Светско првенство во фудбал 2022 — 22. светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Турнирот ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година. Ова било првото светско првенство кое се одржало во Арапскиот свет, и второто Светско првенство одржано целосно во Азија по турнир во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.
Поради интензивните летни горештини и влажност во Катар, ова Светско првенство се одржало во зима, и било првиот турнир што не се одржал во мај, јуни или јули и се одржал во доцна есен на северната полутопка. Се одиграло во намален временски рок од 29 дена. Воведниот натпревар бил помеѓу Катар и Еквадор на Стадион Ал Бајт, во Ал Хор. Финалето се одиграло на 18 декември 2022 година, на Националниот ден на Катар. Бранител на титулата била Франција, која ја совладала Хрватска со 4–2 во финалето на Светското првенство 2018.
Аргентина го освоила првенството, победувајќи го бранителот на титулата Франција во финалето со 4–2 на пенали, по ремито 3–3 по продолженијата. Францускиот играч Килијан Мбапе станал првиот играч кој постигнал хет-трик во финале на Светско првенство по Џеф Херст во финалето во 1966 година и ја освоил Златната копачка откако постигнал најмногу голови (осум) за време на турнирот.
Во мај 2011, постоеле обвинувања за корупција во ФИФА кои ги покренале прашањата околу легитимноста на Светското првенство да се одржи во Катар. Според потпретседателот Џек Варнер, бил испратен имејл околу можноста дека Катар го "купил" Светскиот куп 2022 преку мамење од страна на Мохамед бин Хамам кој бил претседател на Азиската фудбалска конфедерација тогаш. Организаторите во Катар, негирале дека направиле нешто лошо. Подоцна се испостави дека обвинувањата биле лажни.Qatar 2022 'whistleblower' in corruption U-turn. BBC Sport. 11 July 2011. Retrieved 12 October 2012.Qatar 'whistleblower' retracts claims. Al Jazeera. 10 July 2011. Retrieved 12 October 2012.
Изборот на домаќин Процедурата за тоа кој ќе биде домаќин на светските фудбалски првенства во 2018 и 2022 започна во јануари 2009, и националните асоцијации имаа до 2 февруари 2009 да го регистрираат нивниот интерес. Претходно, имаше единаесет кандидати за Светскиот куп 2018, но Мексико подоцна се откажа од кандидатурата, и индонезиската кандидатура беше одбиена од ФИФА во февруари 2010 кога индонезиската влада не успеа да испрати писмо за да ја поддржи кандидатурата. Индонезиските власти не исклучија можност за кандидирање за Светскиот куп 2026, по победата на Катар за Светскиот куп во 2022. Во текот на избирањето на земјата домаќин, сите не УЕФА нации пополека се откажаа од кандидатурите за 2018, правејќи ги УЕФА земјите неприкладни за кандидирање за купот во 2022.
Држава Прв круг Втор круг Трет круг Четврт круг22px Катар111011143568455 32 1
Квалификации Квалификациониот процес за Светскиот куп 2022 не е сè уште објавен. Сите земји членки на ФИФА, кои вкупно се 209,FIFA's 208 Member Associations FIFA.com. Retrieved 14-12-10 може да учествуваат во купот. Фудбалската репрезентација на Катар, како домаќини, се квалификуваа автоматски на првенството.
Квалификувани репрезентации и начин на квалификување РепрезентацијаСе квалификвале како:Дата на квалификувањеБрој на настапиПоследно учество на СПНајголем успех на СПДомаќин2 декември 20101––Победник на групата Ј во УЕФА квалификациите11 октомври 2021202018Победник (1954, 1974, 1990 и 2014)Победник на групата Ф во УЕФА квалификациите12 октомври 202162018Четвртфинале (1998)Победник на КОНМЕБОЛ квалификациите11 ноември 2021222018Победник (1958, 1962, 1970, 1994 и 2002)Победник на групата Д во УЕФА квалификациите13 ноември 2021162018Победник (1998 и 2018)Победник на групата Е во УЕФА квалификациите13 ноември 2021142018Трето место (2018)Победник на групата Х во УЕФА квалификациите14 ноември 202162018Второ место (2018)Победник на групата Б во УЕФА квалификациите14 ноември 2021162018Победник (2010)Победник на групата А во УЕФА квалификациите14 ноември 20211342018Четврто место (1930, 1962)5Победник на групата И во УЕФА квалификациите15 ноември 2021162018Победник (1966)Победник на групата Ц во УЕФА квалификациите15 ноември 2021122018Четвртфинале (1934, 1938, 1954)Победник на групата Г во УЕФА квалификациите16 ноември 2021112014Второ место (1974, 1978 и 2010)Второпласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите16 ноември 2021182018Победник (1978 и 1986)Победник на групата А во АФК квалификациите27 јануари 202262018Групна фаза (1978, 1998, 2006, 2014 и 2018)Второпласирани во групата А на АФК квалификациите1 февруари 2022112018Четврто место (2002)Победник на групата Б во АФК квалификациите24 март 202272018Осминафинале (2002, 2010 и 2018)Второпласирани во групата Б во АФК квалификациите24 март 202262018Осминафинале (1994)Третопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите24 март 2022142018Победник (1930 и 1950)Четвртопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите24 март 202242014Осминафинале (2006)Првопласирани во КОНКАКАФ квалификациите27 март 202221986Групна фаза (1986)Победник во третата рунда на КАФ квалификациите29 март 202242014Четвртфинале (2010)Победник во третата рунда на КАФ квалификациите29 март 202232018Четвртфинале (2002)Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите29 март 202282018Трето место (1966)Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите29 март 202292018Трето место (1974, 1982)Победник во третата рунда на КАФ квалификациите29 март 202262018Групна фаза (1978, 1998, 2002, 2006 и 2018)Победник во третата рунда на КАФ квалификациите29 март 202262018Осминафинале (1986)Победник во третата рунда на КАФ квалификациите29 март 202282014Четвртфинале (1990)Третопласирани во 3. круг на КОНКАКАФ квалификациите30 март 2022112014Трето место (1930)Второпласирани во 3. круг на КОНКАКАФ квалификациите30 март 2022172018Четвртфинале (1970, 1986)Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите5 јуни 202221958Четвртфинале (1958)Победник во плејофот АФК - КОНМЕБОЛ13 јуни 202262018Осминафинале (2006)Победник во плејофот КОНКАКАФ - ОФК14 јуни 202262018Четвртфинале (2014)
Квалификувани репрезентации по конфедерации
АФК (6) (38) (20) (24) (50) (домаќин) (51) (28)
КАФ (5) (43) (61) (22) (18) (30)
КОНКАКАФ (4) (41) (31) (13) (16)
КОНМЕБОЛ (4) (3) (1) (44) (14)
ОФК (0) Нема квалификувани
УЕФА (13) (2) (12) (10) (5) (4) (11) (8) (26) (9) (21) (7) (15) (19)
Стадиони Првите пет предложени стадиони за првенството биле објавени во март 2010 година. Стадионите ќе имаат кулинг технологија која ќе ги намалува температурите на стадионите до 20 степени целзиусови. Сите пет стадионски проекти се дизајнирани од страна на германскиот архитект Albert Speer & Partners. Катар се залага стадионите да ги имаат културните и историските аспекти на земјата-домаќин. По добивањето на организаторството, домаќините на ова првенство се посветиле на изградба на стадиони со највисоки стандарди за одржливост и животната средина, така да стадионите бидат опремени со системи за ладење кои ќе бидат прилагодливи во услови на лоши временски прилики во Катар.
Во април 2017 година, ФИФА доправа требала да го финализира бројот на стадиони што Катар морал да ги подготви за период од пет години. Катарскиот комитет за испорака и наследство рекол дека се очекува бројот на стадиони да биде осум и тоа во и близу главниот град Доха, со исклучок на Ал Хор.
Во јануари 2019 година, Инфантино изјавил дека ФИФА ја истражувала можноста и соседните земји да бидат домаќини на овој турнир, поради намалување на политичките тензии.
Најкористен стадион на првенството ќе биде Лусаил Ајконик, кој ќе биде домаќин на 10 натпревари, вклучувајќи го и финалето. За првпат досега, сите стадиони пријавени за овој турнир ќе се користат и за натпревари од нокаут рундата.
ЛусаилАл ХорДохаЛусаил АјконикАл БајтСтадион 974Ал ТумамаКапацитет: 80,000Капацитет: 60,000Капацитет: 40,000Капацитет: 40,000 Градови домаќиниСтадиони во ДохаАл РајанАл ВакраХалифаЕдукејшн СитиАхмад бин Али Ал ЈанубКапацитет: 40,000Капацитет: 40,000Капацитет: 40,000Капацитет: 40,000
Групна фаза Првите два тима од секоја група се пласираат во осминафиналето.
Сите наведени времиња се според локалното време во Катар, UTC+3.
Група А
Табела на групата АНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321051+47 2.320154+16 3.311143+14 4.300317−60
Група Б
Табела на групата БНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321092+77 3.312021+15 3.310247−33 4.301216−51
Група Ц
Табела на групата ЦНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320152+36 2.31112204 3.311123−14 4.310235−23
Група Д
Табела на групата ДНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320163+36 2.320134−16 3.31111104 4.301213−21
Група Е
Табела на групата ЕНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320143+16 2.311193+64 3.311165+14 4.3102311−83
Група Ф
Табела на групата ФНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.321041+37 2.312041+35 3.311112-14 4.300327−50
Група Г
Табела на групата ГНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320131+26 2.320143+16 3.31114404 4.301258−31
Група Х
Табела на групата ХНат.Поб.Нер.Пор.ДГПГГРБод. 1.320164+26 2.31114404 3.31112204 4.311157−23
Нокаут фаза
Во нокаут фазата, ако натпреварот во предвиденото време заврши нерешено, ќе се игра дополнително време (двапати од по 15 минути), а доколку и понатаму е нерешено ќе следува и изведување пенали за да се одреди победникот.
Резултати
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
Натпревар за 3. место
Финале
Победник Победник на Светското првенство во фудбал 2022Аргентина3. титула
Статистика Листа на стрелци
Конечен пласман
Симболи на првенството Маскота
Маскотата на првенството била претставена на 1 април 2022 година, за време на ждрепката за групите. Името на маскотата е Лаиб, што на арапски значи „многу вешт играч”. Претставува лебдечка кефија, традиционална облека во Катар, со глава, очи и уста.
Топка
thumb|right|Ал Рихла Официјалната топка за првенството била претставена на 30 март 2022 година. Името на топката со која се одиграл овој мундијал е Ал Рихла, што на арапски значи „патување”. Ал Рихла е 14-тата топка по ред која за потребите на Светските првенства ја дизајниранала компанијата Адидас, која дизајнира топки за секое првенство уште од Светското првенство 1970. Дизајнирана е користејќи податоци и ригорозно тестирање во лабораториите на Адидас, во ветровити тунели и на теренот од страна на разни фудбалери.
Официјална музика За прв пат е објавен целосен официјален саундтрак на Светското првенство, наместо една официјална песна. Во саундтракот на првенството спаѓаат следниве песни:
Hayya Hayya (Better Together) Arhbo Light The Sky Tukoh Taka Dreamers
Спонзори Партнери на ФИФА Спонзори на Светско првенствоПартнери од Африка и од Блискиот Исток Партнери од АзијаПартнери од ЕвропаПартнери од Северна Америка Партнери од Јужна Америка Adidas Coca-Cola Hyundai–Kia
Visa
Byju's Crypto.com Hisense McDonald's Mengniu Dairy Vivo Fine Hygienic Holding GWC Logistics Ooredoo QNB GroupBoss Yadea Betano Globant Saudi Tourism Authority YouTube Algorand Frito-Lay The Look Company Visit Las Vegas Claro Inter Rapidísimo Nubank UPL
Белешки
Наводи
Поврзано Светско првенство во фудбал ФИФА Фудбал
Надворешни врски Матична страна
Категорија:Светско првенство во фудбал