Аристотел (, Димос Аристотели) — општина на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Ерисово (Јерисос). Општината е наречена по големиот филозоф Аристотел, кој е роден во ова подрачје. Територијата на општината во најголема мера се совпаѓа со она што традиционално се нарекува Лариговско (или Лериговско).

Населени места лево|мини|299x299пкс|Карта со населени места на Општина Аристотел Карта на населени места на Округот Халкидик

Општината Аристотел е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“. со спојување на три стари општини: Леригово (Арнеја), Ревеник (Панагија) и Стагира-Акант. Денешната општинска единица Стагира-Акант е наречена по два древномакедонски града, од кои првиот е родно место на филозофот Аристотел.

Општинска единица Леригово Општинската единица Леригово со седиште во Леригово (Арнеја) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Леригово мини|десно|Поранешната општина Леригово на картата на некогашниот округ Халкидик. село Леригово (Αρναία, Арнеја)

Општински оддел Варвара

село Варвара (Βαρβάρα) село Варварски Колиби (Καλύβια Βαρβάρας, Каливија Варварас) остров Кавканас (Καυκανάς) село Златен Брег (Χρυσή Ακτή, Хриси Акти)

Општински оддел Ново Село село Ново Село (Νεοχώρι, Неохори)

Општински оддел Паљухор село Паљухор (Παλαιοχώρι, Палеохори)

Општински оддел Стано село Стано (Στανός, Станос)

Општинска единица Ревеник мини|десно|Поранешната општина Ревеник на картата на некогашниот округ Халкидик.

Општинската единица Ревеник со седиште во Ревеник (Мегали Панагија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Ревеник село Ревеник (Μεγάλη Παναγία, Мегали Панагија)

Општински оддел Гомати село Гомати (Γομάτι) село Девелики (Δεβελίκι) село Пиргос Хилијадус (Πύργος Χιλιαδούς)

Општински оддел Пиргадкија село Пиргадикија (Πυργαδίκια) село Свети Јован Претеча (Άγιος Ιωάννης Πρόδρομος, Агиос Јоанис Продромос) село Аса (Άσσα)

Општинска единица Стагира-Акант мини|десно|Поранешната општина Стагира-Акантос на картата на некогашниот округ Халкидик.

Општинската единица Стагира-Акант со седиште во Ерисово (Јерисос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Ерисово град Ерисово (или Ерисо; Ιερισσός, Јерисос) село Гаврадија (Γαβράδια) село Кумица (Κουμίτσα) село Лимани (Λιμάνι) село Ксиропотамо (Ξηροπόταμο)

Општински оддел Амолјани остров Амолјани (Αμμουλιανή, Амулјани) острови Магарешки Острови (Δρένια, Дренија) село Лимани (Λιμάνι) село Трипити (Τρυπητή)

Општински оддел Метох Пирг село Метох Пирг (Ουρανούπολη)

Општински оддел Провлака село Провлака (Νέα Ρόδα, Неја Рода)Новоосновано село од грчки доселеници од Турција во 1923 г. на подрачјето на тогашната месност Провлака. манастир Свети Павле (Μετόχι Αγίου Παύλου, Методхи Агиу Павлу) село Скала (Σκάλα)

Општински оддел Олимпијада село Олимпијада (Ολυμπιάδα)

Општински оддел Стагира село Казанџи Маала (Στάγιρα, Стагира)

Општински оддел Стратони село Стратони (Στρατώνι)

Општински оддел Стратоники село Извор (Στρατονίκη, Стратоники) остров Елевтера (Ελευθερόνησος, Елевтеронисос) село Крионери (Κρυονέρι)

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Аристотел

Категорија:Општини во Егејска Македонија