Герајнт Хауел Томас (; р. ) — велшки професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Тој е еден од неколкуте возачи во поново време кој постигнал значајни успеси во велодромскиот и друмскиот велосипедизам, со значајни победи на велодромот, на еднодневните трки и на етапните трки. Во велодромскиот, освоил три светски првенства (2007, 2008 и 2012), две олимписки златни медали (2008 и 2012), додека во друмскиот го освоил Тур де Франс 2018 станувајќи прв Велшанец и прв возач роден во Велика Британија кој го освоил.

Раните успеси на Томас биле во велодромскиот велосипедизам, каде бил насочен кон екипната потера. Освоил три светски првенства и бил двократен олимписки златен медалист, во 2008 и во 2012 година. Меѓу првите победи во друмски велосипедизам била победата на Париз-Рубе за јуниори во 2004 година и подоцна сениорската победа на државното првенство во 2010 година. Оставајќи го велодромскиот велосипедизам за да се насочи само на друмскиот, подоцна имал успеси на еднодневните и класичните трки, како што биле друмската трка на Комонвелтските игри во 2014 година и Е3 Харелбеке 2015, како и на еднонеделните етапни трки, како што биле победите на Париз-Рубе 2016, Трка на Алпите 2017, Критериум ди Дофине 2018, Тур де Романди 2020 и Тур де Свис 2022.

На големите трки, Томас првично бил водечки помошник за Крис Фрум и за Бредли Вигинс во нивните победи. Ја освоил првата етапа на Тур де Франс 2017, поединечен хронометар, со што станал првиот Велшанец кој ја облекол жолтата маичка на Тур де Франс. Подоцна паднал на трката, како и на Џиро д’Италија 2017. Томас станал првиот Велшанец, кој некогаш го освоил Тур де Франс кога ја освоил трката во 2018 година. Ја освоил жолтата маичка со победа на единаесеттата етапа, зголемувајќи го водството со победата на дванаесеттата етапа и го задржал водството до крајот на трката. Истата година бил прогласен за спортист на годината од страна на ББС, станувајќи прв Велшанец кој ја освоил наградата по Рајан Гигс во 2009 година. Во 2019 година го потврдил својот квалитет за големите трки кога завршил повторно на подиум, завршувајќи втор на Тур де Франс зад колегата Еган Бернал. Во 2022 година, Томас станал првиот Велшанец кој го освоил Тур де Свис и подоцна истата година повторно завршил на подиум на Тур де Франс 2022, каде завршил трет.

Познат по своите универзални вештини и прилагодливост, Томас настапувал во поединечни хронометри, на калдрма, на пролетните класици и на планините на големите трки, каде бил првиот возач во историјата на Тур де Франс што победил на Алп д’Ез додека ја носел жолтата маичка.

Ран живот

Томас потекнува од градот Кардиф во Велс. Започнал со велосипедизам со велосипедскиот клуб Менди Флајерс на стадиумот Менди на возраст од десет години, каде возел со идниот колега од Тим Скај Лук Роу, пред да продолжи да вози за други локални клубови, велосипедскиот клуб Кардиф и Кардиф ЈИФ. Негов прв друмски велосипед бил син џајант. По некои успеси во трките под 14 и 16 години, вклучувајќи ги и националните првенства, но не пред добивањето на сребрениот медал за бодовната трка на европските првенства, започнал да размислува за неговиот талент.

Кариера Рани години

Томас станал член на олимписката академија на Британската федерација. Ја освоил јуниорската награда Карвин Џејмс на церемонијата за спортска личност на годината од ББС. Томас се натпреварувал на трките од Светскиот куп низ целиот свет и бил на транинг во Сиднеј, Австралија во февруари 2005, кога доживеал пад откако возачот пред него погодил парче метал на патот, кое завршило во гумата на Томас. Доживеал внатрешно крвавење откако парчето метал влегло во неговото тело во текот на падот, имал пукнатина на неговата слезина, која подоцна му била отстранета.

Повеќето од неговите трки во 2006 ги возел за , но кон крајот на 2006 се приклучил на како стажант. Исто така, возел на неколку трки, како што е Трката околу Британија, за екипата на Велика Британија.

Барловорлд (2007–2009) 2007

мини|лево|180п|Томас во текот на првата етапа на Тур де Франс 2007.

Томас бил најмладиот возач на Тур де Франс 2007 откако Тим Барловорлд бил одбран како една од трите специјално поканети екипи на трката. Тој станал првиот велшки возач, кој се натпреварувал на трката од Колин Луис во 1967, Томас добил голема поддршка од велшките обожаватели на отворањето на трката, додека неколку од нив го следел на целата трка. Го завршил неговиот прв Тур де Франс, завршувајќи на претпоследното место од сите што завршиле.

Тој бил предложен за спортска личност на годината од ББС Велс во 2007; победниците биле објавени на 2 декември, Томас бил трет во бројот од гласови од публиката.

2008

Томас не настапил на Тур де Франс 2008 и наместо тоа возел на Џиро д’Италија, која е порано во сезоната, со цел да се врати во Британија и да се насочи кон подготовките за Летните олимписки игри 2008. На објавувањето дека знамињата на земјите што не учествуваат нема да бидат дозволени на Игрите, Томас изјавил: „Би било прекрасно да свртам почесен круг со велшкото знаме, доколку освојам златен медал и сум многу разочаран, доколку според ова правило тоа не би било можно“.

На 17 август, Томас бил член на олимписката екипа за екипна потера, која го соборила светскиот рекорд уште во квалификациите со време од 3:55:202, победувајќи ги Русите и удовно се пласирале во финалето, каде се бореле за златниот или сребрениот медал. Следниот ден, на нивниот пат кон освојувањето на златниот медал, британската екипа го соборила нивниот светски рекорд со време од 3:53:314, надминувајќи ги нивните дански колеги за 6,7 секунди. Томас бил можен натпреварувач за поединечна потера, но одбрал да не настапи на двете дисциплини со цел искористување на своите напори кон неговата екипа. Исто така, бил сметан за настап во медисон со Бредли Вигинс, но Марк Кевендиш бил избран за настап со него; Крис Бордман изјавил дека „Герајнт ги надминува очекувањата на луѓето“.

По дисквалификувањето на членот на екипата Барловорлд, Мојсес Динас, од Тур де Франс, Томас го изразил своето антидопинг мислење на неговиот блог: „..ако некој е измамник во бизнис, тогаш тој се соочува со затвор? Јас не гледам како возачите кои земаат лекови за освојување на трки и ги лажат нивните екипи е нешто поразлично. Треснете ги и фрлете го клучот!“

Во декември бил назначен како член на Редот на Британската Империја (MBE) како дел од новогодишните одликувања.

2009

мини|upright|Томас на Трката околу Британија 2009

Томас доживеал лош почеток во сезоната 2009, кога ја скршил карлицата и се здобил со фрактура на неговиот нос во пад; паднал во заштитните огради откако погрешно свртел во кривина за време на хронометарска етапа на Тирено-Адријатико во Мачерата, Италија. Несреќата се случила по мерната станица на осум километри, каде се покажало дека бил најбрз на патеката. Иако бил во можност да се врати во хотелот на екипата од болница истиот ден, биле потребни 20 дена одмор пред да се врати со тренирање.

На 30 октомври 2009, Томас го поставил најбрзото време во поединечна потера според тогашните правила, кога извозил 4 километри за 4 минути и 15,105 секунди во првото коло од Светскиот велодромски куп во велодромот во Манчестер. Времето на Томас било единствено надминато од Крис Бордман, 4 минути и 11,114 секунди, поставено во 1996 на велосипедска поставеност, која сега е забранета. На 1 ноември, на последниот ден од ова коло на Светскиот куп, Томас бил член на екипата за екипна потера, која го поставила второто најбрзо време некогаш на нивниот пат кон златниот медал, поставувајќи рекорд на патеката од 3 минути и 54,395 секунди.BBC Live Cycling coverage, 1 ноември 2009

Томас бил второпласиран зад Рајан Гигс во изборот на спортска личност на годината од ББС Велс во 2009; победниците биле објавени на 8 декември. Томас го напуштил Барловорлд на крајот на 2009 за да ѝ се приклучи на новата професионална екипа, .

Тим Скај (2010-денес) 2010

мини|десно|Томас на Тур де Франс 2010, носејќи ја белата маичка како најдобро пласиран млад возач, која ја носел четири етапи.

Томас ја започнал 2010 како дел од победничката екипа на Скај на екипниот хронометар на Трката околу Катар. По завршувањето на класиците имал одличен настап на Критериум ду Дофине, каде завршувал во првите десет на секоја од првите четири етапи. Како последица на тоа, ја носел зелената маичка на етапата 2 и подоцна на етапите 4 и 6. Завршил како петти во бодовниот пласман и 21. во генералниот пласман.

Томас го победил колегата Питер Кенох на националното друмско првенство 2010. Неговата добра форма продолжила на Тур де Франс, каде завршил петти на прологот, втор зад највисоко пласираниот фаворит Ленс Армстронг. Потоа, завршил втор на третата етапа, етапа која била обележана со бројни падови и делби во главната група, кои Томас успеал да ги избегне. Ова довело да го предводи пласманот за млад возач по третата етапа. Го завршил Тур на 67. место и бил деветти во пласманот за млад возач.

Томас требало да патува во Делхи, Индија во септември, каде требало да настапи на Комонвелтските игри 2010, но се повлекол, како и некои други велосипедисти, поради грижи за нивното здравје. Како посебна причина била наведена треската денга. Болеста била посебен ризик за Томас по отстранувањето на неговата слезина во 2005. По одлуката, Томас изјавил „Ова е огромно разочарување, јас добивам шанса да возам за Велс еднаш на четири години, но таа е одлуката и јас ќе ја почитувам“.

2011

мини|upright|Томас во националниот друмски дрес во 2011 година

Томас ја започнал годината со некои ветувачки резултати, завршувајќи шести на Класика Сарди и втор во генералниот пласман на Дварс дор Вландерен. Томас ја освоил својата прва професионална победа во мај 2011 со освојувањето на Трката околу Баварија, по завршувањето втор на третата етапа и петти на четвртата етапа. На 26 јуни 2011, Томас завршил втор зад Бредли Вигинс на националните друмски првенства.

На Тур де Франс 2011, Томас завршил 6. на воведната етапа и ја освоил белата маичка. Ја задржал маичката и следниот ден, откако Скај завршил трет на екипниот хронометар. Томас ја загубил белата маичка од Роберт Гесинк на етапата 7, откако водачот на екипата Бредли Вигинс паднал на трката и останатите возачи на Скај изгубиле време чекајќи го него. Томас ја освоил наградата за борбеност на етапата 12 по агресивното бегство на првата етапа на Пиринеите, каде на двапати загубил контрола на спустот на Уркет д’Ансизан. Завршил како 36. на етапата откако бил достигнат од кандидатите за генерален пласман на 7 километри пред последното искачување на етапата и се искачил до 25. место во генералниот пласман. Томас потпишал нов тригодишен договор со Скај по етапата 16. Завршил 31. во генералниот пласман на Тур.

Томас бил успешен на Трката околу Британија, освојувајќи го бодовниот пласман и бил високо пласиран во генералниот пласман пред падот. Тој бил дел од екипата на Велика Британија на Светските друмски првенства 2011 и му помогнал на Марк Кевендиш да дојде до победа.

2012

мини|лево|upright|Томас на Тур де Романди 2012, носејќи ја водечката маичка по освојувањето на прологот.

Томас потврдил дека ќе се насочи на велодромскиот велосипедизам за сезоната 2012, со цел подобар настап на Олимпијадата во Лондон. Со тоа, не се очекувало да настапи на големите друмски трки во текот на 2012. Томас возел на Џиро д’Италија пред да се насочи кон велодромскиот велосипедизам. Во март, Томас возел на Париз-Ница, каде му помогнал на Бредли Вигинс да ја освои трката. На 4 април, Томас бил член од британската екипа за екипна потера која го освоил златниот медал на Светските велодромски првенства 2012 со нов рекод од 3:53,295 секунди. Исто така, заедно со Бен Свифт го освоиле сребрениот медал во медисон. Потоа, Томас се вратил на патиштата, победувајќи на прологот на Тур де Романди во сложени услови.