Дивље јагоде — босански хеви-метал и хард рок состав кој е основан во 1977 во Загреб.http://www.discogs.com/artist/Divlje+Jagode Тие се многу популарен бенд на територијата на поранешна Југославија и се сметаат за почетници на хеви метал стилот на овие простори. Во 1977 година во мај, Сеад Липовача заедно со Антон Јанковиќ, Нихад Јусуфходзич, Мустафа Исмаиловски и Адонис Докузовиќ кој го познавал уште од Нови акорди, го основаат Дивље јагоде. Со текот на годините објавиле неколку синглови и дванаесет студиски албуми, а во 2006 година издаваат „box set“ на кој се наоѓаат десет албуми и еден сингл.
Биографија на групата Зенит Сеад Липовача (роден во Бихаќ, 13 март, 1955 година) откако завршил средно училиште во Бихаќ, доаѓа да студира надворешна трговија во Загреб. Негови музички идоли му биле рок бендовите како The Whoa, Deep Purple, Led Zeppelin, Black Sabbath и други. И самиот тој сакал да има свој бенд, а првите музички почетоци го врзуваат со бендот „Нови акорди“ (од кој подоцна ќе стане Друг начин). Подоцна уште свири со бендовите „Бисери“ и „Селекција“, за во 1976 да ја создаде групата „Зенит“. Денешната постава на бендот ја сочинуваат музичарите Сеад Липовача (прва гитара), Анте Тони Јанковиќ (вокал), Нихад Јусуфхожич (бас гитара) и Адонис Докузовиќ (тапани). Во тоа време „Зенит“ свири по разни рок фестивали, а во почетокот на 1977 година ја донесуваат одлуката за промена на името.
Дивље јагоде thumb|left|250px|Дивље јагоде првиот албум го снимаат за дискографската куќа Југотон. Во мај 1977 година после долго размислување, ја донесуваат одлуката за промена на името во „Дивље јагоде“. Истата година есента го снимаат својот прв сингл, за водечката дискографска куќа тогаш во земјата Југотон, на којшто се наоѓаат две композиции, баладата „Једина моја“ (која остварила голем успех) и „Rock 'n' Roll“. Текстот за композицијата „Jedina moja“ ја пишува Анте Јанковиќ, а музиката Сеад Липовача. Вториот сингл го објавуваат на почетокот на 1978 година на кој се наоѓаат преработки на стара босанска песна „Moj dilbere“ и емотивната балада „Prijatelj“. Истата година излегува нивниот трет сингл на кој добиваат голема популарност кај публиката и голем број свои обожаватели. На синглот се наоѓаат композициите, „Patkica“ и „Kad bi vi, gospođo“. После излегувањето на синглот „Jagode“ одат на мини турнеја по Бихаќ и околината. На крајот на годината одат во студио како би го снимиле својот прв албум. Албумот на Дивље јагоде излегува во 1979 година, а го објавува дискографската куќа Југотон.http://www.discogs.com/release/1350550 Материјалот на албумот се состои од девет композиции, а помеѓу останатото тоа се веќе познати балади „Krivo je more“ и нова верзија на композицијата „Jedina moja“. Поголемиот број на другите композиции е на тема хард рок и на патеката на Deep Purple и Black Sabbath. Текстовите ги напишал Анте Јанковиќ, музиката Сеад Липовача, додека продукцијата ја правел Владимир Делач. Откако е издаден албумот бендот некое време паузирал, поради тоа што дел од бендот отишол на служење воен рок. Во тоа време ги напушта Мустафа Исмаиловски и подоцна го основа поп бендот „Srebrna krila“ а Сеад Липовача остварува соработка со Марин Туцаковиќ, кој му пишува песни за сингловите „Hoćeš li me voljet sutra“ и „Nemam ništa protiv bit će bolje“.
1980 Во почетокот на 1980 година „Дивље јагоде“ се повторно активни, а на концертите пред нив настапува групата „БАГ“ од Бихаќ. Сеад Липовача го забележува нивниот басист Ален Исламовиќ и го вика да им се придружи на „Дивље јагоде“. Меѓутоа настануваат проблеми кога Липовач му ги кажува плановите за заминување на целиот бенд во Сараево, сепак Исламовиќ успеал да ги реши проблемите со родителите и заминува да ја создава својата музичка кариера со „Дивље јагоде“. Откако го објавиле својот прв албум „Дивље јагоде“, доаѓа до недоразбирања од страна на издавачот Југотон и незадоволен со промоција на албумот, Липовача се сели во Сараево каде што ќе потпише договор со дискографската куќа Дискотонhttp://www.crorec.hr/crorec.hr/izvodjac.php?OBJECT_ID=101038&x=13&y=10. Во почетокот на 1981 година, „Дивље јагоде“ се во постава Сеад Липовача (гитара), Анте Јанковиќ (вокал), Ален Исламовиќ (бас гитара) и Наско Будимлич (тапани). thumb|rigjt|250px|Iron Maiden 1986 година, гости на Iron Maiden му биле бендовите Биело Дугме и „Дивље јагоде“. Во почетокот на 1981 година заминуваат во Белград и во студиото „Друга мача“ го снимаат својот втор албум „Стаклен хотел“, на кој во потполност се наоѓа хеви метал звук. Албумот ја најавува композицијата „Аутостоп“, која била многу популарна (како заради музиката така и заради текстот) и во тоа време се пуштала на сите телевизиски канали. Албумот излегува во средината на 1981 годинаhttp://www.discogs.com/release/1377225, а го објавува дискографската куќа Дискотон од Сараево. Продуценти на материјалот биле Липовача и Едно Лешич, додека текстовите биле напишани од страна на Горан Петрановиќ (вокал во бендот „Elvis J. Kurtovic“), Марина Туцаковиќ и Ален Исламовиќ. Воведната тема на албумот била композицијата „Аутостоп“, која ја напишал Петрановиќ, а песната „Како си топла и мила“ станала најголем хит на тој албум. Баладите „Dodirni me, skloni bol“ и „Potraži put“ исто така постигнале голем успех. Како што се воделе по хеви метал стилот, Липовиќ на концертите го презел на однесувањето Ангус Јанг од AC/DC, па се појавувал во кратки панталони и изведувал разни скокови и трчања по сцнета. Во текот на 1981 година „Дивље јагоде“ настапувале на бројни концертим, а некои од нив биле концерт за жртвите во Босанска Краина, рок фестивали и Бихаќ (БРОФ) и во септември на белградскиот хиподром, заедно со Бијело дугме којшто им биле гости на Iron Maiden кои тогаш за првпат доаѓале на просторот на поранешна Југославија. Откако ги завршиле турнеите и неколкуте концерти во 1982 почнуваат со работа на материјал за нов албум, меѓутоа бендот го напушта дотогашниот прв вокал Анте Јанковиќ и се посветува на својата соло кариера. Пред да замине, Јанковиќ ја напишал композицијата „Ne želiš kraj“, која подоцна ќе стане една од најголемите нивни балади. Критичарите различно ја толкуваа оваа композиција, некои ја опишувале како љубовна балада, додека други зборувале дека најавува разделба помеѓу два пријатели (Липовача и Јанковиќ). По заминувањето на Јанковиќ, улогата на прв вокал ја презема дотогашниот басист Ален Исламовиќ. Тројката Липовача, Исламовиќ и Нашко Будимлич заедно со продуцентот Тео Вердин, одат во Германија во градот Бад Хомбург каде во студиото „Music Park Studios“ го спремаат и снимаат следниот нивни албум. Албумот Моториhttp://www.discogs.com/release/1141150, го објавува дискографската куќа Дискотон во 1983 година, и е права пресвртница на нивната музичка кариера. Со насловната композиција која станала голем хит и се слуша ден денес, тука се уште и љубовната балада „Šejla“ (која Исмаловиќ ја напишал на својата бивша девојка), „Ne želiš kraj“, Nasmiješi se“, „Zagrizi rock and roll“ и други композиции кои одлично поминуваат кај публиката и „Дивље јагоде“ донесуваат голем број обожаватели. Почетната продажба на албумот била 50.000, но меѓутоа многу брзо стигнува до бројката 400.000 продадени примероци и ја добива етикетата „Најдобар албум на годината“. Во тоа време „Јагоде“ гласат како најдобар бенд на тие простори. На турнејата им се придружил и Јанковиќ. Добиваат бројни награди и се појавуваат во популарни музички магазини како „Џубокс“. Откако ја завршиле големата турнеја, одат во студио и го спремаат материјалот за нов албум. Повторно одат во Германија каде во истото студио „Musik Park Studios“ го снимаат и следниот албумhttp://www.discogs.com/release/926653. Вториот албум ноември 1983 година го објавува дискографската куќа Дискотон, а продукцијата и аранжманите ги прави Сеад Липовача. Текстовите за повеќето композиции ги напишал Ален Исламовиќ, додека композициите „Nazovi me“, „Đavolji grad“ i „Metalni radnici“ ги напишал Липовача. „Čarobnjaci“ не ја забележал популарноста на претходниот албум, а едниствена композиција која долго време го задржувала успехот била „Metalni radnici“. Откако е издаден албумот подоцна ќе добие повик од менаџерот на компанијата „Trans Atlantic Records“ да дојдат во Лондон на пробно снимањеhttp://www.dzuboks.de/page.php?84.. Во почетокот на 1984 година заминуваат на турнеја, а на средината на турнејата Исламовиќ добива понуда од Горан Бреговиќ за да премине во Биело дугме. Тогаш настануваат проблеми помеѓу членовите на „Дивље јагоде“ но ги смирува Исламовиќ со тоа што ја одбива понудата и останува во бендот. Тој не бил сигурен во понудата на Бреговиќ исто колку и заминувањето на Бебеков, а „Дивље јагоде“ добиле преддоговор за снимање на албум на англиски јазик во Лондон. На крајот на годината во бендот доаѓа нов басист, Златан Чехиќ (поранешен член на бендот „Топ“), а првиот вокал го презема Ален Исламовиќ и во ноември почнуваат со работа за новиот албум.
Средината на 1980 Материјалот го миксаат во студиото РТВ во Сараево, во текот на месеците ноември и декември, 1985 година по третпат патуваат во Германија и снимаат албум во студиото „Music Park Studios“ во текот на месец февруари. Албумот „Vatra (оган)“ излегува во март истата година, а го објавува дискографската куќа Дискотонhttp://www.discogs.com/release/1377232.. Музиката и аранжманот го пишува Сеад Липовача, додека текстовите ги пишува Ален Исламовиќ и Слободан Џурашовиќ. На Б-страната се наоѓа композицијата „Touch Me Little Girl“, која е отпеана на англиски јазик, а специјално за овој албум ја напишал Тео Вердин. Албумот солидно проаѓа кај публиката но не бележи некој поголем комерцијален успех. Двете хит композиции, „Ciganka“ и „Let na drugi svijet“ подоцна редовно се изведуваат во текот на турнеите и концеритет. Откако ги завршиле турнеите и промоцијата на албумот „Ватра“, на крајот на годината заминуваат во Лондон на пробно снимање албум. По враќането од Лондон свираат на неколку поглеми концерти како онај во домот „OTV“ во Загреб. На концертот бил и Ксавиер Расел, новинар на хеви метал магазинот „Kerrang!“ (син на филмскиот режисерот Кен Расел), а за концерот напишал „Дивље јагоде музички сè уште се во седумдесеттите години. Влијанието на бендовите Y&T, Black Sabbath и Saxon се очигледни. Нивните стари балади наидоа на најповолна реакција, што сведочи дека публиката сака да пее со својот бенд...“. После одржаниот концерт во домот „OTV“, Липовача и останатите членови го оствариле својот долгогодишен сон и потпишуваат договор со Геф Ханингтон, кој е сопственик на дискографската компанија Лого Рекордсhttp://www.bazaar.com.hr/index.php?module=item&id=3498. Ханингтон бил многу јака и позната личност, кој меѓуостанатото го „лансирал“ популарниот бенд „Eurythmics“ и до тогаш никој на тие простори немал таков договор. Во почетокот на 1986 година заминуваат во Лондон како би го започнале снимањето на новиот албум на англиски јазик. Во студиото ја снимаат својата осма стара компзоција и две нови „Wild Boys“ и „Fire on the water“. Продуцентот на материјалот бил Кеит Вулвин, текстовите ги напишал Александар Межек, додека како гостин на клавијатура бил Дон Аиреј. На англискиот пазар го издаваат синглот „Shayla“ и на 19 февруари настапуваат во клубот „Marquee“, и после тоа започнува серијата концерти по англиските клубови. Излегувањето на албумто задоцнило, а Исламовиќ, незадоволен од заработката од турнеите и проблемите околу излегувањето на албумот, си оди од Лондон и се враќа во Сараево.