|220п|десно|Биста на Лазо Филипоски во Прилеп Лазо Филипов Колевски – Лавски (познат и како Лазо Филипоски) (, Кавадаречко, - , ) — македонски комунист, учесник во НОВ. Заедно со Боро Петрушевски, Колевски бил првиот кој на 8 септември 1941 година убил непријателски војник по окупацијата на Македонија во Втората светска војна. Прогласен е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 712-713 стр.

Животопис Рано останал без мајка и тешкиот живот го принудил заедно со татко му да се пресели во Прилеп, каде што завршил основно образование. Во 1935 година се преселил во Градско, каде работел како чирак во една пекарница. Во Велес дошол во контакт со тамошните револуционери и од тој момент започнал неговиот бурен живот.

Во 1937 година заминал на печалба во Белград, каде што се вклучил во тамошното синдикално движење. Таму се запознал со прилепската група студенти и станал посебно близок со Кузман Јосифовски - Питу, кој во тоа време се школувал во Белград.

По враќањето во Прилеп, тој станал активен член на УРС-овите синдикати, а во 1940 година станува член на КПЈ.Ице Ацески – Рапеш „Нескршливите“, Прилеп, 1991, 69-70 стр. Истата година учествува во илинденските демонстрации во Прилеп. Еден месец подоцна, полицијата го запленила весникот „Пролетер“ и други партиски материјали, при што биле уапсени голем број лица, меѓу кои и Колевски. Затворен бил 15 дена, а поради неговото храбро држење го добил прекарот Лавски.„Лазо Колевски - Лавски“, Old Prilep

Учество во НОВ

По капитулацијата на Југославија бил член на Месниот воен штаб на МК на КПЈ во Прилеп и инструктор за ракување со оружје, а едно од складиштата за оружје била и неговата куќа.

На 8 септември 1941 година, заедно со Ѓоре Велкоски, Гиго Менкароски и Борко Петрески, по добиена задача од Месниот комитет, оди кај тунелот на Бабуна со цел да ги испита условите за минирање на железничкиот тунел кај село Гостиражни. Колевски, Велкоски и Менкароски, извршувајќи ја поставената задача, наишле на бугарска стража што го обезбедувала тунелот при што биле сопрени и им биле побарани лични документи. Колевски, наместо лична карта, го извадил револверот и стрелал во стражарот, кој паднал убиен. Во престрелката бил ранет уште еден окупаторски војник.Ацески, цит. дело, 36 стр.

Набрзо потоа, Колевски е еден од седумте први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка, ја формираат првата партизанска чета.„Јоска Јорданоски – Сандански“, Old Prilep По вклучувањето на четата во Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и Колевски станал дел од Одредот, а на 25 октомври 1941 година, со само 23 години, е назначен за негов заменик командант.Љубен Георгиевски - Љупта, „Тарцан: монографија за Трајко Бошкоски-Тарцан–Илинденски“, Скопје, 1994, 216 стр.

По расформирањето на одредот, преминал во илегала. На почетокот на 1942 година оди по партиска работа во Тиквешката околија. На 2 март 1942 година, враќајќи се од Кавадарци за Прилеп, заедно со Борка Талески – Модерното, близу Плетвар наидуваат на бугарска заседа, при што загинуваат и двајцата.

За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1953 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 185

Наводи

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски партизани