Храмот „Собор на сите македонски светители“ — црква во изградба која се наоѓа во населбата Нова Битола веднаш наспроти супермаркетот Веро на страната меѓу улиците Партизанска и Васко Карангелевски.

Црквата е во фаза на изградба од 1993 година. Според архитектонскиот план храмот треба да биде еден од најголемите во Македонија и Балканот со камбанарија од 80 метри, средна купола 55 метри, и други објекти како крстилница, библиотека, галерии, соби за симпозиуми и други потреби.

Поврзано Црква „Св. Богородица“, Црква „Св. Недела“ - основана и издигната на 13 октомври 1863 година, Црква „Св. Пантелејмон“; Црква „Собор на сите македонски светители“ - во изградба, најголема црква во Македонија и на Балканот; Црква „Св. Атанасиј“ - започната во 2007 година; Црква „Св. Архангел Гаврил“ - манастирска црква. Се наоѓа во населбата Довлеџик; Црква „Св. Димитриј“ - подигната 1830 година; Црква „Св. Јован Крстител“ - манастирска црква; Црква „Св. Петка“; Црква „Св. Наум Охридски“; Црква „Св. Троица“; Црква „Св. Петар и Павле“; Црква „Св. Ана“ - се наоѓа во населбата Бадембалари; Црква „Св. Никола“ - се наоѓа кај комплексот згради Грозд; Црква „Св. Александар Солунски“ - гробјанска црква. Се наоѓа на Св. Неделските гробишта; Црква „Св. Константин и Елена“; Црква „Св. Ѓорѓи“; Црква „Св. Никола“ - се наоѓа во населбата Боримечка;

Наводи

Категорија:Цркви во Битола