мини|Никола Киров Мајски, авторот на Крушевскиот манифест Крушевски манифест — манифест што го објавила востаничката власт во Крушево за време на Илинденското востание. Напишан е на 6 август, а негов автор е Никола Киров Мајски, иако одредени историски извори како автор го наведуваат Никола Карев. Напишан е на македонски јазик (крушевски дијалект), а потоа, преведен на турски јазик, е испратен во 17 примероци до околните села со чисто или мешано муслиманско население.
Во него околното муслиманско население братски се повикува да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија. Манифестот наидува на добар прием од страна на муслиманското население, а кметот на селото Алданци возвратил со порака во која изразува разбирање за мотивите на востаниците.
Текстот на Манифестот првпат е објавен во драмата „Илинден“ на Никола Киров Мајски во 1923 година.Никола Киров-Майски, "Илинден - Драма в пет действия; Картини из великото македонско възстание през 1903 год.", София, 1923, 36-38 стр.
Содржината на Крушевскиот манифест Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите - Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.
Најнапред, Манифестот ги објаснува мотивите на востаниците:
Потоа, ги смирува муслиманите дека востанието не е насочено против обичниот народ, туку против државата и нејзините експоненти:
Потоа, Манифестот ги повикува да им се придружат на востаниците поради заедничка борба против социјалниот терор на Отоманското Царство.
Со ова, Манифестот ги презентира социјалните цели на востанието - воспоставување на поправедно општество. Покрај тоа, манифестот ги смирува муслиманите (Турци, Арнаути и други) дека и доколку не се приклучат кон востанието, нема да бидат мета на востаниците и ги повикува барем да не се придружуваат на спротивната страна, ако веќе не се приклучуваат кон востаниците:
Конечно, Манифестот има и силно изразена патриотска линија, претставувајќи ја Македонија како „заедничка наша мајка“. Така, се зборува за „нашата мила и богата земја Македонија“, „бајракот на Афтономна Македонија“, „чесни и добри македонски синој“, а завршува со зборовите:
Наводи
Надворешни врски
Интервjу со Проф. д-р Новица Велјановски , Македонско Сонце „Крушевски манифест 1948“
Категорија:Илинденско востание Категорија:Крушевска Република Категорија:Манифести