Горно Фалише — историско село во областа Горен Полог, во Општина Брвеница, Тетовско.
Денес, од некогашното село е останата само црквата „Св. Атанасиј“, додека околу нејзе се наоѓаат обработливи површини.
Црквата ја одржуваат луѓе од селото Стенче, бидејќи и целиот стар селски атар е вметнат во стенчанскиот.
Географија и местоположба
Селото се наоѓало околу 3 километри на запад од соседното село Стенче, на левата страна од реката Вардар. Селото било сместено во рамничарскиот дел на Полог.
Историја
Горно Фалише било старо село, бидејќи се споменува во 1461 или 1462 година како село покрај кое поминувал патот од Горно Фалише за Пиргос (денешен Пирок). Селото се споменува во XV век под името Горно Хвалишта.Г. Елезовић, Турски извори за нашу историју, бр. 11, стр. 130, 132
Селото било населено со православно македонско население и во него имало две цркви посветени на Свети Атанасиј. Покрај селото водел пат од Горен за Долен Полог наречен „Скопски Пат“. Затоа, селото било изложено на напади и населението почнало да се намалува.
Околу 1870 година, Горно Фалише било чифлигарско село со околу 30 македонски куќи. Тогаш, муслиманските сопственици ја продале земјата заедно со куќите на околните поимотни селани од селата Стенче, Волковија и Чегране, поради што селаните морале да се иселат, бидејќи новите сопственици ја претвориле земјата во ниви.
Последните жители кои го напуштиле селото се преселиле во соседното Радиовце, и од тамошната црква го донеле сребрениот крст, со кој денес се осветуваат водите за Водици и поради тоа селото има 2 крста.
Стопанство
На Вардар се наоѓале воденици, кои биле споменати во турски документи.
Население
К`нчов во последната деценија на XIX век кога ја посетил Македонија, опишал дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а веќе во 1890 опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни."Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил К’нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100
Родови
Стенче било македонско село со православно население.
Според истражувањата на Јован Трифуноски се знае за следниве родови од селото: Ангеле, Петре, Дамњан и Огњан, преминале во Стенче. Нивните семејства таму изумреле; Ивановци заминале во Тумчевиште, но и тие изумреле таму; Билбиловци заминале во Тетово. Имало и други иселеници во Радиовце, Врапчиште и Волковија.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква Во минатото постоела уште една истоимена црква, која се наоѓала на месноста Крс, каде покрај урнатините од црквата се ископувале темели од куќи и гробови.
Редовни настани
Слави Атанасовден — црковна и селска слава
Галерија
Поврзано Општина Тетово Долен Полог
Наводи
† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Стенче