комерцијално работење на компанијата низ целиот свет. БиБиСи исто така заработува дополнителни приходи од продажбата на програмски услуги преку Би-би-си студиото и пост продукцијата ЛТД, некогаш познато како ‘’BBC Resources Ltd’’, уште една компанија која е во целосна сопственост на корпорацијата. Повеќето од спијанијата и книгите на Би-би-си беа продадени во 2011 година. Би-би-си понекогаш се нарекува "Auntie" или "the Beeb". "Auntie" се користи како "сестрата" на БиБиСи корпорацијата, односно на австралиската радиодифузна корпорација.

Историја

БиБиСи беше првата национална радиодифузна организација.Таа е основана на 18 Октомври 1922година како ‘’British Broadcasting Company Ltd’’ од страна на британската Пошта и група од шест телекомуникациски компании-Marconi Radio Communication Company, Metropolitan-Vickers (MetroVick), General Electric, Western Electric, and British Thomson-Houston (BTH)- да емитуваат и експериментираат со радио услугите.Првиот пренос беше на 14 ноември истата година, од станицата 2LO,сместена во куќата на Маркони,Лондон.Таа година Џон Рит стана нејзин генерален менаџер. Во 1923 година комитетот Сајкс одби рекламирање бидејќи тоа ќе резултирало со намалување на стандардите, и препорача радиодифузен таксен фонд.За да се избегне конкуренцијата со весници, ‘’ Fleet Street’’ ја убеди владата да се забранат вести до 07:00, за БиБиСи да може да користи вести од други извори наместо да прикажува свои.До 1925година БиБиСи го следат 80% од Британците преку мрежа на регионални и релеј станици. Додека регионалните станици најпрвин понудија многу локални програми, до 1930година Националната програма од Лондон, и Регионалната програма од Лондон и неколку регионални градови, за тоа време БиБиСи го замени локалното радио.

GPO не беше спремен да ги собере трговските радиодифузни такси, додека пак финансиските загуби на БиБиСи предизвикаа производителите да посакаат да го напуштат здружението.Во 1925, Рит ја убеди другата комисија предводена од Ерл Крафорд да препорача нова суштина,која ќе биде независна и од владата и од корпорацијата и ќе спроведува емитување.Во 1926година генералниот штрајк го попречи објавувањето на весниците така што привремено стави крај на забраната за новинарско известување, при што рамноправната застапеност на штрајкувачите и на владините ставови за време на националната криза инпресионира милиони слушатели.Во 1926година владата ги прифати препораките на Комитетот на Крафорд и Рит беше прогласен за витез.На 1 јануари 1927година ‘’British Broadcasting Corporation’’ основана под повелбата Ројал,и со Рит како генерален директор којшто стана наследник на бизнисот. За да ја претстават својата цел и (одредени) вредности, Корпорацијата го усвои својот грб, вклучувајќи го мотото ‘’Нацијата ќе се залага за мир’’.Мотото главно му се препишува на Монтеки Џон Рендал,поранешен директор на колеџот во Винчестер, и член на првиот БиБиСи одбор на гувернери. Мотото се вели дека е" умесна адаптација" на Миха 4: 3 "Државата нема да крене меч против народот".

Во 1932година беа започнати експериментални телевизиски емитувања со помош на 30 линискиот систем развиен од страна на Џон Лоџ Берд.Емитувањето на редовни програми користејќи го овој систем започна во 1934година, со проширена служба(моментално именуван како БиБиСи телевизиска служба) започнати од страна на Александра Палас во 1936година, со избор помеѓу подобрениот 240линиски систен на Берд или електонските 405 линии на Маркони-ЕМИ системот.Супериорноста на електронскиот систем беше причината на опаѓањето на механичкиот систем во почетокот на следната година

Од 1939 до 2000 300px|мини|Телевизиски центар во Вајт Сити, западен Лондон (слика во 2009 година), седиште на Би-Би-Си од 1960 до 2013 година. Откако бил реновиран, комплексот денес е дом на BBC Studioworks. Телевизиското емитување е суспендирано од 1 септември 1939 година до 7јуни 1946година,за време на Втората светска војна.Широкор распространет мит е дека,по продолжувањето на услугата,Лесли Мичел започна со "Како што реков, пред грубо да не прекинат... "Всушнос,првиот човек што се појави кога продолжи емитувањето беше Јасмин Блај и нејзините зборови беа "Добар ден на сите.Како сте?Дали се сеќавате на мене,Јасмин Блај " Европската радиодифузна унија е формирана на 12 февруари 1959година во Турција помеѓу БиБиСи и други 23 радиодифузни организации."BBC Annual Report and Handbook". p. 215. BBC 1985

Конкуренцијата на БиБиСи започна во 1955година со независната телевизиска мрежа на ITV.Сепак монополот на БиБиСи за радио услугите ќе трае сè до 1970-те.Како резултат на извештајот од комитетот Пилкингтон во 1962година, во која БиБиСи беше пофален за квалитетот и опсегот на своето производство, и ITV беше силно критикуван за не доволното обезбедување на квалитетно програмирање, во 1964година беше донесена одлука за доделување на БиБиСи втор телевизиски канал, БиБиСи2, при што се преимениле постоечките услуги во БиБиСи1.БиБиСи2 ја користат поголемата резолуција од 625 линии која што е стандардизирана во Европа.БиБиСи2 првпат емитуваше во боја од 1 јули 1967година, а му се приклучија и БиБиСи1 и ITV на 15 ноември 1969година.405 линискиот VHF пренос на БиБиСи1 (и ITV) продолжи со компатибилноста со постари телевизиски приемници сè до 1985година.Во 1964година се отворија серија на пиратски радио станици (почнувајќи со радио Каролина) и ја принудија британската влада конечно да ги регулира радио услугите за да овозможи национално рекламни финансирани услуги.Како одговор на тоа,БиБиСи се реорганизира и ги преименува радио каналите. "Лесните" програми се поделени на Радио 1,кое што постојано нуди популарна музика и Радио 2 која што нуди по опуштена музика. Третата програма стана Радио 3 понудувајќи класична музика и културни програми.

Домашната програма стана Радио 4 која што нуди вести и не музички содржини како што се квизовите, драмите и претставите.Во 1967година освен четирите национални канали,беа основани и серија на локални BBC радио станици,вклучувајќи го Радиото Лондон. Во 1974 е воведена телетекст услугата на БиБиСи, Ceefax,создадена да обезбеди титлување(поднаслови),која што подоцна се користи за вести и информативни услуги.Во 1978 вработените на БиБиСи започнаа штрајк со блокирање на преносот на двата канали,соединувајќи ги сите 4 радио станици во една.

Како резултат на либерализацијата на телевизијата и радио пазарот во Велика Британија во 1980година, БиБиСи се соочува со зголемена конкуренција од комерцијалниот сектор( и од радиодифузниот сервис Канал4),а особено од сателитската телевизија, кабловската телевизија и дигиталните телевизиски услуги. Дирекцијата за истражување на БиБиСи одигра голема улога во развојот на техниките на емитувањето и снимањето.БиБиСи исто така беше одговорен за развој на NICAM стерео стандардот.

Во последниве децении,се отворени голем број на дополнителни канали и радио станици : Радио 5 започна со работа во 1990година како спортска и образовна станица,но во 1994година беше заменета со ‘’Radio 5 Live’’, следејќи го успехот на Радио 4 прикривајќи ја во 1991година војната на заливот.Новата станица известува за спотрски настани и вести.Во 1997година,каналот БиБиСи Вести 24 започна со користење на дигитални телевизиски услуги и следната година, БиБиСи отвори нов,трет забавен канал.БиБиСи исто така го купија и Парламентарниот канал, којшто е преименуван во БиБиСи парламент. Во 1999година, БиБиСи беше препознатлив како мултимедиумски канал, со услуги достапни на новиот БиБиСи дигитален телетекст,и на интернет. Каналот имаше образовна цел, којшто подоцна емитуваше документарни филмови.

Од 2000 до 2011

Во 2002 година, беа создадени нови канали :’’ BBC Knowledge’’ е преименувана во ‘’BBC Four’’ и стана документарен канал. Освен тоа, детскиот канал ‘’CBBC ‘’е поделен на ‘’CBBC’’ и ‘’CBeebies’’ со нови услуги за дигитални канали :каналот ‘’CBBC ‘’ и каналот ‘’CBeebies ‘’. Во прилог на телевизиските канали, создадени се нови дигитални радио станици : ‘’1Xtra ‘’, ‘’6 Music‘’ и ‘’BBC7 ‘’. ‘’BBC 1Xtra‘’ е ’’сестрата’’ на’’ Radio 1’’ спезијализирана за модерна црнечка музика, ‘’BBC 6‘’ специјализирана за алтернативни музички жанрови и‘’ BBC7‘’ специјализирана за говорот и детското програмирање.

Следните неколку години резултираа со преместување на неколку од каналите во поголем бренд : во 2003, BBC Choice стана BBC Three, со програми за помладите генерации и шокантни докоментарци од реалниот живот, BBC News 24 во 2008 стана BBC News Channel, и BBC Radio 7 во 2007 стана BBC Radio 4 Extra, со нови програми за да ги надополнат емитувањата на Radio 4.Во 2008 година беше создаден уште еден канал, BBC Alba, со шкотски услуги.

Во 2004 година извештајот и истрагата на Хатон покренаа прашања за новинарските стандарди на БиБиСи и неговата праведност. Ова доведе до оставки во повисокото раководство, вклучувајќи го тогашниот генерален директор Грег Дајк. Во јануари 2007година,на средбата во одборот беше објавен записникот што доведе до оставка на Грег Дајк. За разлика од другите оддели на БиБиСи, светскиот сервис на БиБиСи е финансиран од Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи,познато како ‘’Foreign Office’’ на’’ FCO’’, е британски владин оддел одговорен за промовирање на интересите на Обединетото Кралство во странство. Во изминатите неколку години БиБиСи експериментираше со HD телевизијата. Во 2006година БиБиСи HD започна како експериментална програма а во 2007година стана и официјална. HD каналот комбинирано ги пренесува програмите на BBC One, Two, Three и Four

Од 2011 до денес