Долна Саксонија (; ; ) — сојузна покраина сместена во северозападниот дел на Германија и втор по површина, со 47.624 км2 и четврта по население (8 милиони) помеѓу шеснаесетте покраини во Германија. Во руралните делови, сè уште се говорат севернодолносаксонски, дијалект на долногерманскиот и затерландски фризиски, вид на фризискиот, но бројот на говорници опаѓа.

Долна Саксонија се граничи со (од север надесно) Северното Море, сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн, Хамбург, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија, Хесен и Северна Рајна-Вестфалија и Холандија. Понатаму, покраината Бремен создава две енклави во рамките на Долна Саксонија, едната е градот Бремен, а другата пристанишниот град Бремерхафен. Всушност, Долна Саксонија се граничи со повеќе соседи отколку било која друга сојузна покраина. Поголеми градови покрај главниот покраински град Хановер, се следниве: Брауншвајг, Линебург, Оснабрик, Олденбург, Хилдесхајм, Волфенбител, Волфсбург и Гетинген.

Северозападниот дел на Долна Саксонија, кој се наоѓа на брегот на Северното Море, е наречен Источна Фризија и седумте Источнофризиски Острови до брегот се омилени од туристите. На крајниот запад на Долна Саксонија е Емсланд, традиционална сиромашна и малку населена област, каде некогаш преовладувале непристапните мочуришта. Северната половина на Долна Саксонија, исто така позната како Северногерманска Низина, е скоро целосно рамна освен малите ридови околу Бремен. Кон југ и југозапад се наоѓаат северните делови на средногерманските ридски краишта: Везерското Средногорје и планините Харц. Помеѓу овие две се наоѓаат Долносаксонските ридови, масив на ниски ридови. Така, Долна Саксонија е единствената сојузна покраина која поседува морска и планинска област.

Поголемите градови и економски средишта на Долна Саксонија главно се наоѓаат во нејзините средишни и јужни делови, освен Олденбург кој се наоѓа близу северозападниот брег. Областа на североисток, близу Линебург, е наречена Линебуршка степа, најголема таква област во Германија и во средновековниот период богата поради рудниците за сол и трговијата со сол, како и поради помалиот степен на искористување на мочуриштата до околу 1960-тите години. На север, реката Елба ја дели Долна Саксонија од Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург. Бреговите јужно од Елба се познати како Алтес Ланд („Стара земја“). Поради нејзината умерена локална клима и плодна почва е најголема област за овоштарство во покраината, главно на јаболка.

Поголем дел од територијата на покраината била дел од историското Кралство Хановер; покраината Долна Саксонија го прифатила грбот и другите симболи на поранешното кралство. Била создадена со спојување на Државата Хановер со неколку помали држави во 1946 година.

Географија Местоположба

Долна Саксонија има природна граница на север со Северното Море и долниот и средниот тек на реката Елба, иако делови на градот Хамбург лежат јужно од Елба. Градот-држава Бремен е енклава целосно опкружена од Долна Саксонија. Метрополитенската област Бремен/Олденбург е заедничка тело за областа на енклавата. На југоисток, покраинската граница поминува низ Харц, ниски планини, дел од германските средногорја. Североистокот и западот на покраината — кој создава околу три четвртини од нејзината површина — припаѓаат на Северногерманската Низина, додека на југ се Долносаксонските ридови, вклучувајќи ги Везерското Средногорје, Лајнското Средногорје, Шаумбуршки крај, Брауншвајшки крај, Унтерајхсфелд, Елм и Лапвалд. На североисток во Долна Саксонија се наоѓа Линебуршкото поле (или степа). Степата е преовладувана од сиромашна песочна почва, додека во источниот и југоисточниот дел се наоѓаат попродуктивни почви со висока природна плодност. Со вакви услови — со глина и песок — земјата е добро развиена во земјоделството. На запад се наоѓаат Грофовијата Бентхајм, Оснабрички крај, Емсланд, Олденбург Ланд, Амерланд, Олденбуршки Минстерски крај и на брегот Источна Фризија.

Во покраината се наоѓаат неколку големи реки кои течат на север: Емс, Везер, Алер и Елба.

Највисока планина во Долна Саксонија е Вурмберг (971 м) во Харц. Поголем дел од планините и ридовите се наоѓаат во југоисточниот дел на покраината. Најниска точка во покраина, на околу 2,5 метри под морето, е депресијата близу Фрепзум во Источна Фризија.

Покраинското стопанство, население и инфраструктура се наоѓаат околу градовите Хановер, Штатхаген, Целе, Брауншвајг, Волфсбург, Хилдесхајм и Залцгитер. Заедно со Гетинген во јужна Долна Саксонија го создаваат јадрото на метрополитенската област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург.

Региони Општо

Долна Саксонија нема јасно регионални поделби ниту географски, како и историски и културно. Во регионите кои биле некогаш самостојни, особено сржта на поранешните држави Брауншвајг, Хановер, Олденбург и Шаумбург-Липе, постои засилена регионална свесност. Спротивно, областите околу ханзеатските градови Бремен и Хамбург се повеќе свртени кон овие средишта.

Список на региони

Понекогаш постојат прекини и преодни области помеѓу различни региони на Долна Саксонија. Некои од областите подолу се дел од други, поголеми региони, кои исто така се вклучени во списокот.

Ајхсфелд Алтес Ланд Амерланд Грофовија Бентхајм Брауншвајшки крај Везерско Средногорје Лајнско Средногорје

Депресија Виме Елба-Везер Емсланд Золинг Источна Фризија Јужна Долна Саксонија Каленбершки крај

Кединген Вурстенски крај Хаделнски крај Линебуршко Поле Вендланд Среден Везер Олденбуршки крај

Олденбуршки Минстерски крај Оснабрички крај Остфалија Харц Хилдесхајм Берде Химлинг Шаумбуршки крај

Нешто помалку од 20% од површината на Долна Саксонија е прогласена за природни паркови, н.п.: Димер, Елпско Средногорје, Вендланд, Елм-Лапвалд, Харц, Линебуршко поле, Минден, Золинг-Фоглер, Штајнхудско езеро, Зидхајде, Везерско Средногорје, Вилдесхаузен Гест.Природни паркови во Долна Саксонија, 5 октомври 2010

Клима

Долна Саксонија климатолошки потпаѓа во северната умерена зона на средна Европа, која е под влијание на западните ветрови и е сместена во преодна зона помеѓу океанската клима на Западна Европа и континенталната клима на Источна Европа. Оваа транзиција е јасно видлива во рамките на покраината: додека северозападот има атлантска (крајбрежјето на Северното Море) до субатлантска клима со релативно ниски варијации во температурата во текот на годината, климата кон југоистокот е значително под влијание на континентот. Ова е јасно видливо од поголемите температурни разлики помеѓу летото и зимата во годината. Овој потконтинентален ефект е поостро изразен во Вендланд, во Везерското Средногорје (Хамелин до Гетинген) и во областа на Хелмштет. Највисоките нивоа на врнежи се забележани во Харц бидејќи долносаксонскиот дел е свртен кон ветрот спроти кон паѓа дождот. Просечната годишна температура е 8 °C (7,5 °C во Алтес Ланд и 8,5 °C во округот Клопенбург).

Соседни покраини

Сојузни покраини кои се граничат со Долна Саксонија се Бремен, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија, Хесен и Северна Рајна-Вестфалија. Ниедна друга германска покраина нема толку соседи.

Долна Саксонија исто така се граничи со холандските покраини Оверајсел, Дренте и Гронинген, како и делот од брегот на Северното Море.

Административна поделба

мини|Хановер мини|Брауншвајг мини|Линебург мини|Гетинген мини|Олденбург

Долна Саксонија е поделена на 37 окрузи (Landkreise):

600п|Карта на Долна Саксонија со границите на окрузите

Покрај нив, постојат и десет урбани окрузи:

Брауншвајг Вилхелмсхафен Волфсбург Гетинген¹ Делменхорст Емден Залцгитер Олденбург Оснабрик Хановер²

¹ по „Гетинскиот закон“ од 1 јануари 1964 година, градот Гетинген е дел од округот Гетинген, но сепак правилата за слободен град сè уште важат, бидејќи не постојат други правила. ² по „Законот за областа Хановер“, Хановер од 1 ноември 2001 година се вбројува како урбан округ бидејќи не се применуваат други правила.

Историја Регионална историја до основањето

мини|Војводството Саксонија околу 1000 година мини|Царските кругови на почетокот на век. Во црвено: Долносаксонскиот круг, во светлокафено: Долнорајнсковестфалскиот круг мини|Кралство Хановер (1815–1866), Војводство Брауншвајг, Големо Војводство Олденбург и Кнежевството Шаумбург-Липе во век

Името на Саксонија потекнува од германското племе Саси. Пред крајот на средниот век постоело едно единствено Војводство Саксонија. Терминот „Долна Саксонија“ бил користен по распаѓањето на војводството кон крајот на век за да ги означи деловите на поранешното војводство под владение на Велфската династија од Изборното кнежевство Саксонија од една страна и од Војводството Вестфалија од друга страна.

До Виенскиот конгрес

Името и грбот на денешната покраина потекнуваат од германското племе Саси. Во текот на Големата преселба на народите, некои од Сасите ја напуштиле татковината во Холштајн околу век и се придвижиле јужно преку Елба, каде се прошириле на слабо населените области во остатокот од низините, денешна Северна Германија и североисточниот дел на денешна Холандија. Од околу век, Сасите ја населиле областа која приближно одговора на денешната покраина Долна Саксонија, на Вестфалија и бројни области на исток, како што е, западниот и северниот дел на Саксонија-Анхалт. Земјата на Сасите била поделена на околу 60 единици. Фризите не се преселиле во оваа област; со векови ја задржале нивната самостојност во најсеверозападниот дел на денешната долносаксонска територија. Првичен јазик во областа на Стара Саксонија бил западнодолносаксонскиот, еден од варијантите на долногерманската дијалектна група.

Поставувањето на постојани граници помеѓу она што подоцна станало Долна Саксонија и Вестфалија започнало во век. Во 1260 година, во договор помеѓу Келнската архиепископија и Војводството Брауншвајг-Линебург, земјите поседувани од двете територии биле одвоени една од друга. Границата се движела долж Везер до северно од Нинбург. Северниот дел на Везер-Емс припаднал под власт на Брауншвајг-Линебург.

Зборот „Долна Саксонија“ (Niedersachsen) првпат бил користен пред 1300 година во холандската хроника (Reimchronik). Од век, се однесувало на Војводството Саксо-Лауенбург (како спротивност на Саксо-Витенберг). При создавањето на царските кругови во 1500 година, Долносаксонскиот круг бил одвоен од Долнорајнсковестфалскиот круг. Тој ги вклучувал териториите кои денес припаѓаат на покраината Долна Саксонија: Оснабричка епископија, the Минстерска епископија, Грофовија Бентхајм, Грофовија Хоја, Кнежевство Источна Фризија, Кнежевство Ферден, Грофовија Дипхолц, Грофовија Олденбург, Грофовија Шаумбург и Грофовија Шпигелберг.

Блиските историски врски помеѓу земјите во Долносаксонскиот круг постојат и денес во Долна Саксонија, особено од династичка гледна точка. Мнозинството на историските територии чии земја сега се наоѓаат во Долна Саксонија биле поткнежевства на средновевното Војводство Брауншвајг-Линебург, водено од Велфската династија. Сите велфски принцови се нарекувале себеси војводи на Брауншвајг-Линебург и покрај тоа што деловите на војводството биле засекогаш поделени, а различни велфски гранки биле изумрени.

До крајот на Втората светска војна

Со тек на време, две големи кнежевства преживеале источно од Везер: Кралство Хановер и Војводство Брауншвајг (по 1866 година, Хановер станал пруска покраина; по 1919 година, Брауншвајг станал слободна држава). Историски, блиски врски постојат помеѓу кралската куќа на Хановер (Изборно кнежевство Брауншвајг-Линебург) со Обединетото Кралство како последица на нивниот личен сојуз во век.