Џорџ Бенет (; р. ) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата .

Кариера

Бенет е роден во Нелсон, Нов Зеланд. Откако станал професионалец во 2012 година, Бенет настапувал две години за екипата пред да се пресели во во 2014. Во октомври 2014 година било објавено дека ќе се приклучи на за сезоната 2015. Во мај 2015 година бил спречен од учество на Џиро д’Италија поради ниско ниво на кортизол (подоцна било откриено дека било предизвикано од болест), поради правилата MPCC. Не бил заменет од неговата екипа. Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016 и завршил на 53. место. Негов најдобар резултат на трката бил седмото место на деветтата етапа, според некои најтешката етапа во сезоната.

Настапил на друмската трка на Летните олимписки игри 2016 и завршил на 33. место; ја опишал трката како „апсолутно“ најтешката во неговата кариера и 79 не завршиле.

Во 2017 година станал првиот Новозеланѓанец кој освоил генерален пласман на некоја трка од Светската турнеја, кога ја освоил трката Трката околу Калифорнија. Бенет настапил и на Тур де Франс 2017 и завршил седми на деветтата етапа, но се повлекол на шеснаесеттата етапа поради гастроентеритис. Се повлекол во Ѓирона на опоравување.

Достигнувања

2009 2. Краен пласман Трка околу лозјата 9. Краен пласман Велосипедски класик Нов Зеланд 9. Краен пласман Трка околу Велингтон 2010 2. Краен пласман Трка околу лозјата 1. Етапа 3 6. Краен пласман Ронд де л’Исар 9. Краен пласман Велосипедски класик Нов Зеланд 9. Краен пласман Трка околу Велингтон 2011 1. Краен пласман Трка околу Велингтон 1. Етапа 3 Трка на лозјата 2. Краен пласман Ронд де л’Исар 2012 4. Краен пласман Трка околу лозјата 2013 2. Национално друмско првенство 8. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 2014 9. Краен пласман Трка околу Јута 9. Национално друмско првенство 9. Краен пласман Трка на лозјата 2015 5. Национално друмско првенство 10. Краен пласман Тур Даун Андер 2016 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија 10. Краен пласман Вуелта а Еспања 2017 1. 20п Краен пласман Трка околу Калифорнија 7. Краен пласман Трка Абу Даби 9. Краен пласман Волта а Каталуња 2018 4. Национално друмско првенство 4. Краен пласман Трка околу Полска 5. Краен пласман Трка на Алпите 6. Краен пласман Волта а Каталуња 8. Краен пласман Џиро д’Италија 9. Краен пласман Тирено-Адријатико 10. Џиро ди Ломбардија 2019 1. Етапа 2 (ТТТ) Тур де Франс 4. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 6. Краен пласман Париз-Ница 2020 8. Краен пласман Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро122—СО——8— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———53СО—24 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—893710СО3533

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Новозеландски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Нов Зеланд Категорија:Луѓе од Нелсон Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Живи луѓе