мини|upright=1.35|Пожарникарите се изложени на ризик од оган и рушење на градбата за време на нивната работа. Ризик (англиски: risk) претставува можност за промена на нето-паричните приливи на претпријатието поради определени економски, технолошки и други настани (промена на пазарните каматни стапки, девизните курсеви, цените на акциите, грешки во компјутерските системи, човечки грешки, измами итн.).

Зборот „ризик“ доаѓа од францускиот збор risque и од италијанскиот збор risco, кои пак произлегуваат од латинските зборови re и secare. Оттука, првобитно зборот „ризик“ означувал „отсекува“ и се однесувал на отсечените парчиња од карпи кои претставувале опасност за морнарите.Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 66.

Ризикот како економска категорија Во финансиската теорија, ризикот се дефинира како девијација или отстапување од очекуваните резултати кои настанале како резултат на варијации на финансиските променливи. Ризикот е изложеност на неизвесност или неизвесност од идните исходи. На тој начин, ризикот е составен од две компоненти: неизвесност и изложеност на неизвесност.Cvetanović, S. (2008), Banking, Dalhousie University - Electronic Text Centre, France, стр. 7-11. Постојат многу различни дефиниции за ризикот, но она што е заедничко за сите нив се неизвесноста и можните загуби во услови на неизвесност.Cvetinovic. M. (2008), Upravljanje rizicima u finansiskom poslovanje, Beograd. Во економската наука, поголемо внимание на ризикот како економска категорија се посветува во последните триесетина години од 19 век под дејство на следниве фактори: процесот на интеграција на меѓународните пазари на стоки и услуги, капитал и работна сила и нивна сè поголема регионализација; појавата и развојот на мултинанационалните компании, кои влијаат врз големите трансфери на капитал и директни инвестиции од земја во земја; појавата и развојот на големите мултинационални банки кои се во можност да ги следат движењата на капиталот и директните инвестиции од страна на мултинационалните компании; зголемувањето на улогата на специјализираните банки за финансирање, рефинансирање и осигурување од комерцијални и некомерцијални ризици и за т.н. ризичен капитал; воведувањето промени во банкарското работење што се огледуваат во новините во организацијата и технологијата и нови видови банкарски работи.

Според една дефиниција, ризикот претставува промена или девијација од стандардниот нето - прилив на парични средства во една фирма. Притоа, стремежот на фирмата е да ја зголеми вредноста на сопствениот капитал преку овозможување максимална добивка за своите акционери, во согласност со степенот на преземениот ризик.Shelagh Heffernan, Modern Banking, John Wiley & Sons, 2009, стр. 113. Според Одлуката за управување со ризиците на НБРМ, ризикот претставува веројатност одредена активност или настан да има директно негативно влијание врз добивката или врз сопствените средства, или да предизвика тешкотии во остварувањето на целите на банките.„Одлука за управување со ризиците“, Службен весник на РМ, бр. 31/2008. Според меѓународниот стандард ISO 31000, ризикот претставува ефект од неизвесноста во остварувањето на целите. Според ревидираната дефиниција на COSO, ризикот претставува можност дека ќе се појават настани кои влијаат на остварувањето на деловните цели и на стратегијата.Михајло Борозанов, „Како да се имплементира современ метод на корпоративно управување со ризиците?“, Економија и бизнис, година 19, број 227, мај 2017, стр. 58. Ризиците во работењето се појавуваат како последица на бројни фактори, меѓу кои најважни се оние на деловното окружување, промените во каматните стапки, промените на девизниот курс, иноваторскиот и техничкиот прогрес, прогресот на електрониката и др.

Видови ризици Фирмите се изложени на повеќе видови ризици. На пример, трговските друштва се изложени на три вида ризици:Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 3-4. деловни ризици (business risks) - ризиците што фирмата доброволно ги презема во работењето (на пазарот на производите на кој дејствува), а произлегуваат од технолошките промени, маркетингот, дизајнот на производот итн. стратегиски ризици (strategic risks) - оние што произлегуваат од фундаменталните промени во економијата и во политичкиот амбиент (промена на политичкиот систем, национализација итн.) Финансиски ризици (financial risks) - можните загуби на финансиските пазари.

Во групата на финансиски ризици влегуваат: пазарен ризии, кредитен ризик, ликвидносен ризик, оперативен ризик и правен ризик.Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 14.

Во продолжение, во работењето на банките се прави разлика помеѓу следниве најважни видови ризици: кредитен ризик; ликвидносен ризик; пазарен ризик; оперативен ризик; ризик од несолвентност; ризик од концентрација..

Кредитен ризик

Кредитниот ризик (credit risk) ја претставува веројатноста дека должникот нема навреме да ги извршува своите обврски, т.е. да ги отплаќа основниот долг и каматата според договорените услови. Сите средства на банката, вклучувајќи ги и вонбилансните ставки, помалку или повеќе, се изложени на кредитниот ризик, но тој е најмногу поврзан со кредитите. Затоа, уште пред одобрувањето на кредитот, банката прави продлабочена анализа со цел да ја утврди способноста на кредитобарателот за навремено враќање на кредитот. Сепак, ниту најдобрата кредитна анализа не може да го отстрани кредитниот ризик, бидејќи по одобрувањето на кредитот можат да настанат некои промени кај должникот или во окружувањето, што ќе можат да се одразат врз неговата способност за извршување на неговите обврски кон банката. На пример, економијата може да ја зафати остра рецесија, што ќе предизвика намалување на приходите на претпријатието и, оттука, тоа не ќе може навреме да го отплаќа земениот кредит. Или, поради разни причини, човек може да остане без работа и поради тоа да не може да го врати потрошувачкиот кредит.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 63.

Ликвидносен ризик

Ликвидносниот ризик (liquidity risk) се дефинира како ризикот од тоа фирмата да не може да обезбеди доволно парични средства за измирување на своите краткорочни обврски во моментот на нивното достасување, или потребните средства да ги обезбеди со многу повисоки трошоци. На пример, банката се соочува со овој ризик ако не е способна да обезбеди парични средства за да излезе во пресрет на депонентите коишто сакаат да си ги повлечат своите депозити, како и да ја задоволи побарувачката на кредити од страна на кредитноспособните клиенти. Своите потреби од ликвидност, фирмата може да ги задоволи така што ќе држи одреден износ парични средства во вид на готови пари или пари на својата сметка. Сепак, имајќи предвид дека парите носат многу мал принос или, пак, воопшто не носат никаков принос, фирмите настојуваат да ги сведат паричните средства на што помало ниво. Тоа значи дека, гледано на подолг рок, фирмите ја обезбедуваат ликвидноста на други начини: да држат резерва за ликвидност (претежно, кусорочни хартии од вредност што можат многу брзо и со мала загуба во цената да се продадат на пазарот). Средствата што ги поседуваат овие одлики се нарекуваат ликвидни средства. Според тоа, ако фирмата поседува поголем износ ликвидни средства, таа е изложена на помал ликвидносен ризик. Во продолжение, фирмата може да ја обезбеди својата ликвидност и на тој начин, што ќе позајми парични средства, тогаш кога ќе има потреба за тоа. На пример, фирмата може да земе кредит од друга банка. Значи, ако фирмата има на располагање поголем износ туѓи, позајмени извори на средства (по вообичаената пазарна цена), таа се одликува со повисока ликвидност, односно со помал ризик од неликвидност.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 64-65.

Врз основа на сето тоа, ризикот од неликвидност може да се оценува преку повеќе показатели, како што се:Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 65. Односот меѓу паричните средства и вкупните средства. Односот меѓу ликвидните средства и вкупните средства. Односот меѓу депозитите по видување и орочените депозити на банката.

Пазарен ризик

Пазарниот ризик (market risk) ја покажува веројатноста за промена на добивката и пазарната вредност на капиталот на банката, предизвикана од промената на пазарните цени. Во основа, пазарниот ризик се јавува во три видови: каматен ризик, ценовен ризик и девизен ризик.

Каматниот ризик (interest rate risk) ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на фирмата поради промена на пазарните каматни стапки. Со други зборови, каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на фирмата реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Притоа, во зависност од структурата и одликите на средствата и обврските на фирмата, промената на каматните стапки може да ги зголеми или да ги намали приходите и расходите на фирмата. Во таа смисла, сите средства и обврски на фирмата можат да се групираат во две групи: каматноосетливи и каматнонеосетливи. Каматноосетливи средства и обврски се оние чии приходи и расходи се менуваат под влијание на промените на пазарните каматни стапки. Ако промените на каматните стапки не се одразуваат врз приходите на средствата, т.е. расходите на обврските, тогаш станува збор за каматнонеосетливи средства и обврски. Според тоа, изложеноста на банката на каматниот ризик може да се мери преку показатели од типот на:Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 66. Разликата меѓу износот на каматноосетливите средства и каматноосетливите обврски. Односот меѓу износот на каматноосетливите средства и каматноосетливите обврски.

Ценовниот ризик (price risk) го покажува влијанието на промените на каматните стапки врз пазарната вредност на средствата на фирмата. Имено, промената на пазарните каматни стапки предизвикува промена на пазарните цени на финансиските инструменти што носат постојан принос. Оттука, при пораст на пазарните каматни стапки, пазарната вредност на средствата што ги држи фирмата (обврзници, деривати итн.) ќе се намали и тоа ќе предизвика намалување на пазарната вредност на капиталот на фирмата. Освен тоа, поради намалувањето на пазарната вредност на финансиските инструменти, фирмата ќе се соочи со остварена или неостварена капитална загуба, што ќе ја намали нејзината добивка.

Валутниот или девизен ризик (currency risk, foreign exchange risk) ги одразува ефектите од промената на девизните курсеви врз добивката на фирмата, како и врз вредноста на нејзините средства и обврски. Се разбира, фирмата е изложена на овој ризик само ако има средства, обврски и вонбилансни ставки изразени во некоја странска валута. На пример, ако банката одобрила кредит во американски долари, тогаш промената на курсот на доларот ќе предизвика промена на вредноста на кредитот (искажана во денари). Така, доколку по одобрувањето на кредитот вредноста на доларот се намали, тогаш, при наплатата на кредитот, банката ќе добие помала вредност во денари во споредба со денарската вредност на кредитот во моментот на неговото одобрување.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 67.

Оперативен ризик