Мишел Франсоа Платини (франц. Michel François Platini; роден на 21 јуни 1955) — поранешен француски фудбалер и тренер и некогашен претседател на УЕФА. Тој бил прв играч во историјата кој успеал да ја освои наградата за Најдобар фудбалер на Европа три години по ред, а во 1999 бил избран за седми најдобар фудбалер на 20. век во изборот на IFFHS.

Во текот на својата професионална фудбалска кариера, Платини играл за три клубови Нанси, Сент Етјен и Јувентус и бил член на француската репрезентација која триумфирала на Европското првенство 1984; турнир на кој исто така бил најдобар стрелец и прогласен за најдобар играч. Тој, учествувал и на три Светски првенства во 1978, 1982 и 1986, а на последните две триколорите стигнале до полуфиналето. Платини заедно со Ален Жирес, Луис Фернандес и Жан Тигана заедно го сочинувале познатиот таканаречен "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique") во средината на теренот и играчи кои го формирале срцето на француската репрезентација во текот на 1980-тите.

Платини се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на фудбалот, како и за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и играч со феномален завршен удар. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови (9) на завршницата на Европските првенства иако учествувал само на еден ваков турнир во 1984 година. И покрај тоа што важел за играч од средниот ред, тој исто така го држел и рекордот за најмногу постигнати голови за француската репрезентација сè додека напаѓачот Тјери Анри во 2007 година, не ја надминал неговата бројка од 41 постигнат погодок.

По завршувањето на играчката кариера тој бил и селектор на француската репрезентација четири години (1988-1992). Во јануари 2007, тој бил избран за 6-ти претседател на УЕФА и таа должност ја вршел до октомври 2015 година.

Административни функции Платини бил избран за претседател на УЕФА, но по избивањето на големиот корупциски скандал во ФИФА, тој добил казна од етичкиот комитет во траење од тримесечна суспензија од извршувањето на фудбалските функции, а потоа бил казнет со забрана за извршување секакви фудбалски работи во траење од осум години. Казната ја добил поради тоа што во 2011 година на неговата сметка ФИФА му префрлила два милиони швајцарски франци, иако немал слкучено договор за консултантски услуги.„Инфантино ги обезбеди гласовите од регионов во трката за претседател на ФИФА“, Дневник, година XX, број 5989, понеделник, 15 февруари 2016, стр. 24.

Статистика на кариерата Клупски перформанси Лига Куп Континентални Вкупно Сезона Клуб Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Франција Лига Куп на Франција Европа Вкупно1972–73НансиDivision 142--421973–7421230-2421974–75Division 23217613-38301975–76Лига 1312276-38281976–77382510-39251977–783618107-46251978–79191253-24151979–80Сент ЕтјенЛига 13316757547261980–8135201057452291981–82362285204627 Италија Лига Coppa Italia Европа Вкупно1982–83ЈувентусСерија А3016979548281983–842820738243251984–853018949748291985–863012616342161986–872928142415 Вкупно Франција2851565744169358209 Италија1476839163619222103 Вкупно во кариерата43222496605228580312

Титули

Клупски Нанси Дивисион 2 : 1 1974-1975 Куп на Франција : 1 1977-1978

Сент Етјен Дивисион 1 : 1 1980-1981

Јувентус Серија А : 2 1983–1984, 1985–1986 Куп на Италија : 1 1982–1983 Европски куп : 1 1984–85 Суперкуп на Европа : 1 1984 Интерконтинентален Куп : 1 1985

Репрезентативни Франција Европско првенство : 1 1984 Светско првенство : 20px|Бронзен медал Трето место: 1986

Поединечни Француски фудбалер на годината : 2 1976, 1977 Златна топка : 3 1983, 1984, 1985 Onze d'Or : 3 1983, 1984, 1985 Играч на годината World Soccer : 2 1984, 1985 Најдобар стрелец во италијанската Серија А : 3 1982-1983 (16 гола), 1983-1984 (20 гола), 1984-1985 (18 гола) Најдобар играч на Европско првенство: 1 1984 Идеален тим на Светско првенство: 2 1982, 1986

Наводи

Надворешни врски National Football Teams Profile

FIFA "Classic Players" biography – fifaworldcup.yahoo.com, FIFA – Retrieved November 2006. Sports-Reference.com profile. Michel Platini – Goals in International Matches – www.rsssf.com – by José Luis Pierrend, RSSSF.

Категорија:Фудбалери на ФК Нанси Категорија:Фудбалери на ФК Сент Етјен Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Француски фудбалски тренери Категорија:ФИФА 100 Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Родени во 1955 година