мини|Слика од реката Тамбопата во џунглата на Амазон во Перу Палестина е село во областа и покраината Пурус во регионот Укајали во Перу, основан во 1994.Carta Nacional del Perú de Palestina. Preperado por el Instituto Geográfico Nacional (IGN) y la Agencia Cartográfica de Defensa (DMA). 1994.
Историја и обичаи
Пред 1994 година, Палестина била неколку полиња каде што се чувале говеда и месното население одгледувало насади. Во 1994 година началникот на покраината Пурус дошол во областа и свикал состанок. Тој изјавил дека тука ќе основа село и дека ќе ги изгради домовите за луѓето што живеат во нивните ниви.Paucar, Personal interview with Denise Matos. May 26, 2010.
Покрај одгледување добиток, во Палестина се одгледува ориз, пченка и овошје: ананас, банана, кокосов орев, лимон, портокал, праска, маракуја и мандарина.
Локални празници
Покрај национални празници во селото се празнуваат локални годишници од основањето на местото и црквата, како и празници на жетва: садење лубеници, садење на кајва, жетва на лубеници и жетва на оризот.
Документарец
Палестина е прикажана во документарниот филм под наслов „Мрежа“ (анг. Web), снимен во соработка со Фондацијата Викимедија .http://ahumanright.org/web/. Основачот на Википедија Џими Велс се појавува во филмот, во кој е опишано влијанието на проектот „Еден лаптоп за секое дете“ (анг. One Laptop Per Child - OLPC) во Палестина, меѓу другото ги покажува децата во училиштето како ја пишуваат првата верзија на написот на Википедија за нивното село на шпански јазик.Палестина во Перу? напис од Хуан Арељано преведен на Глобал војсис на македонски Краток сегмент од овој документарец е достапен на Јутјуб.Children in Peru write their own history on Wikipedia видео-клип објавен на официјалниот канал на Викимедија на Јутјуб
Наводи
Категорија:Населени места во Перу Категорија:Населени места основани во 1994 година