Foreclosure of a Dream е песна на Мегадет од нивниот петти студиски албум Countdown to Extinction. Беше објавена како сингл и притоа се искачи на 30-тото место на Билборд листата која ги рангира најпопуларните рок нумери во САД.Мегадет: Преглед на статистичкиот пласман на нивните песни, Billboard.com; проверено на 14 декември 2007

На видео записот се појавуваат сите членови на бендот, а приказната во него содржи и лични и политички мотиви. Структурата на песната е мелодична и наликува на балада. Насловот во превод би значел „запленување на соништата“, што воедно е и пораката на песната, дека сите мали луѓе имаат големи, но неостварливи соништа.

Оваа песна, според басистот Дејвид Елефсон, сведочи за една неправда нанесена врз неговото семејство кое живеело на фармата во Минесота. За време на владеењето на Роналд Реган, дел од нивниот имот бил конфискуван, а земјоделската дејност им замрела. Мастејн го потврдил политичкиот контекст на песната, велејќи дека владата ги држи во свои раце судбините на фармерите-производители, кои биле јадрото на американското општество.Коментарите на Елефсон и Мастејн , The Realms of Deth; проверено на 13 јануари 2013

Список на песни „Foreclosure of a Dream“ – 4:20 „Skin o' My Teeth“ (во живо) – 4:02 „Foreclosure of a Dream“ (преработка) – 4:00 Плочата наменета за европскиот пазар ја има и „Symphony of Destruction“ во изведба на Nine Inch Nails Maxi CD Single C2 0777 7 15935 2 9

Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Марти Фридмен - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Ник Менза - тапани

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Foreclosure of a Dream на YouTube

Поврзано Мегадет Countdown to Extinction

Категорија:Песни на Megadeth

pt:Foreclosure of a Dream