Забранета страст () е теленовела од 2013 година од Телемундо. Серијата е снимана во текот на 2012 година, а започна со емитување на 22 јануари 2013 година. Како главни протагонисти во сеирјата се јавуваат Хенкарлос Канела и Моника Спеар. Теленовелата е римејк на турската серија Aşk-ı Memnu од Еџе Јоренџ и Мелек Генчокглу.

Содржина

Бјанка е заслепена од омраза кон нејзината мајка Флавиа, која ја обвинува за ненадејната смрт на нејзиниот татко. Бјанка се венчава со Ариел, стар и богат вдовец, на кој му фрлила око и Флавиа, трагајќи по богатство. И покрај љубезноста на Ариел и чувтсвата спрема Бјанка, таа не е среќна со него. Кога ќе ја открие скриената вистина, сфаќа дека неосновано ја започнала одмаздата и се обидува својата среќа да ја најде кај Фернандо. Но, се случува нешто неочекувано, кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, млад и привлечен внук на нејзиниот сопруг Ариел. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта на Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна.

Улоги Глумци Ликови Моника Спир Бјанка СантијанаХенкарлос Канела Бруно ХуртадоРебека Џонс Флавиа СантијанаРоберто Вандер Ариел ПиамонтеМерцедес Молто Дениз ЛефеврСабрина Сеара Пенелопе СантијанаКармен Ауб Нина ПиамонтеПрисила Пералес Елиана РамиресРубен Моралес Саломон БарераМарисела Гонсалес Франциска ПиамонтеХенри Зака Гуљелмо Аредондо

Надворешни врски Содржина на романот Aşk-ı Memnu на turkishauthors.com Официјална песна на теленовелата

Категорија:Телемундо Категорија:Теленовели