thumb|right|200px|Местоположба на Ангаур во Палау.
Ангаур или Нгеаур (јапонски: |アンガウル) е остров и сојузна држава во островската држава Палау. Островот има вкупна површина од 8 км2 и население од 188 жители според пописот од 2002 година. Административен центар на сојузната држава е селото Нгеремасч. Источно од ова село се наоѓа селото Роис.
Од 1909 до 1954 година на островот бил активен рудник за фосфат. Првично рудникот бил отворен од Германците, а потоа бил управуван од Јапонците и на крај Американците. На островот се одвивала значајна битка за време на Втората светска војна.
Ангуар се наоѓа југозападно од Пелелиу и е популарно место за сурфање. На островот може да се пристигне со бродови и мали авиони. Источниот дел од островот е претежно песочен, а на западниот дел има мала лагуна со рибарско и транспортно пристаниште. Според „CIA Factbook“, службените јазици на островот се јапонски, англиски и ангаурски јазик. Ангаур е единственото место надвор од Јапонија каде јапонскиот е службен јазик.
Наводи
Поврзано Палау Океанија Острови во Палау
Категорија:Сојузни држави во Палау Категорија:Острови во Палау