Природна катастрофа е голем негативен настан како резултат на природни процеси на Земјата, меѓу кои и поплави, цунами, вулкански ерупции, земјотреси и други геолошки процеси. Природната катастрофа може да предизвика губење на живот или оштетување на имоти и обично остава економска штета зад себе, тежината што зависи од издржливоста на засегнатото население, или способноста да закрепнат.
Негативниот настан нема да дојде до ниво на катастрофа ако се случи во област без ранливо население.Luis Flores Ballesteros. "What determines a disaster?" 54 Pesos Sep 2008:54 Pesos 11 Sep 2008. <http://54pesos.org/2008/09/11/what-determines-a-disaster/ > Секако дека во ранлива област, како Сан Франциско, еден земјотрес може да има катастрофични последици и да остави трајни оштетувања, за кои ќе бидат потребни години да се поправат.
Лавини
thumb|right|Лавина од снег како прав Во текот на Првата светска војна, околу 40.000 до 80.000 војници загинаа како резултат на лавини во текот на планинската кампања во Алпите во Австријско-италијанскиот фронт, од кои многу беа предизвикани од артилериски оган.Lee Davis (2008). "Natural Disasters". Infobase Publishing. p.7. ISBN 0-8160-7000-8
Земјотреси
thumb|200px|Земјотресот во Сицилија во 1963 г. Околу 60.000 луѓе се верува дека починале во овој земјотрес.
Земјотресот е резултат на ненадејно ослободување на енергија во Земјината кора, која создава сеизмички бранови. На површината на Земјата, земјотресите се манифестираат со вибрации, тресење, а понекогаш и поместување на земјата. Вибрациите може да се разликуваат во големина. Земјотресите се предизвикани главно од лизгање во геолошки раседи, но исто така и од други настани, како што е вулканска активност, лизгање на земјиштето, експлозии во рудник и јадрени проби. Подземната точка на потеклото на земјотресот се нарекува фокус. TТочката директно над фокусот на површината се нарекува епицентар. Земјотресите сами по себе ретко убиваат луѓе или диви животни. Тоа го прават обично секундарните настани што ги предизвикуваат, како уривањето на згради, пожари, цунами (сеизмички морски бранови) и вулканите што претставуваат всушност човечка катастрофа.Многу од нив може да се избегнат со подобра градба, безбедносни системи, рано предупредување и план за евакуација.
Некои од најзначајните земјотреси во последно време ги вклучуваат: Земјотресот во Индискиот Океан во 2004 година, tтрет по големина забележан земјотрес во историјата со моментна големинарегистрирана на 9.1-9.3. Во огромното цунамипредизвикано од овој земјотрес загинаа најмалку 229.000 луѓе. Во 2011 земјотресот во Тохоку и цунами со забележана мометна големина од 9,0 степени. Бројот на жртвите од земјотресот и цунамито е над 13.000, а над 12.000 луѓе сè уште се водат за исчезнати. На 8, 8 степени земјотресот во Чиле и цунамито на 27ми февруари 2010 г. ги чинеше животите на 525.^ "USGS Earthquake Details". United States Geological Survey. http://earthquake.usgs.gov/earthquakes/eqinthenews/2010/us2010tfan/. Retrieved February 27, 2010 Сечуан земјотресот во провинцијата Сечуан, Кина на 12ти мај 2008 г. од 7,9 степени. Бројот на жртвите е повеќе од 61,150 од 27ми мај 2008 г. На 7.7 степени земјотресот во Јава во јули 2006 г. исто така предизвика цунами. На 7.6-7.7 степени од земјотресот во Кашмир, Пакистан во 2005 г. загинаа 75.000 луѓе.
Вулкански ерупции
thumb|Впечатокот на уметникот за вулкански ерупции, кои ја формираа Декан Капан во Индија
Вулканите може да предизвикаат големо уништување и последователна катастрофа на неколку начини. Последиците ја вклучуваат самата вулканска ерупција што може да предизвика штета следејќи ја експлозијата на вулканот или падот на карпата. Второ, лавата може да се произведе за време на ерупцијата на вулканот. Како што го напушта вулканот, лавата уништува многу градби и растенија што ги сретнува. Трето, вулканската пепел обично значи оладена пепел- може да формираат облак и се сместува густо во места кои се во близина.Кога ќе се измеша со вода ова формира материјал како концентрат. Во доволни количини пепелта може да предизвика паѓање на кровови поради тежината но дури и во мали количини ќе им наштети на луѓето доколку ја вдишат.Поради тоа што пепелта има густина на мат стакло предизвикува штета со нагризување на деловите што се движат како моторите. Главниот убиец на луѓето во непосредната близина на вулканската ерупција се пирокластичните текови, коишто се состојат од облак на жешка вулканска пепел што се крева во воздухот над вулканот и јури надолу по падините кога ерупцијата повеќе него поддржува подигнувањето на гасовите. Се верува дека Помпеја била уништена од пирокластични текови. Лахар е вулкански каллив тек или одронување на земја. Катастрофата во Тангиваи во 1953 г. била предизвикана од лахар, како и трагедијата во Армеро во 1985 г. во која градот Армаро беше потрупан и околу 23.000 луѓе загинале.
Посебен вид на вулкан е супервулкан. Според теоријата на катастрофа Тоба пред 75.000 до 80.000 години супервулканот кај езерото Тоба ја намалил човечката популација до 10.000 или дури и 1/000 парови за разможување создавајќи тешкотија во човечката популација. Исто така загинаа три четвртини од растителниот свет во северната полутопка. Главната опасност од супервулканот е огромниот облак од пепел кој има катастрофални последици врз климата и температурата за многу години.
Хидролошки катастрофи Поплави
Поплава е излевање на големо количество вода што ја потопува земјата.MSN Encarta Dictionary. Flood. Посетено на 2006-12-28. 2009-10-31. Директивата за поплави на ЕУ ја дефинира поплавата како привремено покривање на земјата со вода.Directive 2007/60/EC Chapter 1 Article2 Во смисла на “течење вода”, зборот може исто така да се примени како прилив на плима. Поплавувањето може да биде резултат на количината на водата во простор од вода како река или езеро, што излива или ја разбива браната, со тоа што дел од водата бега од своите вообичаени граници.Glossary of Meteorology (June 2000). Flood. Посетено на 2009-01-09. Додека големината на езеро или некој друг простор со вода ќе се менува со сезонските промени на врнежите или топењето на снегот, не е значајна поплава ако водата ја покрива земјата која се користи од страна на човекот како село, град или друга ненаселена област, патишта, пространства на обработливо земјиште и др.
thumb|Реката Лимпопо, во јужниот дел на Мозамбик, во текот на поплавата во Мозамбик во 2000 година Некои од најзначајните поплави вклучуваат: Поплавата во Џоштаун во 1889 г. каде што над 2200 луѓе ги изгубија своите животи кога браната Саут Форк што го држи езерото Конема се скрши. Жолтата Река во Кина предизвикува поплави особено често. Големата поплава од 1931 г. предизвика меѓу 800.000 и 4.000.000 смртни случаи. Големата полава од 1993 г. беше една од најскапите полави во историјата на САД. Во 1998 г. Сината Река во Кина остави 14 милиони луѓе без своите домови. Поплавата во Мозамбк во 2000 г. покри поголем дел од земјата за три недели, резултирајќи со илјадници смртни случаи, и оставајќи ја земјата опустошена со години потоа. Поплавата во Мумбаи во 2005 г. во која загинаа 1094 луѓе. Во 2010 г. Пакистан се поплави уништувајќи земјоделски посеви и ифраструктура, и многу животи.
Тропските циклониможе да резултираат со големи поплави и невреме како што се случи со: Циклонот Бола кој го погоди Источен Пакистан (сега Бангладеш) во 1970 година, Тајфунот Нина, кој ја погоди Кина во 1975 година, Ураганот Катрина, кој го погоди Њу Орлеанс, Луизијана во 2005 година, и Циклонот Јаси, кој го погоди Австралија во 2011 година
Лимнички ерупции
thumb|left|150px|Крава угушена од гасови од езерото Њос по алимнична ерупција Лимнична ерупција се случува кога гас, обично CO2, одеднаш избувнува од длабока езерска вода, поставувајќи закана од угушување на дивиот свет, добитокот и луѓето. Ваква ерупција миже исто така да предизвика цунами во езерото како што зголемувањето на гас ја истиснува водата. Научниците веруваат дека одронувањето на земјиштето, вулканската активност можат да предизвикаат ваква ерупција. До денес, само две лимнични ерупции биле забележани и снимени: Во1984 година, во Камерун, лимнична ерупција во езерото Монаун предизвика смрт на 37 околни жители. Во близина на езерото Најос во 1986 година во многу поголема ерупција загинале меѓу 1.700 и 1.800 луѓе од задушување.
Цунами
TЦунами може да бидат предизвикани од подморските земјотреси како оние предизвикани во Ао Нанг, Тајланд, со земјотресот во Индискиот Океан во 2004 г. или од одронување на земјиштето како оној во Литаја Беј, Алјаска. Земјотресот во Индискиот Окен го создаде цунамито Боксинг Деј и катастрофа на ова место. На 11ти март 2011 г. Се случи цунамито близу Фукушима, јапонија и се рашири преку Тихиот Океан.
Метеоролошки катастрофи
thumb|Млад бик по виулица, март 1966 г.
Виулици
Виулиците се тешки зимски бури што се одликуваат со јаки снежни врнежи и силни ветрови. Кога илните ветрови го расфрлаат снегот што веќе е паднат, се нарекува земјена виулица. Виулиците може да влијаат на локалните економски активности, особено во региони каде што паѓањето на снег е ретко.
Значајни виулици вклучуваат: Во големата виулица од 1888 г. во САД во “големата виулица од 1888 г.” беа уништени многу тони пченична култура. Виулицата во Авганистан во 2008 г. Виулицата во Северна Америка во 1947 г. Виулицата во Иран од 1972 г. Резултираше со околу 4.000 смртни случаи и траеше од 5 до 7 дена.
Циклонични бури thumb|Ураганот Катрина
Циклонот, тропски циклон, ураган, и тајфун се различни имиња за една иста појава е систем на циклична бура кој се формира над океаните. Најсмртоносниот ураган беше циклонот Бола од 1970 г.: најсмртоносниот атлантски ураган беше Големиот Ураган од 1780 г. што го опустоши Мартиник, Свети Евстахиј и Барбадос. Друг забележлив ураган е ураганот Катрина што го уништи Мексиканскиот Залив во 2005 г.
Суши
thumb|На периферијата на Дадаб, Кенија, за време на сушата во источна Африка во 2011 г.
Суша е необично сушење на почвата, што резултира со уништување на посевите и недостиг од вода за други намени, предизвикани од значително пониски врнежи од просечно во текот на еден подолг период. Топли суви ветрови, високи температури и последователното испарување на влагата од земјата може да придонесе за услови на суша.
Познати историски суши вклучуваат: Во 1900 г. во Индија убивајќи меѓу 250.000 до 3,25 милиони луѓе. Во1921-22 г. во Советскиот Сојуз во која над 5 милиони умреа од глад поради сушата Во1928-30 г. во северозападниот дел на Кина резултира со повеќе од 3 милиони смртни случаи од глад. Во 1936 г.и 1941 г. во провинцијата Сечуан во Кина резултира со 5 милиони и 2,5 милиони смртни случаи по наведен редослед. Во 2006 г. државите на Австралија, вклучувајќи Јужна Австралија, Западна Австралија, Нов Јужен Велс, Северна Територија и Квинсленд биле под сушни услови 5-10 години. Сушата почнала да влијае врз населението од градските подрачја за првпат. Со поголемиот дел од земјата под ограничувања за вода. Во 2006 г. провинцијата Сечуан во Кина доживува најголемата суша во модерните времиња со речиси 8 милиони луѓе, а над 7 милиони добиток се соочува со недостаток на вода. 12-годишна суша која ја уништуваше југозападно Западна Австралија, југоисточна Јужна Австралија, Викторија и северниот дел на Тасманија беше "многу тешка и без историски претходник" . Во 2011 г., државата Тексас живееше под декларација за итен случај на суша за време на цела календарска година. Сушата предизвика Бастроп пожари.
Невреме со град
Невреме со град се паѓање на капки дожд кои пристигнуваат како мраз наместо топење пред да ја погодат земјата. А особено штетно невреме со град го погоди Минхен, Германија, на 12 јули 1984 година, предизвикувајќи околу 2 милијарди долари во барања за осигурување.
Топлотни бранови
Топлотен бран е период на невообичаено и претерано топло време. Најлошиот топлотен бран во неодамнешната европска историја беше Европскиот топлотен бран од 2003 г.