Одмазда (Англиски: Revenge) — американска телевизиска сапуница/драмска серија, создадена од Мајк Кели, во која главните улоги ги играат Маделин Стоу и Емили Ванкамп. Серијата премиерно започнала да се прикажува на 21 септември 2011 година на каналот ABC. Содржината е инспирирана од романот Грофот од Монте Кристо на Александар Дима.

Каналот ABC ја избрал серијата за снимање на целосна сезона откако пилот епизодата имала нилсен рејтинг од 3.3 во возрасната категорија 18–49 години и била најгледана серија во терминот од 22:00 часот пред ТВ сериите на другите телевизиски канали во возрасната категорија 18–34 години. За својата улога, Маделин Стоу во 2012 година била номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица во драмска серија, додека пак истата година серијата била номинирана во категоријата омилена нова ТВ драма на People's Choice наградите. Одмазда станала најгледана ТВ серија на ABC во средите во терминот на прикажување по Изгубени во сезоната 2006–07 и станала единствената нова серија по повеќе од четири години која го достигнала успехот на Изгубени во возрасната категорија 18–49 години.

Одмазда била откажана по четири сезони прикажување на ABC и последната епизода била емитувана на 5 мај 2015 година. Последната епизода била проследена од 4.80 милини гледачи.

Преглед Емили Торн (Емили Ванкамп) оди во Хемптон за време на летото, изнајмувајќи куќа до богатото семејство Грејсон. Сепак откриено е дека Емили претходно била во Хемптон кога била мало девојче.Всушност Емили е всушност Аманда Кларк, чиј татко бил обвинет за злосторство кое не го извршил и бил осуден на доживотна казна затвор. Таа била засекогаш разделена од него, и никогаш не го видела повторно. Сега таа се враќа во Хемптон со намера да им се одмазди на луѓето кои ѝ наштетиле неа и на нејзиниот татко. Викторија Грејсон (Маделин Стоу), главата на семејството Грејсон и жената која ја сакал таткото на Емили која на крајот го предала, е на врвот на нејзината одмаздничка листа. Емили сака на сите да им се одмазди.

Додека го спроведува својот план, Емили се обидува да го управува високото општество кон уништување на оние кои го предале нејзиниот татко. Но, колку подалеку оди, толку повеќе доаѓаат до израз нејзините чувства и таа започнува да се сомнева во нејзиниот мотив и потезите коишто ги прави.

Улоги Главни улоги Емили Ванкамп ја толкува улогата на Емили Торн/Аманда Кларк. Родена како Аманда Кларк се враќа во Хемптон со нов идентитет,Емили Торн, богат член на општеството,посветена на добротвотна работа - за да им се одмазди на луѓето одговорни за смртта и неправедното обвинување за тероризам на нејзиниот татко. Како млада таа престојувала во центат за детска деликвенција,несвесна за невиноста на својот татко,сè додека Нолан Рос не ја извадил од таму. Тој и кажал дека нејзиниот татко бил наместен, и ѝ врачил 49% акции од компанијата “NOLCORP”, која нејзиниот татко ја основал. Откако сфатила дека Нолан ја кажува вистината, таа решила да го исчисти името на татко ѝ. Таа започнува да тренира со Такеда и во исто време се среќава со Ејден Метиз, со кој ќе биде и во врска. Нивната врска завршува кога тој ја напушта откако претходно се согласил да ја поведе со себе.Таа се подготвува за нејзиното враќање во Хемптон, на тој начин што го заменува идентитот со нејзината поранешна цимерка од центарот за млади деликвенти како и со собирање информации за Даниел Грејсон. По пристигнувањето во Хемптон, Емили ја купува поранешната куќа на нејзиниот татко, која се наоѓа веднаш до куќата на семејеството Грејсон, и се впушта во романтична врска со Даниел, со цел да се зближи со неговото семејство. Таа го прифаќа неговиот предлог за брак, но нивната врска бледее бидејќи Даниел сè повеќе започнува да личи на останатите членови од неговото семејство. Тие конечно ја раскинуваат свршувачката откако Емили го бакнува Џејк. Откако ќе дознае дека Шарлот е нејзината полусестра, Емили донесува крајна одлука да ја исклучи од нејзината одмазда кон семејството Грејсон. Емили Алин Линд ја игра улогата на малата Аманда Кларк.

Меделин Стоу ја игра улогата на Викторија Грејсон,моќната глава на семејството Грејсон,жена на Конрад Грејсон,мајка на Даниел и Шарлота.После аферата со Дејвид Кларк,Викторија без размислување се согласува да им помогне на Конрад и на Франк да го наместат Дејвид Кларк.Бракот на Викторија и Конрад полека се распаѓа и тие започнуаат процедура за развод.Иако не го знае вистинскиот идентитет на Емили,Викторија никогаш не и верува целосно и се обидува да ја саботира врската помеѓу неа и нејзиниот син. Додека нејзиното семејство поминувало низ тежок период,Викторија повремено бара помош од Емили,а моментално ги прекинува контактите кога повеќе не гледа корист во Емили.Викторија исто така има навика да им удира шлаканица на луѓето кои ја налутиле.

Габриел Мен ја толкува улогата на Нолан (Мишел) Рос,генијален изумител на софтвер,хакер и верен сојузник на Емили во нејзиниот план за одмазда.Тој му го должи неговиот успех и богатство на Дејвид Кларк,кој го поддржувал и инвестирал од сопствените пари во неговата компанија.Како знак на благодарност кон Дејвид,Нолан и нуди помош на неговата ќерка,која на почетокот немала доверба во него но подоцна ја прифатила неговата вмешаност во нејзината одмазда.Додека Нолан и дава целосна поддршка на Емили,често истапува и и дава совети кога смета дека таа оди предалеку.Поголемиот дел од времето Нолан и помага на Емили кога и да му побара помош,посебни кога молбата за помош се однесува на праќање на анонимни мејлови или упад во нечиј компјутер/мобилен телефон.Нолан е бисексуалец-тој бил во врска со поранешниот финансиски директор на компанијата “NOLCORP”,Марко.Тој во првата сезона бил во врска со Тајлер Берол а во втората со Падма Лахари.

Хенри Зерну ја игра улогата на Конрад Грејсон,сегашниот извршен директор на компанијата “GRAYSON GLOBAL”,како и поранешен шеф на Дејвид Кларк.Тој е сопруг на Викторија и татко на Даниел и Шарлот (иако не е билошки татко на Шарлот).Конрад бил вмешан во перење на пари за организацијата “Americon Initiative”,која ѓи искористила парите за да изврши терористички напад врз авион.После оваа катастрофа,Конрад соработувал со Франк и Викторија за да го обвинат нејзиниот љубовник,Дејвид Кларк.Неговата врска со најдобрата другарка на Викторја,Лидија,уште повеќе го оштети нивниот нестабилен однос и доведе до процедура за развод.Поради тоа што бил многу близок со неговата ќерка,тој бил потиштен од резултатите од ДНК тестот,коишто покажале дека таа не е негово биолошко дете.Тој ја разоткрива Викторија на семејната вечера и го уценува нејзиниот љубовник,Доминик,за да ја напушти.Во крајната епизода на првата сезона,Конрад ја предупердува Викторија да не се качува во авионот,но таа одлучува да не го послуша.Откако авионот ќе се сруши, тој верува дека Викторија е мртва,но подоцна таа телефонски контактира со него за да и помогне во врска со Марфи.Конрад и помага на Викторија со план да прикаже дека таа била киднапирана и држена во заложништво од страна на Марфи.Со текот на времето тој повторно и предлага брак на Викторија,објаснувајќи дека тоа ќе оневозможи тие да бидат принудени да сведочат еден против друг.На нивната втора венчавка Конрад е неправедно уапсен за убиството на Гордон Марфи.Хелен,член на организацијата “Americon Initiative”,му овозможува да биде пуштен на слобода со кауција.Како и да е,откако Даниел ќе го заземе местото на Конрад како извршен директор на “GRAYSON GLOBAL”,организацијата “Americon Initiative” ги прекинува сите врски со Конрад и се насочува кон Даниел.Исто така е откриено дека Конрад имал романтична средба со поранешната девојка на неговиот син,Ешли Девенпорт.

Ешли Мадеке ја толкува улогата на Ешли Девенпорт,вработена на фамилијата Грејсон и една од најблиските пријателки на Емили.Ешли ќе ја изневери Емили и ќе се обиде да ја придобие довербата на Викторија Грејсон,но безуспешно.Почетно работејќи како планер на забави и асистент на Викторија,Ешли подоцна станува портпарол на семејството Грејсон,за време на судењето за убиство на Даниел.По разрешувањето на Даниел,Конрад ја вработува Ешли во неговата компанија,таа истовремено е и планер на венчавката на Емили и Даниел.После пропаднатата врска со Тајлор Берол и неговото убиство,Ешли се впушта во романтична врска со Даниел.Во текот на втората сезона Ешли беше прикажана како секс-роб кој работи за пари,во 2006г.,за подоцна да биде спасена од Емили Торн.Откако Емили ќе и испрати скандалозно видео на Викторија за нејзината романтична средба со Конрад,Викторија ја присилува Ешли да го заведе Салвадор Гробет,со цел да го натера да гласа за Конрад,што води до тоа Даниел да дознае за измамата на Ешли и да стави крај на нивната врска.

Ник Веслер ја толкува улогата на Џек Портер,другар од детството на Емили,брат на Деклин Портер,а и негов старател после ненадејната смрт на нивниот татко.Тој станува дечко на вистинската Емили Торн,која го замени својот идентитет со Аманда Кларк.Тој го презема барот на неговиот татко откако тој ќе почине.Џек е еден од двајцата мажи за кој Емили имс чувства,другиот е Даниел.Исто така и Џек има чувства кон Емили.Во втората сезона Аманда го раѓа синот на Џек,на кого ќе му го дадат името Карл-според таткото на Џек. Николас Старгел ја толкува улогата на Џек Портер во детството.

Џош Боумен ја игра улогата на Даниел Грејсон,најстариот син на семејството Грејсон.Поранешно момче кое сака да се забавува сè додека не направи сообракајна несреќа во пијана состојба,што резултира со парализа на една млада девојка.Студент на универзитетот Харвард,а подоцна и бизнис партнер на Конрад.Тој длабоко се вљубува во Емили и по извесно време ја запросува.На нивната свршувачка тој е обвинет за убиството на Тајлор Берол,но подоцна е ослободен од обвинението.Неговата свршувачка со емили завршува на крајот на првата сезона кога дознава за бакнежот на Емили и Џек.Откако Конрад ќе му ја раскаже на Даниел вистинската приказна за Дејвид Кларк,тој одбира да го поддржи татко му и да ја преземе компанијата наместо да ја открие вистината.Во втората сезона Даниел е во врска со Ешли и полека се оддалечува од татко му.Тој успева во преземањето на компанијата “GRAYSON GLOBAL”,несвесен за постоењето на организацијата “Americon Initiative”и за нејзината опасност. Откако ќе ја најде Ешли во хотелска соба со еден од инвеститорите тој ја прекинува нивната врска,заплашувајќи го инвеститорот со уцена.Можно е тој повторно да се вљубува во Емили во исто време мразејќи го Ејдан за блискоста со неа.

Конор Паоло ја толкува улогата на Деклин Портер,помалиот брат на Џек Портер.За време на свршувачката забава тој и Шарлот,со која е во романтична врска,забележуваат човек со сина капа,за кој сметаат дека е вмешан во убиството.Деклин е шокиран кога открива дека тој човек е всушност неговиот брат.Кога обвинителството го повикува Деклин на судењето на Даниел,Шарлот се обидува да го заведе за да ја каже вистината,но тој одбира да го заштити Џек-открива дека Шарлот бил под дејство на седативи и алкохол ноќта кога Тајлор Барол е убиен,и кажува дека немало никаков човек,со што практично става крај на нивната врска.Откако станува пријателка со девојката по име Џејми,Шарлот ја обележува за одмазда,уште повеќе оддалечувајќи го поранешниот пар.Во втората сезона Деклин презема поголема одговорност во барот и повторно станува пријател со Шарлот.