Градиште — археолошко наоѓалиште во валандовското село Градец. Претставува градиште од доцноантичко време.

Местоположба

Се наоѓа на 3 км западно од селото, каде над висок рид што доминира над долината на Вардар.

Историја

Бил прогласен за културно наследство на Македонија во минатото, но не е вклучен на последниот список од страна на Управата за заштита на културното наследство (ноември 2024 г.).

Опис

На зарамнето плато има зачувани темели од одбранбен бедем. Овде на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градец; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско.

Наводи

Категорија:Градец (Валандовско)