Шмидефелд на Ренштајг () — село и поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од безокружниот град Зул.
Географија
На север од Шмидефелд се наоѓа Гросер Финстерберг со височина од 944,1 метар, што е највисока точка во рамки на општината.
Ренштајг кај Шмидефелд обележува вододелница на сливовите на Елба и Везер. Изворите северно од Ренштајг го образуваат изворишното подрачје на Илм, додека на јужната страна се изворите на притоките на Вера, како Фесер и Нае.
Галерија
Надворешни врски
Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија Категорија:Саксонија (пруска покраина)