Свети Јован Крстител (во народот позната и како Маркова Меана) е мала средновековна христијанска црква, на самиот јужен излез од градот Велес, во дворот на крзнарата и фабрика за обувки „Димко Митрев“. Изградена е на карпа веднаш над самиот десен брег на реката Вардар, на стотина метри јужно од вливот на реката Тополка во Вардар и на околу стотина метри северно од познатиот средновековен манастир Свети Димитриј Св.Јован Крстител, Маркова меана, најстара црква во Велес??. Не постојат податоци кога е црквата изградена и живописана, но според црковните запсиси се претпоставува дека таа мошне стара, ако не и најстарата црква во градот, од византиско време, изградена за потребите на населението од стариот средновековен Велес, кои живелo на Калето, чии остатоци од ѕидините се наоѓаат недалеку на блискиот рид. Сепак врз основа на градбата од кршен и делкан камен, и еднокорабниот изглед, може да се претпостави и заклучи дека црквата потекнува од средновековниот период односно од XIII или XIV век. Името Маркова меана се поврзува со народното верување дека тука доаѓал, јадел и пиел Крале Марко, што наведува на времето кога таа е изградена. До храмот бил изграден мост кој го спојувал населението од Калето со Пазарот. Црквата најмногу е оштетена при изградбата на пругата Солун - Велес кон крајот на 19 век. Во неа биле сместени мајстори, кои многу ја уништиле внатрешноста. Нејзината повшина е околу 16 м2 а висината 6 метри. Денес во неа не е зачуван фрескоживописот, а од стариот иконостас е зачуван само еден дел. Црквата е најпосетувана за време на патрониот празник Свети Јован Крстител (20.01) кога се раздава вечера од јагнешко месо и варен оризЗабележал Марио Шаревски, на 19.01.2013, како и на 11 септември, денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител.

Галерија

Наводи

Велес Категорија:Цркви во Велес