Ентони Најџел Мартин (роден на 11 август 1966), попознат само како Најџел Мартин, е поранешен англиски професионален фудбалер, голман, кој активно бранел од 1987 до 2006 година.
Тој ја започнал својата кариера со Бристол Роверс од каде се преселил во Кристал Палас, за да стана првиот голман во британскиот фудбал кој направил трансфер вреден 1 милион £. Во 2006 година Мартин се преселил во Лидс Јунајтед во чии редови поминал шест сезони. Тој исто така ја чувал мрежата и на репрезентацијата на Англија во 23 натпревари во периодот од 1992 до 2002 година, иако најчесто бил втора опција зад Дејвид Симан. Во 2006 година повреда на глуждот го принудила Мартин пред време да се пензионира, по три сезони поминати во тимот на Евертон.
Надворешни врски Профил на soccerbase Профил на Мартин на мрежното место на куќата на славните на ФК Кристал Палас "Профил на Најџел мартин "ToffeeWeb" article Профил на soccerway
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1966 година