Лангевизен () — поранешен град и општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Илм, на североисточниот раб од Тириншката Шума, околу 2 километри југоисточно од Илменау.

Лангевизен е едно од најстарите места во околината и во 1855 година, заедно со Герен и Гросбрајтенбах, добил градски права. Местото низ годините останало релативно мало, но од 1880 година со индустријализацијата се развило со бројни мануфактури и мали фабрики. Од политичките протести во 1990 година, Лангевизен доживеал процес на субурбанизација, поради близината на поголемиот град Илменау и Техничкиот универзитет, чиј кампус се наоѓа на границата. Од 1994 година селото Ереншток припаѓа на Лангевизен.

Од 6 јули 2018 година претставува дел од градот Илменау, каде бил припоен со административната реформа.

Географија

Лангевизен се наоѓа во долина на Илм на североисточниот раб од Тириншката Шума. Градот се протега во насока запад-исток во долина на височина од околу 450 метри.

Највисока точка во градското подрачје е 808 метри близу Драјхеренштајн. Покрај Илм, во градското подрачје се наоѓаат и реките Шорте, Шобзе и Ломе.

Голем дел од градското подрачје е шума.

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија