Ивица Димчевски (роден 27 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и поранешен репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во КК Еуро Никел 2005.
Клупска кариера Димчевски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје. Во тимот на Вардар се задржал две сезони, а потоа се преселил во тимот на Торус каде настапил две сезони, односно сè до распадот на клубот. Во 2012 година Ивица потпишал за Куманово, каде бил еден од главните столбови на играта. Пред почетокот на сезоната 2013/2014 година, Димчевски се здобил со тешка повреди, при што морал да паузира неколку месеци од кошарката. Во март 2014 година, Ивица Димчевски го напуштил КК Куманово. За сезоната 2014/15, Ивица Димчевски потпишал за Работнички. Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015 Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.Работнички на колена, Куманово е во финалето! ekipa.mk 24 мај 2015Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015 Во сезоната 2015/16, за време на последните тренинзи пред натпреварот од третото коло, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.Удар за Работнички: Димчевски ги скина лигаментите ekipa.mk 27 октомври 2015Димчевски повторно ги скина лигаментите на коленото sport.com.mk 27 октомври 2015Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона! vecer.mk 27 октомври 2015Димчевски ги скина лигаментите на коленото derbi.mk 27 октомври 2015 За сезоната 2016/17, Димчевски потпишал за Струмица. Во јануари 2017 година, Димчевски се преместил во Кожув. Во август 2017 година Димчевски потпишал за новиот прволигаш Гостивар. За сезоната 2018/19, Димчевски продолжил во редовите на Гостивар. Димчевски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона. За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двегодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.
Репрезентативна кариера Ивица Димчевски со Кошаркарската репрезентација на Македонија го освоил четвртото место на Европското Првенство кое се одржало во Литванија. Ивица бил во поширокиот состав за предолимписките квалификации во Каракас. Во 2014 година, Ивица учествувал со репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот 2015, при што обезбедиле пласман. Но во летото 2015 година, за време на подготовките Димчевски отпаднал од националниот состав.
Успеси
Титули Работнички Куп на Македонија (1) : 2015
Признанија Дебитантска петорка на сезоната 2007/08 Најдобар млад кошаркар за 2009 година Eurobasket.com - избран во втората најдобра петорка од лигата 2012/13 Eurobasket.com - избран во најдобрата домашна петорка од лигата 2012/13 Почесно споменување во сезоната 2017/18 Почесно споменување во сезоната 2019/20
Наводи
Надворешни врски Профил на Ивица Димчевски на eurobasket.com Профил на Ивица Димчевски на fiba.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички